Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
не знам мене скап ми изгледа овој Ревивогенот и недоволно ветувачки за експериментирање (рекламата што ја прават е добра како и на секој продукт ама наидов и на многу коментари каде што немало резултати)
значи плати 100 евра за да видиш дали ке функционира (иако мислам дека 6 месеци е малку - барем 1 година или 200 евра)
од 39 доброволци , кај 30 имало позитивно подобрување а кај 9 никакво подобрување
ако сакате да ги погледнете поединечно мислењата на секој од учесниците линк тука:
http://www.minoxidil4less.com/revivogen_trials.html
некаде кај околу 70% функционира а кај 30% не
епа ако го купувате молете се да бидете еден от тие 70% :pos2:

ама поради тоа што мислам дека чаевите не помагаат а Ревивогенот или Спиро ми изгледа како најдобра солуција после финастеридот така да хмм може да се излажам да го земам
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Каква храна/витамини и слични ствари треба да зимам против опаѓање на коса, бидејќи на 16-17 години неверувам дека е до гените, а и плус имам проблеми со исхрана :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Првен верувај дека е, пошто кај мене првите залисци почнаа на 14. И до хормоните е, не е до гените.
Иначе задржи се на овошје и зеленчук.
За витамини, ако си слаб пиј Мерц, ако си дебел Фитовал витамини за коса. Двете ги има во Зегин.

--- надополнето ---

Инаку сега прочитав дека ревивоген има надградена формула, па ваљда затоа е за 10ина долари поскапа.
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Ахх, слаб, земав фитовал 2 месеца пиев тие капсули, сега пак ке купам, а шампон скоро месец како користам, овој жолтиов против опаѓање, што е/какво е тоа МЕРЦ?
 
bbk

Член од
4 декември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
А ако сум таман,што да пијам,фитовал или мерц? КОлку пари се фитовал витамините? :) И, Едно прашање за миноксидилот,тој се нанесува само на местата кај што немам коса,или може по целата глава(затоа што косата ми се ретчи по целата глава)?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
Каква храна/витамини и слични ствари треба да зимам против опаѓање на коса, бидејќи на 16-17 години неверувам дека е до гените, а и плус имам проблеми со исхрана :)
дечко ако не е до гените нема што да се секираш
сите имаме нервозни и стресни моменти

ако не е до гените нема да окелавиш како што ние со гените келавееме
значи опагањето на косата или келавеењето е процес кој не може да се сопре (у смисла го сопираш моментално додека користиш лекарства инаку не можеш трајно да го сопреш освен со пресадување на влакна)

--- надополнето ---

А ако сум таман,што да пијам,фитовал или мерц? КОлку пари се фитовал витамините? :) И, Едно прашање за миноксидилот,тој се нанесува само на местата кај што немам коса,или може по целата глава(затоа што косата ми се ретчи по целата глава)?
значи ако е забележително ретчењето тогаш гените се во прашање ...
миноксидил не ставај на глава ако немаш 18 години
дај повеке информации за тебе за да ти кажам што би ти помогнало (не дека сум некој експерт за тоа) него мое лично мислење од тоа што сум го прочитал

п.с наодјобро би било да ставиш слики ама многу луге се срамат и тоа е најголемата грешка
 
bbk

Член од
4 декември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Имам 21 год. Од пред 3 години почна да ми опаѓа косата,ама тогаш не беше толку многу изразено. Сега на секое миење ми паѓаат по 60 влакна отприлика. До сега не сум користел ништо,освен што пијам чај од коприва,и од минатата недела земав фитовал шампон,ама нз колку ќе ми помогне.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Имам 21 год. Од пред 3 години почна да ми опаѓа косата,ама тогаш не беше толку многу изразено. Сега на секое миење ми паѓаат по 60 влакна отприлика. До сега не сум користел ништо,освен што пијам чај од коприва,и од минатата недела земав фитовал шампон,ама нз колку ќе ми помогне.
Имав другар кој имаше ваков проблем и пиеше пивски апчиња. Ги има во секоја аптека мислам.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Имам 21 год. Од пред 3 години почна да ми опаѓа косата,ама тогаш не беше толку многу изразено. Сега на секое миење ми паѓаат по 60 влакна отприлика. До сега не сум користел ништо,освен што пијам чај од коприва,и од минатата недела земав фитовал шампон,ама нз колку ќе ми помогне.
60? :O :O Мене едно да ми падне страв ми е. :(
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.952
Боби[Мкд];4184902 напиша:

100 до 150 влакна дневно нормално е да паѓаат, тебе ти паѓаат ама сигурно не ги приметуваш дур се шеташ низ град, низ факс и на 300 други разни места, не е ни изводливо да ги броиш, така да не кревајте толку паника за паѓање на влакна бидејќи тоа е нормален процес ( и е случај кај сите ), нормално, доколку истото не е претерано.

Е сега уз миење на коса ако приметите голем број на паднати влакна, или дур спиете на перница и слично, тогаш терајте на проверени работи, од дерматолог до шампони, лосиони и слично.

