САД, Франција и Британија ја нападнаа Либија!

  • Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
на ова видео се гледа како удира у земја авионот


 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Интересна информација


The Libyan Air Force was created after the U.S. and UK pressured then-ruling King Idris to modernise his armed forces so that they could better stand off against revolutionary regimes in the Middle East. The LAF was created in 1963.[11] The Libyan Air Force had an estimated personnel strength of 22,000 in 2005(?). There are 13 military airbases in Libya.[12]
After U.S. forces had left Libya in 1970, Wheelus Air Base, a previous U.S. facility about seven miles from Tripoli, became a Libyan Air Force installation and was renamed Okba Ben Nafi Air Base. OBN AB housed the LPAF's headquarters and a large share of its major training facilities.


Значи пред 50 години Америка и Енглеска вршеле притисок на тогашниот крал Идриз да ја модернизира армијата како би се заштитил од револуционерите. Интересно е што кој и да е против Америка е режим па макат тој бил револуционерен.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Без разлика каков бил Гадафи, што к*р имаат Американциве и Французиве да им се мешаат во внатрешна политика? Што се они?
Зашто сегде го пикаат носот? Зашто сегде се мешаат? глумат светски шерифи...
Изгледа предвидувањата за крај на светот ќе се остварат, не од природни катастрофи туку од нова светска војна... прашање на време е кога ќе избие
Да даде господ да ги снајде 100 х Јапонија ебате амричките шупаци
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
ИСТРЕЛАНИ СТОТИЦИ БОМБИ И РАКЕТИ ВРЗ ЦЕЛИ ВО ЛИБИЈА

Над сто ракети од типот Томахавк се истрелани вечерва од американски воени бродови врз цели во Либија, претежно врз западниот брег, како и врз Триполи. Пентагон потврди дека САД влегоа со воени операции против режимот на Гадафи. Во воена акција се и британските авиони. Врз Триполи најнапред бомбардираа француски авиони. Во воздух се и авиони на Италија и Канада.

Државната либиска телевизија јави дека над Триполи е соборен еден француски авион. Цел на воздушната кампања врз Либија, како што тврдат западни воени извори, е либиската противвозудшната одбрана.

Либиската телевизија јави дека во воздушните напади биле погодени цивилни цели. На прес-конференција за странските новинари вечерва во Триполи владини претставници изјавија дека има цивилни жртви и дека ракетирани биле цивилни објекти, станбени згради, како и едно училиште. Либиската влада оцени дека се работи за варварски напади со цел да се урне Гадафи и да се воспостави контрола врз нафтата. Владата побара меѓународна набљудувачка мисија, но составена од луѓе кои не припаѓаат на „злосторничката коалиција“. Во таа мисија, како што беше речено, може да учествуваат и претставници од Германија. Владата оцени дека се работи за напад во моменти кога армијата на Либија не напаѓа врз бунтовниците, туку само ги заштитува цивилите од терористите на Ал каеда-огранокот за Магреб.

Се очекува либискиот водач Моамер ел Гадафи да и се обрати на нацијата. Во исто време, продолжуваат жестоките борби за контрола врз Бенгази. Некои агенции јавија дека зеленото, државно знаме се вее кај зградата на Судот во Бенгази, што значи центар на градот.

Наспротив воздушните напади, странските новинари јавија дека стотици граѓани, со зелени знамиња во знак на поддршка на Гадафи се собираат во Триполи, Сирт, и други градови, со жив штит да ги бранат целите на странскиот воен напад.

Првиот напад врз Либија го изврши француски авион -ловец во 17.45 часот - бомбардираше и уништи либиско воено возило, што е прв удар нанесен на либиска цел во воената операција со мандат на ОН во Либија, објави француското Министерство за одбрана. Портпаролот на вооружените сили соопшти дека во операцијата за запирање на офанзивата на Гадафи против бунтовничките сили учествуваат околу 20 авиони, од типот Мираж, Рафал и Авакс, во област од 100 на 150 километри околу источниот град Бенгази.

Ал Џазира јави дека француските авиони уништиле четири тенкови.

