1. Христијанството не негира дека потекнува од јудеизмот. У ствари Христијанството е продолжение на јудеизмот парт 2, Новиот Завет.
Знаеш што е разликата? Токму тоа што го пишав продолжение и копија. Имаш еден филм кај што некој друг го земал истиот и му дал нов наслов и некои ситни измени, и имаш продолжение на втор филм.
Па и сатанизмот не негира дека има елементи кој се превземени од други религии! Ако сатанизмот го обвинуваш поради тоа, значи дека и христијанството го обвинуваш за истото.
2.-3. Ти уствари забораваш дека сатаната е симбол на зло, убиство, силување, предавство... Низ сите наоди било така до ден денешен. Пак истото ќе прашам зошто баш сатаната (која ги има горните карактеристики) е земен како симбол во идеологијата на Ла Веј. Не верувам дека бил до толку неинформиран дека сатана=зло.
Не туку ти намерно или случајно забораваш дека сатаната е симбол на зло во твојата глава и во лицемерните религии како христијанството! Во сатанизмот таа е симбол на сосема поинакви вредности!
Апсолутна и бедна лага е тврдењето дека идеологијата на Лавеј промовира силување, предавство, зло и убиства! Кога би било така, објасни ми на кој начин би било легално сето тоа? Сатанизмот на Лавеј е легална организација во сите демократски земји! Како може тоа да е случај ако одобрува и промовира силување, убиства и предавства?
Па има логика затоа што како што кажав, они не веруваат во Христијанството и не се религиозни, меѓутоа сметаат дека учењата на Христос, се за нив добри норми и стандарди за функционирање.
И сатанистичкиот атеизам би имал логика ако ми кажеш ти ние сме атеисти, но веруваме во исправноста на убиство, силување, ритуали со распнување на голи девици на крст наопаку, односно ние мислиме дека доколку некој сака тоа да го прави, треба да го прави. Значи сатанистите (оние на Ла Веј) го зимаат сатаната за симбол, којшто преставува зло. А нели не треба некому да му правиш зло (освен ако не заслужува). Зошто ондак си земал симбол на зло, од толку многу опции? Ете го парадоксот.
Парадоксот е во твојата тврдоглавост или глупост...сеедно! Претпоставувам дека си христијанин, затоа ќе те прашам дали си свесен за заповедта во твојата света книга која вели не лажи и не сведочи лажно?! Ако си свесен, тогаш штотуку ги прекрши тие заповеди! НИКАДЕ, ама НИКАДЕ во оваа идеологија не се тврди дека е исправно да се силува, убива, распнуваат девици или слични глупости!
Сатаната во оваа идеологија е симбол на непокорот, индивидуалноста, материјалноста, моќта, гордоста....! А не на злото!
4. Организацијата им се вика црква на сатаната. Да се објасниме една работа, црква е верска односно религиска институција. Има милион организации низ светот (некои се и атеистички) имаат штабови, канцеларии, преставништва, (како што има и црквата на сатаната) меѓутоа само верските организации имаат црква. Затоа што кога се кажува црква се мисли или на верски објект (градба) или на верска институција (Македонската православна црква). Како и да е, и во двата случаеви, збориме за нешто религиско. Црквата на сатаната во Америка е регистрирана како религија. Значи атеистичка организација која што го има избрано симболот на сатаната во своите принципи дефинираат работи што се косат со тоа што е сатанско (или барем така викаат), а од друга страна се против религии бидејќи го уназадуваат општеството а самите тие се црква (религија). Ајде сега ти најди ми НЗС.
А дали и оваа црква според тебе е религиска институција, затоа што во својот назив има "црква"? -
http://www.cannabischurches.net/index.php?option=com_frontpage&Itemid=1
Што се однесува до тоа дека се религија, а се против религиите, и за тоа објаснив - дека се против религиите кој го промовираат самоодрекувањето, и безусловната потчинетост!
5. Разумен атеист не би го крстил својот син Бел Чорап или не би го крстил Атеист. У стилом здраво запознај се со син ми го крстив Атеист (затоа што јас сум атеист). Будалава (Ла Веј) неговиот роден син си го крстил Сатан. Значи чим си го крстил синот така иосвен ако не бил скроз отиден во мозокот, работата укажува на тоа дека фанатизмот на Ла Веј со сатаната (како симбол) било огромно. И тука одма ти паѓа во вода дека тука станува збор за некакви си сарказми и пародии. Ако е стварно така и ако таа твоја пародија и симболика ја мајтапиш со син ти или си го мразиш детето, или си многу луд у мозокот. Значи или си го мразел детето, или е скроз луд, или сатаната за него е нешто многу битно и значајно. Ако е третово, пишав што означува сатаната погоре.
Тоа што за тебе е разумно, незначи дека и за сите е разумно! И мене ми е глупо некој да си го крсти детето Фиат, ама очигледно некому не му било, па денес имаме јавна личност која се вика Фиат Цановски. Или да си го крстиш детето Лав, како Љубчо Георгиевски, можеби тебе и тоа ти е глупо, ама нему не му било! Се додека критериум за разумност и логичност ни се нашите сопствени убедувања, и се додека луѓето размислуваат како тебе, никогаш нема да се помрднеме од оваа малограѓанштина и затупеност.
6. А за вас ок се-таткоубиство, сквернавење на семејство и луѓе, кражби, силување? А сатаната (кога веќе зимаш работи од библиски и историски списи) уствари не бил самобендисан, нарцисоиден, себичен садист кога како Господова десна рака сакал да преку леб и погача, односно неблагодарно да ја зграби целата власт за себе, затоа што мислел дека е многу поспособен. Нарцисоидноста е уствари на врвот на карактерните особини на сатаната.
Повторно лажни набедувања и лаги! Сатаната во сатанизмот не е ѓаволот од библијата! Таа е обвинувач на организираните религии кој промовираат потчинетост и пасивност, и се средство за манипулација на широките маси! Нудејќи лажна надеж и користејќи заплашување и лажни надежи.
Сатаната е олицетворение на основните човечки нагони, потреби и карактеристики, нзагадени од религиозните догми и манипулации!
7. Го знам ова за Кроули, и прашањето ми е следно:
Каков кредибилитет има еден човек кој
-Бил наркоман
-Педофил
-Се оженил со ментално ретардирана жена
-Правел магии, повикувал духови и си фрлале клетви еден на друг со бившите си другари кога се карале.
-Тврдел дека слушал гласови, се упознавал со египетски богови, кои му кажувале што и како треба да прави.
Сакам одговор не како сатанист и пристрасно него објективно и логично, реално и како атеист кој се раководи по здравиот разум и логика.
За Кроули ќе ги прашаш телемитите на форумов, има посебни теми за тоа! Јас лично не сум слушнал дека бил педофил! Што се однесува до користењето дроги, Хептаграм ти посочи материјали и книги од кој можеш да дознаеш зошто и како живеел на тој начин, но очигледно дека тебе не ти е битна вистината, туку клеветењето!
8. Па никој не ти брани да трчаш на кеј, ама они за ритуал не одбрале трчање на кеј, него одбрале соби со свеќи, сите во црно, нацртан пентаграм, гола жена на олтар врз која подоцна најверојатно ќе се прават оргии, ла веј облечен како ѓавол вика хејл сејтан. Зошто баш тие им се ритуалите? Немој да ми кажеш цинизам, затоа што за тоа прашање се изјаснив горе.
Затоа што така сакале! Кој си ти да кажуваш некому што и како? Зошто да не им бидат такви ритуалите? Зошто да неправат оргии ако тоа им причинува задоволство? Твојот концепт за моралност, е твој, што незначи дека е единствено исправниот!
Значи ти викаш дека си сатанист, и дека кај сатанистите цениш тоа што не тврдат дека се вистинската РЕЛИГИЈА, и дека мора да бидеш полнолетен за да бидеш дел од таа РЕЛИГИЈА а од друга страна ги сметаш РЕЛИГИИТЕ за зло, за напаст која го руши и назадува човештвото?
Па синко, дали си свесен што кажа?
Јас убаво објаснив кој религии ги сметам за зло! Религиите кој палеле живи луѓе, кој цензурирале, забранувале, мачеле, уништувале се што не им било по ќејф! Не се прави со сила мутав!