Да додадам само, гени се во прашање и бидете свесни за истото, имаат влијание и оние од мајката и оние од таткото, така да ако и во двете семејства ќелавоста е наследна тогаш тука најголема е веројатноста и детето да го има тој проблем, многу истражувања се правени на оваа тема и прстот е посочуван и на двете страни, ако страната на мајката го нема тој проблем, а онаа на таткото го има, шансите детето да го нема овој проблем се поголеми и обратно, во случај и двете семејства да го немаат овој проблем, тогаш тука веројатноста за детето да нема проблеми со ќелавост, нормално, е најголема.
 
Веруј дека пратам нон стоп дали паѓаат, фобија имам од тоа, јебига. :pos: Сакам барем дур се женам да имам коса. :pos:

Коа се бањам ич не ми паѓаат, многу ја негувам косата.

Сеа од кога ја пуштив подолга почнав прв пат да приметуем малце да ја растресам едно влакно ќе падне и одма проработува стравот. :(

Ќе се ишишам нула само да не се замарам.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.952
Боби[Мкд];4184960 напиша:
Веруј дека пратам нон стоп дали паѓаат, фобија имам од тоа, јебига. :pos: Сакам барем дур се женам да имам коса. :pos:

Коа се бањам ич не ми паѓаат, многу ја негувам косата.

Сеа од кога ја пуштив подолга почнав прв пат да приметуем малце да ја растресам едно влакно ќе падне и одма проработува стравот. :(

Ќе се ишишам нула само да не се замарам.
Aбе ти реков, паѓањето е нормален процес и ти сакал нејќел дневно губиш над 40-50 влакна сигурно само тоа не го приметуваш, тоа е карактеристика за секој човек, и машко и женско, колку и да внимаваш на тоа, 24/7 не си во состојба истото да го правиш, затоа ти реков, не е страшно ако косата паѓа во границите на нормалата за секој човек, страшно е ако паѓањето на влакна ги надминува оние граници на нормалното ...

Е сега бидејќи не е изводливо да се знае оваа бројка, обично при бањање, на перница по спиење, на лабаво и тн и тн, може да се провери до некаде фрекфенцијата на паѓање ( не алудирам на броење на влакна, претерано е тоа ).

Ако веќе се интересирате за овој проблем, позамарајте се со мама и тато и нивните фамилии за да отприлика добиете слика за шансите да имате или немате проблем со наследната ќелавост, од гени, сакале нејќеле, нема бегање, можете само да го успорите процесот со разни третмани но тој и вака и така ќе тече, само со пресадување на коса може перманентно да се реши овој проблем но тоа е доста скап а и доста болен третман.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
Боби[Мкд];4184902 напиша:
60? :O :O Мене едно да ми падне страв ми е. :(
значи дечко да не ја труеме темава со непотребни срања и работи којшто недржат место (како што би рекол venividivici - креаторот на темата)
темава има 53 страници...значи да прочиташе голем дел од нив ке ти беа повеке работи јасни, а и одозгоре на сето тоа "SYN" ти објасни дека во денот нормален процес е да ти паднат 100 влакна
така да броењето на влакна е најглупа работа , а особено ако не го правиш тоа правилно
значи ти што си ја пуштил подолга косата тоа значи дека се поприметливи влакната кога пагаат.... не дека кога ти е пократка не пагаат , само повеке не ги приметуваш бидејки се пократки (истиот проблем го имав и јас)
инаку не се согласувам со "SYN" дека пресадувањето е доста болен третман (едноставно ако би го правиле тоа направете го во поразвиена држава)
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
дечко ако не е до гените нема што да се секираш
сите имаме нервозни и стресни моменти

ако не е до гените нема да окелавиш како што ние со гените келавееме
значи опагањето на косата или келавеењето е процес кој не може да се сопре (у смисла го сопираш моментално додека користиш лекарства инаку не можеш трајно да го сопреш освен со пресадување на влакна)

--- надополнето ---

значи ако е забележително ретчењето тогаш гените се во прашање ...
миноксидил не ставај на глава ако немаш 18 години
дај повеке информации за тебе за да ти кажам што би ти помогнало (не дека сум некој експерт за тоа) него мое лично мислење од тоа што сум го прочитал

п.с наодјобро би било да ставиш слики ама многу луге се срамат и тоа е најголемата грешка
Незнам, барам така ми се гледа околу гените, ама како да ми се шират предните зализоци, и тоа ме нервира и сакам да ги нема.. Што е најдобро за ваков вид на опаѓање, што да земам?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
Незнам, барам така ми се гледа околу гените, ама како да ми се шират предните зализоци, и тоа ме нервира и сакам да ги нема.. Што е најдобро за ваков вид на опаѓање, што да земам?
кога ке осетиш да ти се шири на темето ке заборавиш на залистоците :D
не би се замарал јас толку за залистоците (странично освен ако не почне да се шири и во средината во предниот дел)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom