Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.
“ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден кабел и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г.
Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале.
Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес дечкото бил донесен од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство.
По наредба на на Истражен судија, телото било пренесено во судка медицина и дадено на обдукција.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87462&kategorija=1
Во моментов граѓани се собираат на Фонтаната во градскиот парк на протест за смртта на момчето.
http://www.plusinfo.mk/vest/4285/Gragjani-pochnuvaat-protest-vo-Gradski-park-za-zaginatoto-momche