Сатанизам

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Живот во омраза, завист, одмаздување, занесување во својата големина и сл
односно ваков живот без кавалитети и без Љубов во него е сатанизам.
Животот исполнет со љубов, радост, среќа и здравје е живот со Бог и ваквиот човек и
припаѓа на вистинската религија.
Тој што живее живот во љубов и радост им пренесува радост и на тие околу себе,
а сатанизмот како правец или религија е немање на љубов и радост во себе само
желба за злоба и уништување.
И верувајте дека неможете да убедете никого на ниту еден начин дури ни
со крајно конфузни информации дека сатанизмот и другите светски религии се
еднакви.
Ниту пак да убедите некого дека сатанизмот е нешто добро и правилно,
тоа е нешто базирано на лага, предаство свирепост и се друго што е нижтожно.
Љубовта е вистинската религија не сатаната.
Слава на Бог и Љубовта.
А бидејќи телемитите велат Љубов е законот љубов под волја, значи ја правиме најдобарата работа според тебе, и може да заклучиме дека Кроули не е сатанист, иако некои и тоа го велат :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Христијански сатанизам !?:vozbud:
Не, туку христијански атеизам. Поентава беше дека поимот сатанизам и атеизам биле парадоксални и глупи, па затоа му посочив на пријателов дека постојат и христијански атеисти. И веднаш овие вториве иако парадоксални, испадна дека имале некоја логика и небиле глупи, а сатанистичкиот атеизам бил глуп?!
Али не ми е прв пат да гледам двојни стандарди.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Тие што се христијанските атеисти, ги посочивте како лица кои не веруваат во Господ, ниту во божествената природа на Синот божји (т.е. за нив, само Исус), туку само им се свиѓаат исусовите идеи и вредностите кои ги проповедал. Логично е овие лица да не идат у црква или да учествуваат во христијански церемонии или ритуали.

Е сеа, ти Ипсимус, сакаш да кажеш дека ако постојат христијански, можат и сатанистички атеисти да постојат?
Ти таков си?
 
Да, Јас неверувам во задгробен живот, во ангели и ѓаволи, туку за мене Сатаната е симбол на интелектот, непокорот, индивидуалноста, овоземските задоволства и слично. Како и симбол на пркос кон лицемерието на религиите и нивното евидентно негативно влијание и манипулирање низ историјата.
Во сатанизмот на Лавеј, сатанистот е бог самиот на себе, тој е центар на неговиот универзум, господар на сопствената судбина.
Секој што ги смета за доблести гордоста, моќта и интелектот а ги презира понизноста, слабоста и глупоста ги има особините кој го дефинираат секој сатанист.
--- надополнето: Jul 17, 2011 7:13 PM ---
Живот во омраза, завист, одмаздување, занесување во својата големина и сл
односно ваков живот без кавалитети и без Љубов во него е сатанизам.
Животот исполнет со љубов, радост, среќа и здравје е живот со Бог и ваквиот човек и
припаѓа на вистинската религија.
Тој што живее живот во љубов и радост им пренесува радост и на тие околу себе,
а сатанизмот како правец или религија е немање на љубов и радост во себе само
желба за злоба и уништување.
И верувајте дека неможете да убедете никого на ниту еден начин дури ни
со крајно конфузни информации дека сатанизмот и другите светски религии се
еднакви.
Ниту пак да убедите некого дека сатанизмот е нешто добро и правилно,
тоа е нешто базирано на лага, предаство свирепост и се друго што е нижтожно.
Љубовта е вистинската религија не сатаната.
Слава на Бог и Љубовта.
Сатанизмот не е живот во омраза, завист и одмаздување. Лага се институционализираните религии чија единствена цел е манипулација! Еве што вели сатанизмот во однос на љубовта и омразата:
Сатанизмот преставува благонаклонетост на оние кој ја заслужуваат наместо љубов потрошена на незаслужните! Не може да ги сакаш сите, бесмислено е да мислиш дека можеш. Доколку ги сакаш сите и се, ја губиш својата природна способност за селекција и постануваш беден во отценувањето на карактери и квалитети. Ако нешто се користи премногу слободно, тоа ќе го изгуби своето природно значење.
Заради тоа, Сатанистот верува дека треба да се љубат силно и одано само оние кој ја заслужуваат таквата љубов, и никогаш да не се свртува другиот образ на непријателот!
Љубовта е едно од најинтензивните емоции кои може да ги почуствува човекот, другата е омразата. Да се присилуваш себеси да чуствуваш недискриминирачка љубов е неприродно. Ако се обидеш да ги сакаш сите, тогаш само ќе ја намалиш својата љубов кон оние кои ја заслужуваат.
Потисната омраза може да води до многу физички и емоционални нарушувања. Со научувањето да се ослободува твојата омраза кон оние кои ја заслужуваат, се прочистуваш себеси од тие малигни емоции и се лишуваш тие да бидат исфрлени врз љубените.
Никогаш не се случило големо "љубовно" движење во историјата на светот, кое не завршило со убивање неброено многу луѓе, мора да ги презираме за да докажеме колку навистина тие се сакале! Секој лицемер кој некогаш чекорел на земјата има полни џебови љубов!
Секој фарисејски религионист тврди дека ги љуби непријателите, дури и кога ќе свати дека погрешил, си вели себеси "Бог ќе го казни".
Наместо да си признаат себеси дека се способни да ги мразат противниците и да ги третираат на начин кој одговара, велат "Ете заради славата божја одстапувам" и одат да се "молат" за нив.
Зошто да се посрамотуваме и да се понижуваме себеси со вакви неподесни алегории?
Сатанизмот е сметан за синоним за суровоста и бруталноста. Тоа е така бидејќи луѓето се преплашени да се соочат со вистината - а таа вели дека човечкото битие не е потполно добронамерно и сељубечко.
Само заради тоа што Сатанистот признава дека е способен да љуби и да мрази, тој е сметан за полн со гнев. Напротив, заради тоа што тој е способен да го канализира својот гнев преку специјална ритуализирана експресија, тој е далеку поспособен да сака - до најдлабокиот вид љубов.
Со искрено препознавање на обете, љубовта и омразата кои ги чуствува, тој неможе да ги помеша овие две. Без да бидеш способен да искусиш една од овие емоции, нема да можеш потполно да ја искусиш другата.

Сатанска библија - Антон ла Веј
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
А дали веруваш во постоењето ентитет кој е нарекуван Сатана, или пак го негираш неговото постоење?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А дали веруваш во постоењето ентитет кој е нарекуван Сатана, или пак го негираш неговото постоење?
Па јас мислам дека бев јасен кога реков дека неверувам во ангели и ѓаволи, и дека сатаната за мене е симбол! Што не е јасно тука?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Тешко Ипсиссимус дека овдека ќе најдеш такви овци кои ќе ги убедиш во добродетелта, љубовта
и хуманоста на злобата и свирепоста на сатаната.
Народот наш Македонски рекол кој со "натемаго тикви сади ѓаволот очи му вади" и навистина е така,
пази што правиш затоа што кога Господ целосно ќе крене рака од некого тогаш на тој човек греојте
нема да може да му се гледаат.
злото со зло се враќа, а Љубовта со Љубов.
Бог на сите ни простува, неговата милост е неизмерна ние сме негови деца.
Сврти му грб на сатаната, речи му не засекогаш, врати се каде што припаѓаш имаш право на тоа.
 
T

Tetro

Гостин

Сам себе го убијал си, пријателе.
https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/Spanish_Inquisition
This regulation of the faith of the newly converted was intensified after the royal decrees issued in 1492 and 1501 ordering Jews and Muslims to convert or leave.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тешко Ипсиссимус дека овдека ќе најдеш такви овци кои ќе ги убедиш во добродетелта, љубовта
и хуманоста на злобата и свирепоста на сатаната.
Народот наш Македонски рекол кој со "натемаго тикви сади ѓаволот очи му вади" и навистина е така,
пази што правиш затоа што кога Господ целосно ќе крене рака од некого тогаш на тој човек греојте
нема да може да му се гледаат.
злото со зло се враќа, а Љубовта со Љубов.
Бог на сите ни простува, неговата милост е неизмерна ние сме негови деца.
Сврти му грб на сатаната, речи му не засекогаш, врати се каде што припаѓаш имаш право на тоа.
Христијанството бара овци, јас не. Во Сатанизмот е битен квалитетот а не бројноста, затоа неможе секој да биде сатанист. Јас не сум тука некого да преобратувам, туку да ги побијам лагите за сатанизмот и да ги разодкријам стереотипите кој владеат за него.
Што се однесува до злобата и свирепоста, историјата сама си кажува се! Колку луѓе се спалени живи затоа што го навредиле или неверувале во сатаната? Колку војни се водени во името на сатаната? Колку сатанисти се дигнале во воздух убивајќи други во името на сатаната? Колку луѓе биле зверски мачени во името на сатана? Само за споредба, постави си ги сега истите овие прашања но во врска со бог, христијанството, исламот и јудеизмот, па самиот донеси заклучок кој повеќе ги практикува злобата и свирепоста!
Религиите одсекогаш имале репресивна улога и го уназадувале човештвото, уништувајќи се што не се совпаѓа со нивните светогледи! Да не дојдеше до израз демократијата и секуларноста, сега сеуште ќе бевме потонати во мракот на религиското проклетство.
Крајот на таа мрачна ера од човештвото неизбежно доаѓа со несопирлива брзина, и никој и ништо нема да го сопре!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
А ритуалите ги сфаќаш само како сарказам?
Значи тврдиш дека ритуалите практично немаат никаква сврха?
Кај Кроули, од кој сатанизмот има доста земено - не е така.
Тоа што тврдиш дека ритуалот нема никаква практична сврха (освен сарказмот) е фундаментална разлика. Но мора да биде така, ако си атеист.
Кај телемитите или Христијаните, не е така. Таму сврхата на риуалот не е само во обичната симболика.
Ако си атеист, тогаш дефинитивно не е уопште неопходен ритуалот (бидејќи вие атеистите имате сосема друго објаснување за ритуалите, ги сфаќате само како драматуршки изведби. Слично ко што тврдат дека прават Масоните).
 
Никаде не сум тврдел дека ритуалот нема практична сврха! Ритуалот има за цел да ги канализира емоциите преку специјална ритуализирана експресија. Со соодветна техника, ритуалот станува моќно средство кое преку намерата, емоциите и искуството во одредени случаеви може да има реален исход.
Инаку постојат и ритуали чија цел и намена е исклучиво сарказмот и исмевањето, тие се театрална пародија на христијанските ритуали.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Со соодветна техника, ритуалот станува моќно средство кое преку намерата, емоциите и искуството во одредени случаеви може да има реален исход.
Не верувам дека ова е атеистички став.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не верувам дека ова е атеистички став.
Атеист е секој онoј што неверува во богови и задгробен живот, се останато е личен став.
Мене лично не ми е ни толку битно, дали некој ќе ме смета за атеист, гностик или агностик. За мене креаторот и креацијата се едно исто, и се што постои е дел од тоа "едно", еве го мојот став во однос на ова прашање:
http://forum.kajgana.com/threads/Верувам-во.41827/page-5#post-3797311
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Па според мене, ако се именуваш со атеист, не можеш да зборуваш за практичноста на ритуалите и за некаков креатор (какво и да е твоето мислење за него).
Тоа што не ти е толку битно дали те нарекуваат атеист или агностик, во овој контекст - ок е, меѓутоа не се софпаѓа со твоите залагања погоре за сопствено атеистичко етикетирање.
 
На почетокот велев дека не сум, но останативе атисти ме прифатија како еден од нив, бидејќи не верувам во задгробен живот и не верувам во антропоморфни божества.
Пак ќе повторам, не ми е битно како ме нарекуваат, но јас не верувам во задгробен живот, во ангели, ѓаволи, семоќен бог кој казнува и наградува и слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom