САД ќе осуди 13 годишно момче на доживотен затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Триенаесетгодишното момче, Џордан Браун би можел да стане најмладиот американски осуденик на доживотна казна доколку судот не го одобри барањето на неговиот адвокат да му се суди за убиствата како малолетник.

Џордан имал само 11 години кога ја убил бремената вереница на неговиот татко, Кензи Хук.

Убиството се случило минатата година во близина на Питсбург. Џордан пукал во Кензи додека таа спиела и потоа заминал на училиште како ништо да не се случило.

Во моментот на убиството, Кензи имала уште само две недели до породувањето, а бебето кое парот сакале да го крстат Кристофер, починало.

Поради тоа момчето било обвинето за две убиства. Тој ја убил Кензи со ловџиска пушка, посебно направена за деца.

Против судењето на момчето како возрасна личност, застанале и организациите Human Rights и Amnesty International. Само САД и Сомалија одбиле да ја потпишат Конвенцијата на ОН за правата на децата, според која децата помлади од 18 години не би можеле да бидат осудени на доживотен затвор.

img4605428.jpg
 
ц ц ц ц ............. Да го оставиш така, како ќе живее со таа совест на двојно убиство, да го затвориш е дете, апсолтно дете..... Од друга страна како да не го осудиш како возрасно лице после ова што го направил. Жално е - но вистинито. Нема живот за овај повеќе нити за неговиот татко па. ц ц ц
 
Доживотна за ваквите. Од овој не очекувајте човек да стане.
 
Многууу строга казна нз нз , малоолетно дете е не смее доживотно за ова дете веќе нема живот... Така ке го помини животот во затвор ...
 
Многу си личам со малиов, кога бев помал ист ко овај бев хахахахахахаха па да не сум ја бе :vozbud: и кркмата иста ни е
:vozbud:
 
Само си е криво за тоа,кој го терал да убива?Никој,е сега нека скапува таму

Ајде не зафркавај 13 години има , детето е пореметено и не треба да го стават во затвор туку на рехабилитација.
 
Не знам шо толку се бунат за доживотен затвор.Ок, има 1000000 причини но мене ми е нормално доколку тоа биде крајна пресуда.Сепак и да не е доживотен затвор сум за тоа казните да бидат огромни ова е убиство од 1 степен или убиство со предумисла и не знам што е тука спорно да не одлежи барем 30-40 години.До 18 нека биде во некој дом после нека продолжи да ја одлежува казната у некој државен затвор.А не како кај нас рокне двајца пресуда 10 години со 2 помилување излезе за 8 лично знам таков пример и сега се шета си уживка а излезе на 39 години шо значи има уште доста да живее а ладнокрво му опна метак у глава на еден у сред кафич али јбг...ојде јас офф.
 
Ајде не зафркавај 13 години има , детето е пореметено и не треба да го стават во затвор туку на рехабилитација.
Има некој убиец што не е пореметен? Според ова, сите треба да идат на рехабилитација наместо во затвор.
 
Ајде не зафркавај 13 години има , детето е пореметено и не треба да го стават во затвор туку на рехабилитација.

Мислиш дека не било свесно?дека не знаело што да прави??еднаш убило ке се случи и втор пат па и трет пат.Што ти гарантира рехабилитацијата?дека ке се излечи целосно?Додека е на слобода,може да продолжи со вакви убиства.
 
Ајде не зафркавај 13 години има , детето е пореметено и не треба да го стават во затвор туку на рехабилитација.

Јас мислам и антистрес терапија да му се плати и да го пуштиме на подолг релаксирачки одмор на некоја егзотична дестинација , за да си ја среди психата малце.
 
Јас сум против толкава казна. Нека остане во затвор до 35-40 години возраст, значи околу 25-30 годишна казна. Мислам дека не е во ред толкава казна за дете што убило. Освен ако на психолошките тестови не се покаже дека е вистински непоправлив монструм. И од тоа зависи, од тоа какви околности довеле до убиството. Инаку подобро нека му дадат смртна казна ако е до толку растроено, отколку доживотен затвор.

Туку нека земат нека го казнат и тој шо дозволил детево да си има ловџиска пушка за деца.
 
А како би се докажало нешто спротивно......Дека му било досадно??? Дека било љубоморно на детето шо требало да се роде??? Ништо не го оправудва освен тоа дека е сјебано у главата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom