Челзи - Манчестер Јунајтед 01.03.2011 (20:45h)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Челзи

    Гласови: 55 45,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 54 44,3%
  • Нерешено

    Гласови: 13 10,7%

  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ок, како било...не планирам да полемизирам за тоа што и како било...мислам сите го гледавте и видовте што се случуваше.

Само ме интересира што мислиш, дали требаше да има пенал за Челзи и црвен картон за Луиз.
Да и за двете, требаше втор жолт картон за Давид Луиз и пеналот за Челзи е на место.
 
Влијае да се игра до 97 минута иако се 4 продолжени.
Јас не видов такво нешто, напротив, мислам дека ако дадеа гол Јунајтед, брзо после тоа ќе имаше уште еден пенал за гомцата од лондон!
Инаку дополнителни минута и пол се играа заради исклучувањето на Вида!
 
Одлична утакмица за гледач како мене (кој не може да се одлучи која екипа повеќе ја мрази) :)

Прво полувреме можеби статистиката беше на страна на Челзи ама кој се водел од статистика се заебал. Првото полувреме Манчестер диктираше се во натпреварот, а голот баш Руни стајл. Еден индивидуален потег и оп водство.

Второ полувреме или Челзи конечно се разбуди или Манчестер заборави да игра фудбал. Како и да е ова што јас го гледав беше убедливо најкатастрофално полувреме одиграно од Манчестер. Комплетно се изгубија, Челзи наметна страшна игра и голот на Луиз беше јебење. После пенал за пенал имаше, ама уште сум во шок како толку лесно го досуди Еткинсон. Многу судии во и не толку јаки натпревари не се осудувале да покажат на белата точка. Не велам дека е грешка досуден, ама се изненадив што имаше конечно еден судија муда да свирне пенал во таква утакмица.

Не ми се јасни две работи само. Како Руни избегна казна па играше денеска, и како Луиз не доби црвен картон во минутите откако го постигна голот. 60-65 минути беспрекорна игра прикажа, стварно страшен играч, ама колку глупости направи за краток период ми го расипа впечатокот. Онаа намерна опструкција на Руни мораше да му донесе и црвен картон. И конечно паметен потег на Анчелоти што го извади веднаш од игра.

А, се чудам и на играњето на Лампард. Зашто игра нека ме потсети некој? Одлично изведување на корнери и слободни удари, нема што, ама човекот е дупка кога и да го гледам Челзи. Шо го даде пеналот не го рачунам за нешто посебно, тоа е најмалку што може да се очекува, таман работа и да го промашеше. За Торес ќе пробам да не коментирам, ама со секој нареден натпревар докажува дека ја направи можеби најголемата грешка што играч може да ја направи во кариерата. Летото ќе имаше 5 пати поширок избор каде да оди.

Оу и само уште нешто. И оваа излезе два-у-кец нели. Колку и да беше добра утакмицата, овие мочаниве кладилници веќе не му дозволуваат на човек а да не се сомнева кога ќе испадне ваков резултат на такво дерби.
 
Јас не видов такво нешто, напротив, мислам дека ако дадеа гол Јунајтед, брзо после тоа ќе имаше уште еден пенал за гомцата од лондон!
Инаку дополнителни минута и пол се играа заради исклучувањето на Вида!
Јас видов, на еден друг натпревар, на Олд Трафорд....
 
Јас видов, на еден друг натпревар, на Олд Трафорд....
Против Челзи?
Јас не велам дека нема судиски грешки, но ова е кражба, мора да се врати челшит во игра, роман троши милиони!
 
Позз до Џену или како и да е сега.. Ме отепа заебавање пред утакмица . :))
 
Јас не видов такво нешто, напротив, мислам дека ако дадеа гол Јунајтед, брзо после тоа ќе имаше уште еден пенал за гомцата од лондон!
Инаку дополнителни минута и пол се играа заради исклучувањето на Вида!

0.jpg


Или пак

pivo_pullitr1.jpg


за живце!

За твое добро ти го кажувам ова,затоа што имаш отворено 5 јузери,а те толерираат на форумов и тоа не знам поради која причина.Освен тоа си дозволуваш да се брукаш и срамотиш со вакви дебилни изјави во кои вреѓаш ко циган на улица,а имаш 30 години.
 
Да бе, не тоа шо Манчестер Јунајтед се опушти ко против Кравли Таун да игра.

Да и за двете, требаше втор жолт картон за Давид Луиз и пеналот за Челзи е на место.
Ок прочитај го цитатов на непристрасен навивач и провери се малку во врска со одлуките на судијата. Изгледа само ти го виде пеналот и тоа дека Манчестер не беше оштетен.

1.Аткисон требаше да го исклучи Луиз,односно да му даде втор жолт картон.
2.Пеналот за Челзи беше дискутабилен.Не се знае точно дали Жирков налета на Смолинг или пак Смолинг го фаулираше него.Судија кога ќе види дека играч паѓа во казнет простор без двоумење свири пенал,па затоа можеби и овој нослаков го направи тоа.
3.Црвениот на Видиќ исто така беше оправдан.Дури и тој не се бунеше толку,затоа што знаеше дека не е во право.
4.Имаше и други ситни ситуации кои можеби судијата ги досуди во корист на Челзи,го признавам тоа.Но,очигледно е дека судењево во Англија годинава е катастрофално!
 
Против Челзи?
Јас не велам дека нема судиски грешки, но ова е кражба, мора да се врати челшит во игра, роман троши милиони!
Не, и точно тоа беше поентата, дека то го кажувам според то шо сум видел, т.е. перцепирал, а не од пристрасност или непристрасност.
 
Ок прочитај го цитатов на непристрасен навивач и провери се малку во врска со одлуките на судијата. Изгледа само ти го виде пеналот и тоа дека Манчестер не беше оштетен.


1.Аткисон требаше да го исклучи Луиз,односно да му даде втор жолт картон.
2.Пеналот за Челзи беше дискутабилен.Не се знае точно дали Жирков налета на Смолинг или пак Смолинг го фаулираше него.Судија кога ќе види дека играч паѓа во казнет простор без двоумење свири пенал,па затоа можеби и овој нослаков го направи тоа.
3.Црвениот на Видиќ исто така беше оправдан.Дури и тој не се бунеше толку,затоа што знаеше дека не е во право.
4.Имаше и други ситни ситуации кои можеби судијата ги досуди во корист на Челзи,го признавам тоа.Но,очигледно е дека судењево во Англија годинава е катастрофално!
[/QUOTE]
Шо е различно? Тоа шо тој вели дека пеналот е дискутабилен но не вели дека не е пенал, а јас викам дека беше пенал. И?
Останатото шо, можам само да потврдам дека судењето, како и многу други работи во англискиот „професионален“ фудбал е катастрофално , и то не само годинава.
 
Имаше спорни ситуации али не мора да плачете како бебиња.И све судијата крив.Признајте си пораз сега,тоа е тоа.
Поздрав.
 
2.Пеналот за Челзи беше дискутабилен.Не се знае точно дали Жирков налета на Смолинг или пак Смолинг го фаулираше него.Судија кога ќе види дека играч паѓа во казнет простор без двоумење свири пенал,па затоа можеби и овој нослаков го направи тоа.
о

Вака сега. Колку што видов на повторената снимка, Смолинг за момент ја испружи ногата, доволно Жирков искусно да налета на него и да добие пенал. Тоа е грешка на одбрамбениот играч , невнимателност, деконцентраија, неискуство...Слична ситуација кога беше досуден пенал за Ман. Јунајтед против Арсенал, кога Руни ја лизгаше десната нога по цел шеснаесетник, а не беше во контакт со Алмуниа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom