Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не филозофирај на темава... ја промашувате... Поставувајте прашања :) Поинтересно е...
Или отвори тема филозофија на христијанството :)
Прашувавме, само одговори нема, па е малку досадно...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Прашувавме, само одговори нема, па е малку досадно...
Знам дека е досадно... но откако ќе се измешаат филозофија, па наука, па психологии... малку има тоа со рисјанската ДОГМА :)
 
F

Frankie Yale

Гостин
За еволуцијата, не реков дека таа има било каква намера, но таа de facto створила живи организми со субјективно доживување. Ако тоа доживување не игра никаква улога во поведението на организмот, зошто воопшто би настанало? Еволуцијата не создава украси или епифеномени,,,

За квантната физика, некој друг пат, за да не ни се удави темата и дискусијата...
Според еволуцијата сетилата се развивале за поголема шанса за опстанок, па тие наши доживувања се интерпретации на информациите кои мозокот ги добива преку сетилата.

Интересна дискусија морам да кажам, Игорче баниран уште неколку дена, Мики е на работа најверојатно, ретки се ваквите дискусии на овој подфорум а страв ми е дека и оваа ќе биде уништена во скоро време...
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
едноставно прашање : кој го создал БОГ ?
Прашање за создавање има ако постои време.
На одредена "димензија"(plank scale) не постои време, или се може да биде на повеќе места
симултано.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Абе муабетот беше за постоење на слободна волја...@Ставрогин: ако од Big Bang се` е нарихтано, онда Омер ел Фарук и неговите се у право...Алах све чкртнал у тефтерот и ти ја запечатил судбината.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Под свест го подразбирам нашето субјективно искуство. Нашето доживување на боите, зуците, болката, оргазмот. Дури и поапстрактните мисловни процеси, како логичкото размислување се проследени со некое субјективно искуство, иако таму е малку потешко да се одреди квалитетот на тоа искуство.

Да, шимпанзите имаат свесно искуство, исто и глувците, и свесно искуство моѓе да се најде и многу подолу.

Свеста не е само термин за интегрирана компутација, тоа е само едно сваќање за свеста, и мислам деке е скоро напуштено. Малкумина сега веруваат дека мозокот е хардвер, а умот софтвер.

За еволуцијата, не реков дека таа има било каква намера, но таа de facto створила живи организми со субјективно доживување. Ако тоа доживување не игра никаква улога во поведението на организмот, зошто воопшто би настанало? Еволуцијата не создава украси или епифеномени,,,

За квантната физика, некој друг пат, за да не ни се удави темата и дискусијата...
Функционализмот е водечки правец во современата невронаука и вештачка интелигенција. Субјективното искуство и проблемот врзан со него како што го отсликува зомбито на чалмерс е кружен аргумент и многумина го имаат во целост побиено (Денет, Мински, од ова што го пишуваш најверојатно си ги читал).

Никој денес не верува дека мозокот е хардвер а умот софтвер, туку дека умот е она што се добива кога ќе го "уклучиш" мозокот.

Инаку тврдењата дека мајмуните и глувците имаат субјективно искуство ти се призволни и научно недокаживи.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ова прашање е навистина интересено, а одоговорот дека тоа е човекот е површен. Има повеќе одговори
Да прочитаме некој од тие повеќе можни.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Според еволуцијата сетилата се развивале за поголема шанса за опстанок, па тие наши доживувања се интерпретации на информациите кои мозокот ги добива преку сетилата.
Меѓутоа тие информации не мораат да бидат субективно доживеани. Во тоа е целиот проблем. Постоењето на свеста го создава таканаречениот проблем на каузална овердетерминација. Вака накратко. Некој седи во собата и има свесно искуство на глад. Оди накај фрижидерот го отвара, и зема нешто за јадење. Сега, која е причината за неговата акција на отварање на фрижидерот?

Се чини дека постојат две, независни причини. Првата е дека во стомакот се случуваат физиолошки процеси, кои по физиолошки пат ја пренесуваат таа информација до МОЗОКОТ, и тој дава команда да се отвори фрижидерот и да се земе нешто за јадење. Втората е дека субјективното искуство на глад во УМОТ го натерало човекот да го отвори фрижидерот. Тоа се две независни причини за една иста последица.

Малку поапстрактно. Замисли еден ментален настан кој ќе го обележиме со А, на пример една мисла. Која е причината за појавување на таа мисла? Една причина се неврофизиолошките процеси во мозокот, а друга причина е некоја друга мисла која се јавила пред неа, и по пат на пример на асоцијација је повлекла со себе.

За секоја последица на овој свет постои само една доволна причина, а овде имаме две причини кои се борат за предимство за еден ист настан. Тоа е проблемот на каузална овердетерминација...
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Кога пишуваш свеста сигурно мислиш на hard problem of consciousness, така?
Е сега ако е така кажи кои научни студии го докажаа тврдењето дека свеста е епифеномен.
И друго ме интересира, кое е твоето појмање на свеста, како лично искуство.
Сите студии базирани на невролошки лезии. Ако добиеш излив, на пример во делот на мозокот кој ги сумира твоите импути од околината--стануваш цвеќка.

Моето лично искуство за свеста е комплетно ирелевантно, тоа е како да ме прашуваш која ми е омилена боја.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
28
Поени од реакции
5
И претходно веќе се спомна тука дека мозокот на човекот функционира околу 6-10 %. Како тоа, ако ја следиме теоријата на настанокот на светот =Биг Бенг, и дека вселената и земјата постојат милијарди години, а човекот милиони години, како тоа неговиот мозок се развил само толку проценти?
Или можеби некој друг тоа го направил?
Кога ќе ни биде дадено од Бога нашиот мозок да функционира со цел капацитет, тогаш ќе ја дознаеме вистината за тоа кој го создал Бог.
--- надополнето: Jul 18, 2011 11:45 AM ---
Абе муабетот беше за постоење на слободна волја...@Ставрогин: ако од Big Bang се` е нарихтано, онда Омер ел Фарук и неговите се у право...Алах све чкртнал у тефтерот и ти ја запечатил судбината.
Слободната воља постои!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Функционализмот е водечки правец во современата невронаука и вештачка интелигенција. Субјективното искуство и проблемот врзан со него како што го отсликува зомбито на чалмерс е кружен аргумент и многумина го имаат во целост побиено (Денет, Мински, од ова што го пишуваш најверојатно си ги читал).

Никој денес не верува дека мозокот е хардвер а умот софтвер, туку дека умот е она што се добива кога ќе го "уклучиш" мозокот.

Инаку тврдењата дека мајмуните и глувците имаат субјективно искуство ти се призволни и научно недокаживи.
Да не ја разжестуваме ситуацијата, функционализмот НЕ е водечки правец во филозофијата на умот, повеќе би рекол дека е на заоѓање. Веројатно е тоа прашање на лична прецепција. Ги имам читано коментарите на Денет за Чалмерс, исто како и на Серл, на Мински ги немам читано. Не мислам дека се побиени, но повторно се чини дека и тоа е прашање на лична перцепција...

За шимпанзите се сложувам дека е недокажливо тоа дали имаат свесни искуства, но по аналогија претпоставувам. Сигурно ти е јасно дека е недокажливо постоењео на субјективно искуство и кај било кој човек, освен кај самиот себе. И за другите луѓе заклучуваме по аналогија...
--- надополнето: Jul 18, 2011 11:48 AM ---
Абе муабетот беше за постоење на слободна волја...@Ставрогин: ако од Big Bang се` е нарихтано, онда Омер ел Фарук и неговите се у право...Алах све чкртнал у тефтерот и ти ја запечатил судбината.
Алах или христијанскиот Бог, потполно е сеедно во случајот...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Алах или христијанскиот Бог, потполно е сеедно во случајот..
Не би се сложил, муслиманската теологија е фатумска. Христијанската, онака како јас ја рабирам, не е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom