сакаш да кажеш дека ако евентулно мажот твој заработува доволно за да го обезбеди сето тоа што го наброи погоре, дека ти ке седиш дома и ке изигруваш домакинка.сега мене ме лажиш или сама се лажиш или сметаш дека нема таков па затоа не шкоди и да се напиши такво нешто.
инаку да ти одоговрам да јас работам , женами исто така ама сепак најдува време за покето работи, за да ми е се по кеф не ми е ама е доволно,за светната можеби и не е и не очекувам да биди ама далеку од запоставена ако ти беше то муабетот.не ја зедов јас неа од убајна убајната е пролазна.инаку и мажот работи така да и неговите домакински улоги треба да страдаат по логика нели???
може може да видиш како може ама кога се сака, та инаку за изговори колку да сакаш.
Јас не би останала дома, за ниту едни пари на светот, но јас сум веќе родена во еден сосема друг свет, значи прво ти имаш растено во сосема друг општествен систем, јас во друг. И со татко ми не се согласувам, ама како татко, ме поддржува, зошто не правам ништо штетно никому.
НО, и да сакам да останам дома (а имам пријателки што токму тоа сакаат, да бидат домаќинки и тоа да им биде работа во животот) не може да се најде таков МАЖ! Тие што имаат доволно пари, не се доволно добри луѓе, мислам дека и самиот знаеш доволно примери на луѓе кои имаат премногу, на кој начин заработиле, и на што трошат. И на истите овие, жените не им се домаќинки, туку купени убавици. Проста работа.
ДА, треба да се најде време за се, пример, со жена ти сте се поделиле, таа готви, ти правиш нешто друго, што и да е потребно веќе!! Но треба да прифатиш дека има луѓе, ете жени, кои не сакаат да готват, и има мажи, на кои не им пречи тоа! Мојот татко има речиси 50 години, па никогаш не се пожалил оти мајка ми не му зготвила! Или зошто била во сабота на работа, или не знам веќе за што. Јас сум дете кое живеело во многу хармонично семејство, каде што се почитува разликата меѓу членовите. Затоа, јас можам да го почитувам мојот маж доколку не сака, на пример, кучето да ни спие на кревет со нас, иако јас тоа го сакам, а тој може да почитува дека јас немам намера да зготвам месо, иако тој тоа го сака.
Како што кажав, секогаш треба да бираме партнер спроти себе, што ги исполнува нашите очекувања, и што му одговараме такви какви што сме! Сигурно има нешто што жена ти не го прави, а комшиката или мајка ти го прави, па ти не паѓаш во несвест поради тоа. Исто како што ти не правиш нешто што комшијата го прави, па жена ти не паѓа во депресија поради тоа.
Затоа јас нема да бидам во брак со традиционален човек, религиозен, со некои според мене, застарени сфаќања. Немој да мислиш, дека сите мажи денес размислуваат како тебе.
Како што кажа, во времето кога ти си го градел својот карактер, најголема вредност и доблест на жената била грижата за домот.
Денеска, не е така, иако во Македонија тоа не се чувствува многу, но јас живеам во Скопје, каде што има секакви луѓе и каде што добро се гледа дека тоа време ,,тато носи, мама меси,, одамна, одамна умре!