- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Грчки националисти фрлаа јајца на муслимани за време на молитва во Атина
Грчки националисти со јајца нападнаа муслимани за време на молитва во Атина. Прославата на Курбан Бајрам се одржа на отворено, на неколку плоштади во грчката престолнина. Припадниците на екстремистичката партија “Хриси Авги“ (Златна зора) кои бараат Атина да се исчисти од имигранти, ги нападнаа муслиманите за време на нивната молитва.Додека пак некои од жителите на населбите каде што се одржуваше ритуалот излегоа на балконите со грчки знамиња и со пуштена гласна музика.
Фактот што во Атина нема џамија предизивикува реакции од припадниците на муслиманската вероисповед, кои денеска се собраа над 13 000. Тие се во исчекување на изградба, бидејќи, како што велат владата го ветила тоа.
“Постои обврска и законска одлука за изградба на џамија во Атина, за нашите сограѓани муслимани да можат безбедно и верски слободно да ги извршуваат обредите на нивната религија" – рече владиниот портпаро Јоргос Петалотис.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&eventId=67293