За да ги регрутираат хашашините одбирале некои млади и сиромашни луѓе, ги напушувале со хашиш и кога ќе се онесвестеле ги носеле во палатата на Hassan-i-Sabbah. Таму им велеле: „Синко ти умре, а сега си во рајот.“ И така два-три дена од убо-поубо: слатки, јадење, пиење и фамозните 77 девојки. Е арно ама кога му било на дечкото најубаво, пак ќе го напушеле и ќе го врателе од кај што го нашле. Кога ќе се разбудел, еден „ангел“ ќе му кажел: „Синко, те вративме од мртвите. Ако сакаш да се вратиш во рајот, треба да го слушаш Хасан и се што ќе ти рече да направиш.“
Ама мислам дека тоа е мит измислен од непријателите.