Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ако ја прочиташе целата тема, поголемиот дел од мажите не прифаќаа брак со неготвачка, што по дифолт загрозува голем дел од денешната женска популација. За нив вештерка и неготвачка е синоним. За мене пијаница и маж кој не знае да коси трева не е синоним.

Признавам за тој страв. Само што на жените пореален е стравот. Живееме во сеуште традиционална земја, помалку или повеќе.
А љубовта, е убава. Ама во животот прво се мисли на исхраната на детето, неговото образование, неговата среќа и безбедност, а сосема потоа се мисли колку си го сакаш партнерот.
Зошто пред да имаш деца, е ок, љубов и сето тоа.
Подоцна, љубовта, од аспект на пеперутки во стомак, си го губи приоритетот.

Мене ми е многу поважно да се остварам како мајка, отколку како сопруга.
Можеби и затоа не ми паѓа на памет да ризикувам во бирањето на партнерот и да си го слушам ,,срцето,,.
На иста линија сме, де. Знам кој ти е светогледот, и да, знам кои се` моронштини се пишуваа. А останатиот дел од постов е твое право и не пипам тука. Него, ѕирни го дополнувањето на мојот претходен пост. :)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ако ја прочиташе целата тема, поголемиот дел од мажите не прифаќаа брак со неготвачка, што по дифолт загрозува голем дел од денешната женска популација. За нив вештерка и неготвачка е синоним. За мене пијаница и маж кој не знае да коси трева не е синоним.

Признавам за тој страв. Само што на жените пореален е стравот. Живееме во сеуште традиционална земја, помалку или повеќе.
А љубовта, е убава. Ама во животот прво се мисли на исхраната на детето, неговото образование, неговата среќа и безбедност, а сосема потоа се мисли колку си го сакаш партнерот.
Зошто пред да имаш деца, е ок, љубов и сето тоа.
Подоцна, љубовта, од аспект на пеперутки во стомак, си го губи приоритетот.

Мене ми е многу поважно да се остварам како мајка, отколку како сопруга.
Можеби и затоа не ми паѓа на памет да ризикувам во бирањето на партнерот и да си го слушам ,,срцето,,.
Неготвачките се чеда на Нечестивиот.Предлагам да се спалат на клада.И така не заслужуваат да живеат кога веќе не знаат да си ја обавуваат својата основна должност.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
Ај да надополнам пошо постоиве ми испаѓаат мрчаторски, а ич не ми е тоа намерата. Значи, to both of you cats (domestic & wild) -- држи вода што зборувате, но денес, насјериозно, не мислам дека како жени/девојки сте во поинаква положба по однос на страв од бракот во споредба со мажите. Ако сакаш да имаш добар партнер, работи на себе и развивај ги оние особини кои сакаш да ги најдеш и кај партнерот. Ќе дојде време и ќе си се препознаете. Еве вака видиш, поише ми се свиѓа -- оптимистички, без мрчење.:)
Јас сум оптимист кога станува збор за брак, верувај ми. Зошто не го чувствувам како нешто што ,,морам,, или треба да брзам кон него, или дека без тоа не се живее. Едноставно, знам дека ќе биде кога ќе сакам, со човек што ќе можам да го сакам и да го почитувам. Јас реков, јас не се плашам, по ниту една основа, но јас сум девојка оперирана од ,,што ќе речат комшиите, роднините и идниот ми маж,,, односно, уво не ми чуе за некој друг. Самиот факт дека ,,тој,, ден ќе ми дојде кога ќе имам прилично 30 години, предизвикува страв кај повеќето мажи - а не кај жените. Повеќе мажите се плашат од модерните жени, отколку модерните жени од самиот брак. Модерната жена не дозволува некој мајтап да си игра со неа, ниту пак го трпи за да не зборува народот. Ама, повеќето мажи мислат дека ,,модерната,, жена не ја бива за ништо, односно, дека можеби е добра во својата професија, но дефинитивно тоа не е тоа што се бара. Не разбираат дека на децата (зошто е важно да биде добра мајка) многу повеќе им е потребно внимание, од аспект на разговор, игра, правење спомени заедно, отколку мајка која цел ден работи на работа, и плус дома рмба пак. Таква мајка не е потребна на ниту едно дете, зошто е запоставено. Исто, таков татко не е пожелен.

Затоа реков дека, оваа тема е утната. Модерната жена не се плаши од никаков брак, туку мажите погрешно ја разбираат оваа жена. И многу им е потешко да сфатат, дека оваа жена, покрај тоа што сака да има добра и топла семејна атмосфера, сака со својот партнер да има богат и исполнет сексуален живот (немој некој да рекол дека не е важен!!!) што не би го имале, доколку таа е скршена од работа (или тој) и доколку едвај чека да дојде време да легне да спие, наместо да се занимава со маж и.
--- надополнето: Jun 18, 2011 3:24 AM ---
Неготвачките се чеда на Нечестивиот.Предлагам да се спалат на клада.И така не заслужуваат да живеат кога веќе не знаат да си ја обавуваат својата основна должност.
Потомци на Сатаната, гарантирано направени од непознати јунаци кои ширеле сперматозоиди во матката на Марија Магдалена....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Во право си.Ама има приказни во кои дечкото од фин,внимателен,образован,модерен маж,со напредни сфаќања за машко-женските односи,по стапувањето во брак се трансформира во школски пример на балканоид.Поточно нема тука никаква трансформација,едноставно се покажува во вистинско светло.Затоа мислам дека е препорачливо секој пар да живее заедно барем неколку месеци пред бракот,со оглед на тоа што многумина глумат современост и рамноправност во врска, а не секој може да ја намириса и препознае таа глума.Ама на нашиве простори,ретко кој може да си дозволи да живее заедно пред брак,што заради финансиски причини,што заради малограѓанскиот менталитет,нели срамота е да живеат така невенчани,во грев.И сигурно пола од браковите се случуваат само затоа што невестата била "малку" трудна,партнерите не се ни познаваат како што треба,едноставно се втурнати во брак " силом прилика" и во таков случај бракот е чиста лотарија...
Edit: Гледам во меѓувреме сте ги разрешиле горе-долу работите, па мојов пост делува малку outdated, ама нема веза
Мачорке, не ми збори за глумење и финти. Се` ми е јасно, веруј. Ама јас лично немам ни грам мачо балканштина, па да ме убиеш! Али сум за фер плеј и делење. И не, нема да се согласам дека девојките се во подредена смисла. Имам ќерка студентка, модерна, паметна девојка која знае што сака и има одличен вкус за дечковци. (Бај д веј, ништо од тоа не е моја заслуга). И не глеам дека нејзината генерација (односно оние девојки со кои се дружи) нешо патат од стравои -- напротив, ептен се свесни за себе, имаат визија, фураат турбо, и крај. Него забегав сеа у оф топик, заеби. :D
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Мачорке, не ми збори за глумење и финти. Се` ми е јасно, веруј. Ама јас лично немам ни грам мачо балканштина, па да ме убиеш! Али сум за фер плеј и делење. И не, нема да се согласам дека девојките се во подредена смисла. Имам ќерка студентка, модерна, паметна девојка која знае што сака и има одличен вкус за дечковци. (Бај д веј, ништо од тоа не е моја заслуга). И не глеам дека нејзината генерација (односно оние девојки со кои се дружи) нешо патат од стравои -- напротив, ептен се свесни за себе, имаат визија, фураат турбо, и крај. Него забегав сеа у оф топик, заеби. :D
Абе друже и јас мислев така, ама почнав да ја читам темава и се отиде по ѓаволите.:D
За болдот,не мислам ни јас дека девојките се во подредена положба.Ама на темава има луѓе кои мислат дека девојките ТРЕБА да бидат подредени.Зашто наводно, во психата на жената било да биде покорна.Само затоа што е жена.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
Мачорке, не ми збори за глумење и финти. Се` ми е јасно, веруј. Ама јас лично немам ни грам мачо балканштина, па да ме убиеш! Али сум за фер плеј и делење. И не, нема да се согласам дека девојките се во подредена смисла. Имам ќерка студентка, модерна, паметна девојка која знае што сака и има одличен вкус за дечковци. (Бај д веј, ништо од тоа не е моја заслуга). И не глеам дека нејзината генерација (односно оние девојки со кои се дружи) нешо патат од стравои -- напротив, ептен се свесни за себе, имаат визија, фураат турбо, и крај. Него забегав сеа у оф топик, заеби. :D
И јас имам татко кој има 2 ќерки, и никогаш до сега не ме ограничил во нешто зошто сум ,,женско,, и ако ја читаш темава наназад, зборувам за бракот на моите родители, каде што некако никогаш не сум приметила дека има доминантен партнер.
Јас не можам да бидам подредена на некој дечко/маж зошто јас не го дозволувам тоа, и зошто имам родители кои ме поддржуваат во тоа. Но револтот се раѓа заради овие паметниве поназад, според кои, жената мора да си биде подредена, да се знае кој е ,,маж,, во куќа.
Сепак, тоа се луѓе прилично доволно возрасни да ни бидат родители, не ни очекувам некое големо разбирање.
А од мое искуство, познавам секакви мажиња овде. Што Македонија гледа, светот не гледа.

Другарка ми имаше фраер што правеше се за да ја спречи да студира, и да се омажи за него. Оти тој одлучил да не студира и таа не смеела да биде пообразована од него. Фала Богу, му ја удри клоцата.
Познавам семејство каде што родителите плаќаат образование само на синот, на ќерката не, зошто тој бил машко. А да не зборувам, дека со парите што синчево ги добива за журкање, ќеркава ќе заврши факултет.
Познавам девојка која не смее да има другари. Зошто маж и е љубоморен.

Имам се и сешто видено. Тоа ме револтира. Ме револтираат и овие, ненајадениве.
Не дека мене нешто ќе ми сменат.

Ама има девојки кои се деца на вакви ликови. Многу ми е жал за нив.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Ако ја прочиташе целата тема, поголемиот дел од мажите не прифаќаа брак со неготвачка, што по дифолт загрозува голем дел од денешната женска популација. За нив вештерка и неготвачка е синоним.
2 cities in China ?

Ku - King



Kli - Ning



Девојче се се тоа предности , побарувачките се тие - меѓу кои и пожелно е да знае Ку-Кинг

Now go in Ki - Tchen and practise.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ова задњи пут, пошо треба да идам да зготвам нешо. Најозбилно.

Повеќе мажите се плашат од модерните жени, отколку модерните жени од самиот брак.
Не би се сложил -- ова е генерализација. Успешен, софистициран маж кој е сигурен во себе бара таква жена. Зошто би се плашел да има партнер кој е силна личност?

Затоа реков дека, оваа тема е утната.
Тука се сложувам. Темата е (ова го реков во еден поранешен пост) поставена како пресупозиција. И еве, јас престанувам да пишувам на темава.

Поздрав,:)
--- надополнето: Jun 18, 2011 3:38 AM ---
И јас имам татко кој има 2 ќерки, и никогаш до сега не ме ограничил во нешто зошто сум ,,женско,, и ако ја читаш темава наназад, зборувам за бракот на моите родители, каде што некако никогаш не сум приметила дека има доминантен партнер.
Јас не можам да бидам подредена на некој дечко/маж зошто јас не го дозволувам тоа, и зошто имам родители кои ме поддржуваат во тоа. Но револтот се раѓа заради овие паметниве поназад, според кои, жената мора да си биде подредена, да се знае кој е ,,маж,, во куќа.
Сепак, тоа се луѓе прилично доволно возрасни да ни бидат родители, не ни очекувам некое големо разбирање.
А од мое искуство, познавам секакви мажиња овде. Што Македонија гледа, светот не гледа.

Другарка ми имаше фраер што правеше се за да ја спречи да студира, и да се омажи за него. Оти тој одлучил да не студира и таа не смеела да биде пообразована од него. Фала Богу, му ја удри клоцата.
Познавам семејство каде што родителите плаќаат образование само на синот, на ќерката не, зошто тој бил машко. А да не зборувам, дека со парите што синчево ги добива за журкање, ќеркава ќе заврши факултет.
Познавам девојка која не смее да има другари. Зошто маж и е љубоморен.

Имам се и сешто видено. Тоа ме револтира. Ме револтираат и овие, ненајадениве.
Не дека мене нешто ќе ми сменат.

Ама има девојки кои се деца на вакви ликови. Многу ми е жал за нив.
Е добро де, ама они не ќе да се модерни жени. Или се?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
Ова задњи пут, пошо треба да идам да зготвам нешо. Најозбилно.

Не би се сложил -- ова е генерализација. Успешен, софистициран маж кој е сигурен во себе бара таква жена. Зошто би се плашел да има партнер кој е силна личност?

Тука се сложувам. Темата е (ова го реков во еден поранешен пост) поставена како пресупозиција. И еве, јас престанувам да пишувам на темава.

Поздрав,:)
--- надополнето: Jun 18, 2011 3:38 AM ---

Е добро де, ама они не ќе да се модерни жени. Или се?
Можеби се по своите размислувања и ставови, но се оневозможени од семејството.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
2 cities in China ?

Ku - King



Kli - Ning



Девојче се се тоа предности , побарувачките се тие - меѓу кои и пожелно е да знае Ку-Кинг

Now go in Ki - Tchen and practise.
Кога сме веќе кај побарувачката, има голема побарувачка за мажи кои се вешти во кујната.
Now go in Ki - Tchen and practise.;)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Кога сме веќе кај побарувачката, има голема побарувачка за мажи кои се вешти во кујната. Now go in Ki - Tchen and practise.
I already did ( :

Само не е малце глупо ? да се тешите со Бубушот за нешто што не знаете , не викам дека не ве бива .. него као страв да ве фаќа од тоа ?

сака со својот партнер да има богат и исполнет сексуален живот
Модерните истражувања докажаа дека највеќе секс паѓа у кујна - така да Бубу хани , за твое добро спроведи реформи.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Можеби се по своите размислувања и ставови, но се оневозможени од семејството.
Е сеа па забегуеш во генерализации. Ако те бива, те бива! Има решенија -- мењај средина, а ако ни земјата не ти е по кејф, мењај ја. Ако жената е модерна, онда е и способна -- да се избори за статус, почит, кариера, да одјебе идиоти, итн.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
Е сеа па забегуеш во генерализации. Ако те бива, те бива! Има решенија -- мењај средина, а ако ни земјата не ти е по кејф, мењај ја. Ако жената е модерна, онда е и способна -- да се избори за статус, почит, кариера, да одјебе идиоти, итн.
Петар, реалноста ни е таа. Посиромашните семејства, не се еманципирани најчесто. Имаат паметни, амбициозни ќерки. Но за тоа девојче да просперира, и треба финансиска поддршка, која не ја добива од родителите, кои практично ја тераат да се омажи.
Не генерализирам. Само знам повеќе вакви примери.

Тоа што ти си психички здрав и правилно си воспитал дете, си го разбирал тоа дете и си се вложил максимално во тоа дете, не значи дека сите родители го прават истото.
Како што гледаш, на повеќето мажи им е побитна мусаката за ручек, од тоа жената тоа време да го посвети на домашното на детето, на објаснување и воспитување на истото.
Ама истиве дотични верувам сметаат дека ќутекот од рајот е излезен, та нема потреба од разговор, детето во семејството им е потчинето на авторитетот, нема право на глас.
Сето тоа е магичен круг, во кој се движи голем дел од популацијата во Македонија.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Како што гледаш, на повеќето мажи им е побитна мусаката за ручек, од тоа жената тоа време да го посвети на домашното на детето, на објаснување и воспитување на истото. Ама истиве дотични верувам сметаат дека ќутекот од рајот е излезен, та нема потреба од разговор, детето во семејството им е потчинето на авторитетот, нема право на глас.
Сето тоа е магичен круг, во кој се движи голем дел од популацијата во Македонија.
Овие не ме занимаат и не се дружам со нив. Никад! А одоговорот на останатото ти е во ПП. Абе идам да напраам нешо за јадење, цркнав од глад...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom