Што ви е важно да има вашиот иден сопруг

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување
Се знае жена каков маж сака, да е маж во секоја смисла од зборот.
Бај д веј јас си го најдов, со среќа на другите моми. :)
 
Луѓе абе ако бракот го сведувате само на секс, тогаш нема ни потреба да се жените/мажите. Ќе си имате неколку секс партнерки и завршена работа. Плус имате предност во текот на времето да ја смените сегашната секс партнерка со некоја помлада, што не е можно, или барем е неморално додека сте во брак.

мене сексот ми е битен. јас не можам да имам секс со кој било.
 
абе не да ме слуша као " ја господар - ти слуга " онака, да знае да слуша :) кога нешто му зборуваш да не те глеа као теле у шарена врата :)

Ако "му влага" во глава нешто од тоа шо ќе слушне е ок, ако не - џабе шо ќе слуша; ти ќе си збориш, он ќе те слуша, па па ти ќе си збориш, па он па ќе слуша... и се ќе си биде исто. :)
 
И све што прочитав па нема некое објаснуење што сакате :D
 
Да пија пиво, да гледа фудбал, да игра спортска и да следи вести муахахах
 
мене сексот ми е битен. јас не можам да имам секс со кој било.

Па, јасно е тоа дека сексот е и те како битен, и дека не можеш да го имаш со секого, ама исто така не е можно да ти оди само со еден човек. Мислам дека тоа е апсурд. Јас едноставно не се сложувам со тоа што бракот го изедначувате само со сексот. За брак се потребни многу работи, отколку само секс, па дури тој и да зазема доминантно место во тие работи.
 
И све што прочитав па нема некое објаснуење што сакате :D

па и тоа е задача што нема решение :)
жените не знаат што сакаат. обично сакаат да е мачо, ама да не гледа по други,
да е малку бараба, ама да не ја тепа неа,
да пие, ама да е баждарен,
да ја почитува, ама да не е папучар,
да е убав, паметен, да има зелени очи, да има пари и куќа,
да вози жестоко, ама да се чувствува сигурна покрај него,
да не оди на пијанки со другарите етц...
--- надополнето: Jul 21, 2011 12:16 PM ---
Па, јасно е тоа дека сексот е и те како битен, и дека не можеш да го имаш со секого, ама исто така не е можно да ти оди само со еден човек. Мислам дека тоа е апсурд. Јас едноставно не се сложувам со тоа што бракот го изедначувате само со сексот. За брак се потребни многу работи, отколку само секс, па дури тој и да зазема доминантно место во тие работи.

не го сведов бракот на секс, оти и сексот за мене не е тури вади.
мене ми оди со еден човек и тоа се подобро и подобро.
сексот никогаш не ми бил битен, додека не го сретнав него.
 
sega za sega ne razmisluvam, na tema soprug no od proslo iskustvo so deckovci ..da ne bide patoloshki lazgo i sizofrenik ....:tapp:....Dzentlemenishteeeeeeeeeee nevideno da bide i sekoj den da pravi da se zaljubuvam poveke vo nego.... nishto poveke od toa ne sakam .... ahhh
 
не го сведов бракот на секс, оти и сексот за мене не е тури вади.
мене ми оди со еден човек и тоа се подобро и подобро.
сексот никогаш не ми бил битен, додека не го сретнав него.

Значи дека има нешто што е врзува за таа личност, а тоа не е само секс. Тоа е веќе основа за брак.
 
brakot ne e samo zaednica od dvajca tuka gi zaboravivte i decata znaci vejke tuka odgovornosta e golema ne e samo na dvacata
 
бракот е општествена категорија.
јас зборувам да се има партнер којшто ќе те сака каков што си,
да бидеш каков што си, а не да глумиш и да го посветиш животот на децата.
на децата им требаш до 15 години, после тоа тие тргнуваат да го живеат она што е нивно.
за мене не е брак кога жената го смета мажот за друга страна, непријателска страна, па го врти, па камчи пари од него, па битно и е да е дома, нема веза што спие.

за мене тоа е трошење и енергија и време.
љубовта е битна. да те сака и кога се смееш и кога плачеш, да имаш и пријател и другар и љубовник во едно.
 
Сето она што јас сакам да му го дадам него: љубов, почит, верност, разбирање, доверба, слобода. Ова е основата на која што се друго дополнително се гради и трае засекогаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom