- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
Мислам дека темава иако на прв поглед не изгледа како да е за во Философија и психологија, мислам дека сепак припаѓа овде, зашто гадењето е пред се емоција предизвикана од надразнување на сетилата, а тоа го изучува психологијата.
Значи, вака. Крв е супстанца што излегува од нашето тело при повреда. Ова од психолошки аспект. Па кога ќе се повредиме и кога ќе видиме крв, се јавува прво страв, од искрварување и смрт. Значи поради стравот што го предизвикува болката од повредата, и крвта што ја гледаме, автоматски ја поврзуваме крвта со смрт. Тоа значи дека ние се плашиме од крв. Има луѓе што се онесвестуваат или повраќаат кога ќе видат крв. И двете работи можат да се поврзат со стравот. Кога на пример ќе се осетиме загрозени, ама во некоја голема опасност, ние се онесвестуваме, па према тоа онесвестувањето е автоматски одбрамбен механизам на телото во ситуација на опасност. Исто така, не сите луѓе, и не секогаш, ама се дешава кога ни е страв, да повраќаме. Ова не можам баш да го протолкувам, ЗАШТО повраќаме во такви ситуации, ама ете, се дешава. Значи, прашањето ми е, што мислите, што е гадење од крв, и од што е предизвикано? Дали во корен на гадењето стои стравот? Дали ако на пример видиме само крв некаде, на земја, на улица, негде, било каде, дали кога ќе почувствуваме гадење ние всушност сочувствуваме со суштеството што ја изгубило крвта, можеби мислиме, како би ни било на нас ако ние сме биле на негово место, и ни течело крв? Ја поврзуваме ли болката со крвта? Ајде, дајте ги вашите теории, баш ме интересира што мислите.