Сатанизмот преставува благонаклонетост на оние кој ја заслужуваат наместо љубов потрошена на незаслужните! Не може да ги сакаш сите, бесмислено е да мислиш дека можеш. Доколку ги сакаш сите и се, ја губиш својата природна способност за селекција и постануваш беден во отценувањето на карактери и квалитети. Ако нешто се користи премногу слободно, тоа ќе го изгуби своето природно значење.
Заради тоа, Сатанистот верува дека треба да се љубат силно и одано само оние кој ја заслужуваат таквата љубов, и никогаш да не се свртува другиот образ на непријателот!
Љубовта е едно од најинтензивните емоции кои може да ги почуствува човекот, другата е омразата. Да се присилуваш себеси да чуствуваш недискриминирачка љубов е неприродно. Ако се обидеш да ги сакаш сите, тогаш само ќе ја намалиш својата љубов кон оние кои ја заслужуваат.
Потисната омраза може да води до многу физички и емоционални нарушувања. Со научувањето да се ослободува твојата омраза кон оние кои ја заслужуваат, се прочистуваш себеси од тие малигни емоции и се лишуваш тие да бидат исфрлени врз љубените.
Никогаш не се случило големо "љубовно" движење во историјата на светот, кое не завршило со убивање неброено многу луѓе, мора да ги презираме за да докажеме колку навистина тие се сакале! Секој лицемер кој некогаш чекорел на земјата има полни џебови љубов!
Секој фарисејски религионист тврди дека ги љуби непријателите, дури и кога ќе свати дека погрешил, си вели себеси "Бог ќе го казни".
Наместо да си признаат себеси дека се способни да ги мразат противниците и да ги третираат на начин кој одговара, велат "Ете заради славата божја одстапувам" и одат да се "молат" за нив.
Зошто да се посрамотуваме и да се понижуваме себеси со вакви неподесни алегории?
Сатанизмот е сметан за синоним за суровоста и бруталноста. Тоа е така бидејќи луѓето се преплашени да се соочат со вистината - а таа вели дека човечкото битие не е потполно добронамерно и сељубечко.
Само заради тоа што Сатанистот признава дека е способен да љуби и да мрази, тој е сметан за полн со гнев. Напротив, заради тоа што тој е способен да го канализира својот гнев преку специјална ритуализирана експресија, тој е далеку поспособен да сака - до најдлабокиот вид љубов.
Со искрено препознавање на обете, љубовта и омразата кои ги чуствува, тој неможе да ги помеша овие две. Без да бидеш способен да искусиш една од овие емоции, нема да можеш потполно да ја искусиш другата.
Сатанска библија - Антон ла Веј