Гадење од крв?

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Мислам дека темава иако на прв поглед не изгледа како да е за во Философија и психологија, мислам дека сепак припаѓа овде, зашто гадењето е пред се емоција предизвикана од надразнување на сетилата, а тоа го изучува психологијата.

Значи, вака. Крв е супстанца што излегува од нашето тело при повреда. Ова од психолошки аспект. Па кога ќе се повредиме и кога ќе видиме крв, се јавува прво страв, од искрварување и смрт. Значи поради стравот што го предизвикува болката од повредата, и крвта што ја гледаме, автоматски ја поврзуваме крвта со смрт. Тоа значи дека ние се плашиме од крв. Има луѓе што се онесвестуваат или повраќаат кога ќе видат крв. И двете работи можат да се поврзат со стравот. Кога на пример ќе се осетиме загрозени, ама во некоја голема опасност, ние се онесвестуваме, па према тоа онесвестувањето е автоматски одбрамбен механизам на телото во ситуација на опасност. Исто така, не сите луѓе, и не секогаш, ама се дешава кога ни е страв, да повраќаме. Ова не можам баш да го протолкувам, ЗАШТО повраќаме во такви ситуации, ама ете, се дешава. Значи, прашањето ми е, што мислите, што е гадење од крв, и од што е предизвикано? Дали во корен на гадењето стои стравот? Дали ако на пример видиме само крв некаде, на земја, на улица, негде, било каде, дали кога ќе почувствуваме гадење ние всушност сочувствуваме со суштеството што ја изгубило крвта, можеби мислиме, како би ни било на нас ако ние сме биле на негово место, и ни течело крв? Ја поврзуваме ли болката со крвта? Ајде, дајте ги вашите теории, баш ме интересира што мислите.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
еве кај мене комшијава од шприц и од крв у несвес паѓа...
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Искрено не се гадам од крв ! се немам онесвестено немам ни повратено !! Таков сум по природа :D
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
еве кај мене комшијава од шприц и од крв у несвес паѓа...
pussy ..

Искрено не се гадам од крв ! се немам онесвестено немам ни повратено !! Таков сум по природа :D
ме 2 .. иам давано до сеа 2 пати крв ( у Црвен Крст ) и гледав како ја ставаат иглата, и како ми ја вадат, и ништо :D
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Не ми се гади и никогаш не ми се гадело, ама познавам многу луѓе кои им се гади, пребледуваат, паѓаат во несвест кога ќе видат крв. Искрено мислам дека таквиот ,,страв,, е како и секоја друга фобија - од височина, од животни...па така и ова фобија од крв. Сепак тоа е само мое мислење.
 
K

kalimer0

Гостин
И јас не се гадам од крв ниту од боцкање со игла. Тоа е сосем нормална работа но секој има различен организам затоа некои луѓе неможат да гледаат крв.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Мене не ми се гади од крв,но познавам некој што им се гади од крв таков пример е мојот другар, еднаш отидовме кај мене на вилата и јас здогледав желка и ја утепав целата беше со крв и на мојот другар поварна:)
истотака уживам да гледам операции на youtube и тоа на FULL SCREAM:)
 

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
Имам присуствувано на дел од обдукција, немам апсолутно никакви проблеми ни со крв, ни со мртви тела и лешови. Некако многу нормално ми е целото тоа.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Јас од крв не чувствувам ни гадење ниту пак страв, дури понекогаш ми е интересно кога крварам да ја гледам како тече и се згрутчува,но имам страв( не знам ни дали да го карактеризирам како страв можеби повеќе како discomfort) кога гледам како игла пенетрира низ нечија кожа било тоа да е мојата кожа или пак на телевизија.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ау....јес...гадење...кога гледам друг како крвари да....
јас да крварам...не...дури ми е интересно.....:)
инаку сакав од електро да се префрлам медицинско во прва средно.....ама не се префрлив заради ова :)
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Јас мислам дека некои луѓе (што се гадат од крв) лошо ја имаат асоцирано крвта, не се раѓаат луѓето гадливи од крв. Многу се ретки тие шо се "плашат" од крв
 

Kajgana Shop

На врв Bottom