Ај да надополнам пошо постоиве ми испаѓаат мрчаторски, а ич не ми е тоа намерата. Значи, to both of you cats (domestic & wild) -- држи вода што зборувате, но денес, насјериозно, не мислам дека како жени/девојки сте во поинаква положба по однос на страв од бракот во споредба со мажите. Ако сакаш да имаш добар партнер, работи на себе и развивај ги оние особини кои сакаш да ги најдеш и кај партнерот. Ќе дојде време и ќе си се препознаете. Еве вака видиш, поише ми се свиѓа -- оптимистички, без мрчење.
Јас сум оптимист кога станува збор за брак, верувај ми. Зошто не го чувствувам како нешто што ,,морам,, или треба да брзам кон него, или дека без тоа не се живее. Едноставно, знам дека ќе биде кога ќе сакам, со човек што ќе можам да го сакам и да го почитувам. Јас реков, јас не се плашам, по ниту една основа, но јас сум девојка оперирана од ,,што ќе речат комшиите, роднините и идниот ми маж,,, односно, уво не ми чуе за некој друг. Самиот факт дека ,,тој,, ден ќе ми дојде кога ќе имам прилично 30 години, предизвикува страв кај повеќето мажи - а не кај жените. Повеќе мажите се плашат од модерните жени, отколку модерните жени од самиот брак. Модерната жена не дозволува некој мајтап да си игра со неа, ниту пак го трпи за да не зборува народот. Ама, повеќето мажи мислат дека ,,модерната,, жена не ја бива за ништо, односно, дека можеби е добра во својата професија, но дефинитивно тоа не е тоа што се бара. Не разбираат дека на децата (зошто е важно да биде добра мајка) многу повеќе им е потребно внимание, од аспект на разговор, игра, правење спомени заедно, отколку мајка која цел ден работи на работа, и плус дома рмба пак. Таква мајка не е потребна на ниту едно дете, зошто е запоставено. Исто, таков татко не е пожелен.
Затоа реков дека, оваа тема е утната. Модерната жена не се плаши од никаков брак, туку мажите погрешно ја разбираат оваа жена. И многу им е потешко да сфатат, дека оваа жена, покрај тоа што сака да има добра и топла семејна атмосфера, сака со својот партнер да има богат и исполнет сексуален живот (немој некој да рекол дека не е важен!!!) што не би го имале, доколку таа е скршена од работа (или тој) и доколку едвај чека да дојде време да легне да спие, наместо да се занимава со маж и.
--- надополнето: Jun 18, 2011 3:24 AM ---
Неготвачките се чеда на Нечестивиот.Предлагам да се спалат на клада.И така не заслужуваат да живеат кога веќе не знаат да си ја обавуваат својата основна должност.
Потомци на Сатаната, гарантирано направени од непознати јунаци кои ширеле сперматозоиди во матката на Марија Магдалена....