Се очекува вклучување и на канадски авиони.

Независните воени аналитичари за западни агенции коментираат дека војската на Гадафи во првите моменти од воздушната кампања нема да одговори на нападите од воздух со цел да не ги открие своите радари. Во исто време, проблематично за Западот е што владините сили навлегоа во Бенгази, па ќе биде проблематично што ќе биде цел на воздушните напади - војската или бунтовниците. Доколку има цивилни жртви или жртви кај бунтовниците тогаш воената кампања ќе се компромитира, велат експертите. Според нив, на прашањето колку може да издржи војската на Гадафи, велат дека тоа ќе зависи од моралот на војниците.

Саркози го отвори патот за воена интервенција во Либија

Францускиот претседател Никола Саркози веднаш по завршувањето на самитот посветен на спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, во краткото обраќање до медиумите истакна дека француските авиони кои во моментов ја наделетуваат Либија ќе ги спречат нападите против Бенгази и ќе бидат подготвени да интервенираат против оклопните возила на либиската армија.

Никола Саркози, како што јави дописникот на МИА од Париз, ја остави вратата отворена за дипломатијата, порачувајќи му на Гадафи дека „може да го избегне најлошото, почитувајќи ја без одлагање и воздржаност резолуцијата на ООН“.

Францускиот претседател кој се појавува како лидер на меѓународната интервенција против режимот на гадафи, даде до знаење дека „вратата на дипломатијата ќе се отвори повторно, кога ќе прекинат нападите“ на силите верни на Гадафи против бунтовниците од опозијата.

Обама: САД и коалицијата се подготвени итно да дејствуваат

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД и на коалицијата на земји се подготвени итно да дејствуваат за да се стави крај на насилството против цивили во Либија.

- Нашиот консензус е силен, како и нашата решеност да се заштити народот на Либија, изјави Обама за време на посетата на Бразил.

Непосредно пред оваа изјава на Обама, највисоките државни функционери на САД, Европа и арапскиот свет се состанаа во Париз денеска и најавија претстојна воена акција против либискиот лидер Моамер Гадафи.

Жупе: Воените дејствија во Либија ќе продолжат додека Моамер Гадафи не почне да се придржува кон одлуките на ОН- Воените дејствија во Либија ќе продолжат додека либискиот лидер Моамер Гадафи не почне да ги почитува одлуките на Советот за безбедност на ОН, изјави францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе.

- Операциите ќе продолжат во текот на следните неколку дена, додека Либија не почне да ја почитува резолуцијата на ОН, истакна Жупе во интервју за француската телевизија Франс 2.

Тој додаде дека целта на операцијата е „да биде ослободен либискиот народ од Моамер Гадафи“.

Камерон: Гадафи го прекрши примирјето, време е за итна акција

Либискиот лидер Моамер Гадафи го прекрши прекинот на огнот и ќе се соочи со ургентна акција со цел да се спречи понатамошна смрт на цивили, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон по завршениот самит во Париз, посветен на ситуацијата во Либија.

- Полковникот Гадафи доведе до ова, ја лажеше меѓународната заедница, вети прекин на огнот, нешто што беше прекршено, изјави Камерон за новинарите во Париз.

Камерон додаде дека акцијата треба да биде итна и дека мора да се наметне волјата на ОН, со цел да се избегне понатамошен масакр над цивилите.

Берлускони: Италија ќе обезбеди бази

- Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека Италија ќе обезбеди само бази од каде што би тргнал авион за акција во Либија.

Берлускони додаде дека предложил центар за координација да биде базата во Неапол.

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави по самитот во Париз дека светот е обединет во мислењето дека насилството во Либија мора да престане, но потврди дека нејзината земја нема да учествува во воена акција.

Москва изрази жалење заради преземените воени дејствија во Либија

- Русија изрази жалење поради тоа што западните земји се одлучија да започнат воени дејствија во Либија.

- Москва изразува жалење поради тоа што серија земји започнале воена операција во Либија врз основа на итно донесената резолуција на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Во меѓувреме, Кремљ го отповика амбасадорот во Либија Владимир Чамов. Руски медиуми објавија дека разрешувањето на амбасадорот се
случило неколку часа пред гласањето на резолуцијата на Советот
за безбедност на ОН во четвртокот, со која се дозволи воена интервенција во Либија.

Засега Кремљ не прецизира кои се причините за тоа разрешување.

Катар и неколку европски земји потврдија дека ќе учествуваат во воена операција во Либија

Катар и неколку европски земји, меѓу кои Белгија, Холандија, Данска, Норвешка и Шпанија, на денешната средба на врвот во Париз изразија подготвеност да учествуваат во воениte операции во Либија, јави БТА, повикувајќи се на дипломатски извори, пренесени од странски агенции.

Канада веќе соопшти дека испраќа седум авиони-ловци за оваа операција. Позицијата на САД, кои ја поддржуваат операцијата, се уште не е јасно дефинирана.

Претходно денеска по состанокот во Париз францускиот претседател Никола Саркози објави дека француски авиони веќе летаат над Либија, за да спречат воздушни напади врз градот Бенгази, бастион на бунтовниците. Тој истакна дека француската авијација е подготвена да ги нападне тенковите на Гадафи, доколку е потребно.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во Париз рече дека Грција може да обезбеди на располагање на коалицијата против Либија грчки бази.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони рече дека неговата земја ќе обезбеди бази за операцијата, но нема да учествува во воздушните напади против Либија. Берлускони сепак истакна дека не ја исклучува можноста за поголемо учество на Италија во операцијата во подоцнежна фаза.

Шпанија ќе учествува во создавањето на зона, забранета за летови над Либија, како обезбеди авион за надополнување и четири авиони Ф-18, кои ќе полетаат подоцна денеска од Шпанија кон италијанска база, соопшти шпанскиот премиер Хозе Сапатеро.

Белгискиот премиер Ив Летерм изјави дека неговата земја ќе обезбеди авиони Ф-16, кои сега се распшоредени во јужниот дел на Грција.

Нечас: Од Чешка не беше побарано да се вклучи во воената интервенција во Либија

Чешкиот премиер Петр Нечас денеска повтори дека неговата земја нема да се вклучи во воената операција во Либија и дека никој од неа тоа не го побарал, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешка, според Нечас кон плановите за евентуална воена интервенција во Либија заземала сериозен став и за тоа не поседува потребни капацитети.

Исто како и шефот на чешката дипломатија, Карел Шварценберг и премиерот прецизираше дека на чело на иницијативата во моментов е поставена Франција.

Нечас смета дека воената акција ќе биде предводена од „ад хок“ коалиција, а не меѓународните институции, како на пример НАТО.

- Не бевме контактирани и не сме изненадени поради тоа. Ние спаѓавме во земјите кои заземаа сериозен, „трезен“ став и не повикувавме на воена акција. Како второ, нашите воени капацитети не се од тој тип, кои сега би можеле да бидат вклучени, изјави Нечас за чешката државна телевизија. Тој додаде дека Франција е еден вид „портпарол на таа коалиција на подготвените“.

Чешка, според Нечас е подготвена доколку е потребно на Либија да и обезбеди хуманитарна помош. Тој најави дека Владата на вонредна седница ќе разговара за сегашната ситуација во оваа северноафриканска земја додавајќи дека со министерите за надворешни работи и одбрана константно ја подготвуваат чешката позиција во разговорите со НАТО и ЕУ.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=5&item=6742
tl:dr

За што точно ја нападнаа Либија? (у кратки црти)
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
на ова видео се гледа како удира у земја авионот



Ова беше пред да интервенира Франција, така да ова ќе да биде некој авион од Либиската армија... башка ако повнимателно ги загледаш сликите ќе видиш дека ова е руски модел.
 
T

Tetro

Гостин
tl:dr

За што точно ја нападнаа Либија? (у кратки црти)
За да го кутнат Гадафи, демек подобро ќе било.

Уствари, за да им украдат се што си имаат луѓето, да им ја земат слободата што ја имаа до вчера и да им го продаваат сето тоа после по дупла цена.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.655
Поени од реакции
22.731
tl:dr

За што точно ја нападнаа Либија? (у кратки црти)
- Ако Гадафи не ја испочитува резолуцијата на Меѓународната заедница, тој ќе се соочи со последици - одговорот ќе биде воена интервенција, изјави Барак Обама

А, токму тоа и се случува. Француски воени авиони веќе бомбардираат делови на Либија. Прв на мета е источниот град Бенгази, каде се водат најжестоките борби меѓу про и анти владините сили. 20 авиони Рафал, гордоста на француската авијација, се вклучени во воведната пресметка со режимот на Гадафи. Наскоро ним треба да им се приклучат и италијански и британски воени авиони.
Жестоко ќе одговориме на секаква агресија, гласеше изјавата на францускиот претседател, Никола Саркози, по средбата меѓу западните и арапските лидери во Париз, каде беше донесена финалната одлука за воена интервенција во Либија.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Зошто не беше ваква реакцијата на западот кога Израел убиваше цивили во Палестина 2008-та? Гадафи не е светец, но многу селективна политика водат Америве.


 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
бре бре ... значи поголемо племе од америве и коалицијава нема ...
Напаѓаат држави кои неможат да им возвратат... Ако се толку мужи што не ја нападнат Кореја? Има одма нуклеарка да летне...
ќе покажуваат сила вака на држави кои неможе да го возвратат ударот, се додека не налетаа на некоја која ќе врати со нуклеарка и тек тогаш ќе биде крај света...

Им посакувам што е можно повеќе американци и компанија да изгинат во Либија.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
- Ако Гадафи не ја испочитува резолуцијата на Меѓународната заедница, тој ќе се соочи со последици - одговорот ќе биде воена интервенција, изјави Барак Обама

А, токму тоа и се случува. Француски воени авиони веќе бомбардираат делови на Либија. Прв на мета е источниот град Бенгази, каде се водат најжестоките борби меѓу про и анти владините сили. 20 авиони Рафал, гордоста на француската авијација, се вклучени во воведната пресметка со режимот на Гадафи. Наскоро ним треба да им се приклучат и италијански и британски воени авиони.
Жестоко ќе одговориме на секаква агресија, гласеше изјавата на францускиот претседател, Никола Саркози, по средбата меѓу западните и арапските лидери во Париз, каде беше донесена финалната одлука за воена интервенција во Либија.
Ахам, ахам, вака политички звучи фер.
А што точно е резолуцијата и дали Гадафи прифатил да ја поштува?

--- надополнето ---

За да изиграваат нација која сака мир во светот... тоа ти е официјално а неофицијално за нафтата :)
E тоа ме интересираше, неофицијално за нафтата...
А официјално се кријат позади “не поштуваш резолуцијата па мораме да те средиме?“ фората?
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Без разлика каков бил Гадафи, што к*р имаат Американциве и Французиве да им се мешаат во внатрешна политика? Што се они?
Зашто сегде го пикаат носот? Зашто сегде се мешаат? глумат светски шерифи...
Изгледа предвидувањата за крај на светот ќе се остварат, не од природни катастрофи туку од нова светска војна... прашање на време е кога ќе избие
Да даде господ да ги снајде 100 х Јапонија ебате амричките шупаци
И јас тоа денеска цел ден се прашувам ама немав храброст да прашам овде ...
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=5&item=6742

Цел на воздушната кампања врз Либија, како што тврдат западни воени извори, е либиската противвозудшната одбрана.


Либиската телевизија јави дека во воздушните напади биле погодени цивилни цели. На прес-конференција за странските новинари вечерва во Триполи владини претставници изјавија дека има цивилни жртви и дека ракетирани биле цивилни објекти, станбени згради, како и едно училиште.
Како не, исто како што немаше бомбардирање на цивилни цели, мостови, училишта и згради во Србија...
У право е либискава телевизија
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Американциве рикаат малку радијација што ќе им дојде, од мравка слон прават а фактички тие со нивното популарно let's nuke 'em го озрачија цел свет. Карма ис а бич.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom