Се стега слободниот визен режим за патување во ЕУ

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Држ ми маро кочанов работава, се знаеше дека вака ке испадне после бранот емигранти искрено кажано јас мислев дека ке ни укинат визната либерализација,али јебига ни сега нее толку либерално само шо не чекаш виза, е сега во секоја земја и секаде овие прашања се поставуваат на граница и цариникот може а и не мора да те праша ама ако си му сомнителен има право и да те врати назад па фино лепо си чекаш смена и опет јово на ново си ја пробуваш среќата :)
Нема граници во ЕУ ,само влезните граници Словенија и во Унгарија ,натака можеш од Португалија до Латвија да патуваш без никој ништо да те праша ...затоа и не држи вода муабетот за тоа колку финансии ти требаат за некоја држава
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Да појаснам, ова беше објавено во Дневник минатата година некаде пред стапување во сила на либерализацијата а после носење на одлуката (сликата е превземена од блогот на VBB), и содржи информација кои ќе бидат условите за дозвола за влез во одредена земја, со визната либерализација.



Значи јас цело време знаев дека е така, така се покажа и во пракса со прашуања на цариникот:
- каде одам
- дали имам резервација во хотел
- дали имам повратен билет
- дали имам кеш/картичка
и немаше никаков проблем. И сега уште се чудам зошто се дискутира како демек визната либерализација ќе била стегната бидејќи цариникот ќе те прашувал каде одиш, дали имаш резервација, повратен билет, кеш/картичка. Ништо ново на запад.
Значи вака да се разбереме, овие услови нормално дека се бараше, и скоро сите граѓани беа информирани за ова работа,но финтата е што не беше ЗАДОЛЖИТЕЛНО..

А сега ќе е задолжително,тука е разликата, а во едно и по големи контроли ќе има, значи ќе барат влакно во јајцето...

--- надополнето ---

А1 Колумна: Контролирана визна либерализација

Љубиша Николовски

06.11.2010 19:02
Толку ли беше од балканската визна либерализација. Од понеделник безвизниот режим нема да бил толку либерален, односно ќе бил контролирано либерален.
Што значи тоа!? Ќе дознаеме од понеделник по состанокот на министрите за правда на земјите членки на унијата.
Но отприлика значи пак ќе не меркаат на граница, на аеродром, кој си што си, каде си тргнал, пасошот дали е биометриски, имаш ли доволно пари, карта повратна, писмо, ова она. Е зошто? Зашто се исплашија од нас. Наместо туристи, добија азиланти и економски емигранти.
А уште тогаш и ние знаевме и тие беа свесни кој се ќе патува во Европа. Без сомнение оние по имотните, но уште повеќе оние кои воопшто немаат пари.
Па тие за тоа и заминуваа во Европа-за да заработат или да останат. Кога европјаните сфатија што направиле со визната либерализација, дојдоа тука да ја убедат владата да преземе мерки народот да не заминува неповратно масовно во странство.
Како-па да им го подобри животниот стандард. Ха, ха. Па тоа го бара два милона народ у Македонија. Тие се сите потенцијални азиланти и економски емигранти и печалбари.
Не само за во Европа, и отаде неа- во Америка и Австралија традиционално. Само кога би можеле. Ако пак не тогаш и Ирак е добар. Ама било опасно, па и овде е опасно.
Е сега умните навреме заминаа. И тоа не многу далеку-кој во Бугарија кој во Чешка. Почнаа бизниси и добро заработија. Еве да не беше брат Љубе на пример немаше да знам колку имот стекнал директорот на УБК Мијалков во Чешка.
Да се чудиш, толку моќен, а речиси невидлив - толку богат а полицаец. Но важно е домаќин и се грижи за фамилијата.
Добро имало и други домаќински богати фамилии во Македонија. Само некои си ги криеле нозете, а други потранспарентно ја кажувале својата имотна состојба.
Но да не бидам циник поарно и богати граѓани одошто сиромашна држава.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129846
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Се уплашиле од азилантите што ги/се вратија?? Колку беа такви? 200? 300? 1000?

А не се уплашија од 2 милиони романски цигани што ги примија во ЕУ и од пола африка што им се пресели таму, туку од овие се уплашиле..

Абе ај...педерска работа...
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Се уплашиле од азилантите што ги/се вратија?? Колку беа такви? 200? 300? 1000?

А не се уплашија од 2 милиони романски цигани што ги примија во ЕУ и од пола африка што им се пресели таму, туку од овие се уплашиле..

Абе ај...педерска работа...
Pa sve peder do peder e tamu, sto ocekuvas, samo uste ima glupa masa kaj nas pa im veruva na slatki muabeti.
 
P

Princ

Гостин
И еве, дојде понеделник, и ЕУ донесе одлука за "стегање на слободниот визен режим": ќе ги проверувале подобро биометриските пасоши.
Ако досега не го правеле тоа, секоја чест :tapp:
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
И еве, дојде понеделник, и ЕУ донесе одлука за "стегање на слободниот визен режим": ќе ги проверувале подобро биометриските пасоши.
Ако досега не го правеле тоа, секоја чест :tapp:
Чути, за сега се спасивме

:cuc:



Граѓаните на БиХ и Албанија од 15 декември без визи во ЕУ

08.11.2010 - 13:05 |


Чудно или не, но негативното искуство со Македонија и Србија му помогна на Брисел во носењето на одлуката за безвизен режим со Албанија и Босна.

Проблемите кои Скопје и Белград им ги направија ги научија Европјаните каде треба да внимаваат и што треба да бараат од кандидатите за визна либерализација.
Од друга страна пак, најавите за заострување на безвизниот режим за Македоинија и Србија останаа само најави. Таканаречениот мониторинг - механизам на визната либерализација е всушност веќе имплементиран во Македонија, тој подразбира размена на информации и директна комуникација со Европската комисија и со сите земји од Шенген зоната.
И извори од Европската Комисија потврдуваат – најавите за ригорозен и заострен режим се шпекулации, механизмите веќе се спороведуваат.
Сепак, едно останува – ако се претера со злоупотребата на либерализацијата, можно е укинување за која и да е од сега 5-те земји од Западниот Балкан.
Од 15-ти декември и Албанија и Босна ќе му се приклучат на западно-балканското семејство патувачи без виза. Сите оние кои имаат биометриски пасош без проблем ќе можат да патуваат во земјите од Шенген зоната.
Црна дупка остана само Косово, единствената земја од регионот чии жители мораат да имаат визи.
И името несакајќи влезе во агендата на Ватле – неколкупати не ослови како Македонија, заборавајќи или не почитувајќи ја практиката на Европската Унија.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/gragjanite-na-bih-i-albanija-od-15-dekemvri-bez-vizi-vo-eu

--- надополнето ---

лелееее што е ова работа бе??:tapp:

Случајот Илијази - чекор кон затегнување на визниот режим?

Тања Милевска
08.11.2010 19:34

Двојката Илијази од Македонија заглави во транзит зоната на бриселскиот аеродром како во лош филм, затоа што им фалат педесетина евра.
Дојдени да си го видат синот кој живее овде легално, родителите веројатно не можеле ни во најлошиот кошмар да помислат дека ќе ги снајде ваква судбина.
„Тие дојдоа во Белгија да си го посетат синот кој легално живее овде. Со себе имаат само 1.000 евра по човек но, според Законот на Бирото за странци тие мора да имаат 38 евра дневно, а остануваат 30 дена.
-Што значи дека вкупно им требаат 2.052 евра, а тие имаат 2.000 евра. Им фалат 52 евра“, вели Дрита Душај, адвокат на семејството Илијази.
И не е чудо што се заостри односот на европските власти кон туристите од Македонија и регионот и што отсега ќе им бројат до последен цент.
По две предупредувања до властите лично од белгискиот премиер во март па од неговиот министер за азил во септември, Македонија не успеа да го спречи бранот азиланти кои во ЕУ доаѓаат во потрага по поудобен и побогат живот.
Иритирани од неодговорниот однос на властите од регионот, министрите на ЕУ не само што воведоа контролни механизми врз визната либерализација денеска, туку јасно и гласно порачаа дека ако нема подобрување во најскоро време, визното ослободување едноставно може да биде укинато.
„Правилата во однос на визната либерализација имаат можна суспензија во однос на овој систем на либерализација. Значи она што го сторивме беше да ги повикаме сите постоечки механизми, достапни за институциите, ако има некој проблем“, изјави Мелкор Вателе, државен секретар за азил и имиграција.
Трагичната судбина на семејството Илијази може да го снајде секој Балканец во иднина, а затоа најголема одговорност ќе сносат локалните власти во Македонија и регионот.
Кога ја даде визната либерализација ЕУ истовремено потсети дека таа мора да се спроведува одговорно и согласно правилата и законите на ЕУ.
Денеска двојката Илијази ја плаќа сметката на неодговорноста на цела држава.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129936
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Се враќаат визите за Mакедонија?

25.02.2011 19:34

Мелкиор Ватле

Лекцијата не е научена, а новите ученици се покажаа далеку поуспешни од Македонија. Имено, бранот азиланти кои доаѓаат од Македонија продолжува да биде превисок.
И покрај предупредувањата на белгиската влада лани и ветувањата од македонската влада дека ќе спроведат ефикасни информативни кампањи кај населението, само за овој месец близу сто Македонци побарале економски азил во Белгија.
За споредба, од Босна, на која визите и беа укинати пред само неколку месеци, нема ниту еден таков азилант.
„Во секој случај, имаше информативни кампањи кај албанското и босанското население, што значи дека има начин да се упати таа порака. Инсистирам на тоа македонското население да го искористи визниот режим на позитивен начин. ЕУ покажа доверба во Македонија кога го либерализираше режимот.
- Сфатете го ова како прилика, инаку ќе го ставите системот во опасност“, изјави Мелкиор Ватле, државен секретар за азил на Белгија.
За илустрација, во Германија меѓу септември и декември повеќе барања за азил има од Македонија отколку од Авганистан каде се живее во воени услови.
Франција, Холандија, а сега и Белгија најавија дека ако не се намали веднаш бранот азиланти од Македонија и Србија, ќе се бара да се вратат визите.
„Уште еднаш повторуваме и предупредуваме како што рековме лани, потсетуваме. Мониторингот на Европската Комисија ќе продолжи но ова мора апсолутно да се промени“, вели Мелкиор Ватле.
За да биде целата приказна уште потрагична, не е исклучено визите да им се вратат само на Македонците и на Србите, додека другите земји од регионот, кои се покажаа одговорни кон визната либерализација би го зачувале правото на слободно патување низ Шенген.
„Се разбира ние ја оценуваме ситуацијата земја по земја. Нема причина да преземем мерки кон некоја земја која перфектно го користи визниот режим“, додава Мелкиор Ватле.
Крајниот одговор за тоа дали ќе се укине слободниот визен режим ќе се знае за неколку месеци која ЕК ќе го заврши својот мониторинг.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=134834
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Од А1 ли бе зимате информации.
Го имате и текстото на економист кај нив, видете ја нивната обраотка на тој текст.
Тоа не се новинари, тоа е нешто најевтино што можеш да го поседуваш за пари.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Се уплашиле од азилантите што ги/се вратија?? Колку беа такви? 200? 300? 1000?

А не се уплашија од 2 милиони романски цигани што ги примија во ЕУ и од пола африка што им се пресели таму, туку од овие се уплашиле..

Абе ај...педерска работа...
Ни јас не би кажал подобро.
И добро кажа Славјански.А1 ви е извор на информации.:pos2:
 
Член од
9 мај 2005
Мислења
100
Поени од реакции
13
Ништо не се стега, безвизниот режим си останува на сила а проблемите со азилантите се решаваат тековно и без проблем.
И самата Европска комисија во четвртокот (пред два дена) изјави дека искуствата од примената на безвизниот режим се „многу позитивни“ и дека немаат намера ништо да ревидираат.
А Слободанка и Тања (единствените кои известуваат од Брисел) си се по природа малициозни и нивните коментари (а особено произволно изведените заклучоци) не треба да се земаат како валидна информација.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
И што викаат нострадамусиве од а1, се „стегна„ ли :pos2:. Не знам дали од време на време си ги прелистуваат „мудростиве„ што ги пишувале пред 1, 2... години, и дали барем малце им се црвенеат обравчињата кога ќе видат каков куп с.ања стокмиле. Најсериозно, ме асоцираат на лажнине пророци. Оние, кои додека цел нормален свет сака да нема несреќи, со душа чекаат некои катастрофи и жртви само да испадне дека се во право. Пљуц.

И малку повеќе ОН: Не знам дали безвизниот режим ќе се укинува, зајакнува, котнтролира... Ама знам дека и ако се укине, само морон може да каже, а уште поголеми морони да пренесат и да поверуваат дека причината за тоа се 100-на несреќници од Македонија, Србија, БиХ, во случај кога во 2009 во Белгија имало преку 18000 „азиланти„ на чекање, а во Франција преку 35.200!!! Баш овие 100,200,500 им го „пореметиле системот„ right :tapp:.

http://www.unhcr.org/4ce5327f9.html
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ни јас не би кажал подобро.
И добро кажа Славјански.А1 ви е извор на информации.:pos2:

:nenene: evo ti izvori i od Dnevnik


Датум: 26.02.2011, 00:14

Белгија ни прати визно предупредување

Белгија ќе побара повторно воведување визи за Македонија и Србија ако бројот на кандидатите за азил од овие две земји не се намали значително во наредните два месеца, изјави завчера вечер во Брисел белгискиот министер за имиграција Мелкиор Ватле.

Ватле на новинарите им се пожали дека поради слободниот визен режим бројот на Македонците и Србите што бараат азил во Белгија не се намалува, но ги пофали Албанија и Босна и Херцеговина, од каде што практично нема кандидати за азил.

- Во однос на барањата за азил што ги поднесуваат Македонците бројот не се намалува на задоволителен начин - изјави Ватле.

Според податоците што тој ги даде во јануари, 91 Македонец побарале азил во Белгија, а до завчера ги имало 93 за февруари. Според белгиските власти, тоа значи дека бројот всушност не само што не се намалува туку и расте. Така во 2008 година од Македонија азил побарале 122 лица, во 2009 ги имало 201, а минатата година таа бројка се искачи на 1.082 лица. Годинава, според Ватле, ако трендот продолжи, ќе има барем 800 баратели на азил до крајот на годината. Од двомилионска земја како Македонија бројката е загрижувачка.

Од Србија бројот е исто така голем, 127 барања во јануари и 103 во февруари. Но пропорционално Македонија е таа што повеќе загрижува.

- На годишна основа тоа претставува 800 до 900 барања за азил. А од нив само еден отсто го добиваат тој статус, што докажува дека барањата се неосновани - изјави Ватле.

Од друга страна, бројот на барателите на азил од Албанија и од Босна е незначителен и покрај тоа што овие земји во декември 2010 година беа исто така ослободени од визен режим. Од Албанија 14 лица побарале азил, а од Босна ниту едно.

Ватле смета дека ЕУ мора да ~ стави крај на оваа ситуација. Во текот на посетите на Македонија и на Србија во 2010 година тој бараше владите на овие земји да спроведат информативни кампањи за да им објаснат на сите граѓани дека Белгија не е азилантски рај. Белгијците констатираат дека овие кампањи не биле ефикасни во овие две земји, додека Албанците и Босанците задачата ја завршиле успешно.

- Ја чекам следната евалуација на Европската комисија (ЕК) за време на следниот Совет на министрите за внатрешни работи - рече Ватле.

Оваа средба е закажана за април. Тогаш ЕК ќе поднесе извештај за набљудувањето на спроведувањето на слободниот визен режим. Некои земји-членки се обидуваат да го спуштат тонот и тврдат дека ситуацијата не е алармантна, но Белгија со тоа не се согласува. Македонските барања за азил се проблематични и во други земји-членки, кои засега молчат. Тоа е случај, на пример, со Германија. Во периодот од септември до ноември 2010 година во Германија 1.800 Македонци побарале азил, а бројот на Авганистанци бил 1.600. Шведска и Франција исто така се загрижени.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=994BC86205038647A9126B0CE5283D36
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Па ако за 200 души - нетокмаци што немаат основно образование , ни воведат виза на сите 2 милиона, за кој к.р ми е Европа.. Фала ама не ми треба
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Нели ЕУ и Македонија имаат потпишано договор за реадмисија?
Па не гледам тука проблем, ако ЕУ сака нормално да го реши проблемот со азилантите. Едноставно решение: Ако дојде некој од Македонија да бара азил во ЕУ, му се удира печат со забрана за влез во ЕУ на неколку години, се собираат на купче азилантите, се информираат Македонските власти да си ги соберат своите граѓани дома(да си организираат превоз), па дома да си го решаваат проблемот со нив.
За све има решение, па затоа сум убеден дека евентуалното враќање на визниот режим има повеќе политичка позадина.
Инаку од лично искуство, сега многу полесно и побрзо поминувам ЕУ граница отколку кога имав виза. Тогаш овде обзбедував куп документи и проверки за да добијам виза, на граница пак ме распрашуваа скоро све како во амбасада, а сега поминувам граница за минутка, без никакви прашања...Штета да ја загубиме оваа придобивка.
Но, знаејќи со какво луѓе живееме овде ( логика на нашиве азиланти е дека ќе платат 100 евра карта до Германија, ќе се пријават како азиланти, овие ќе им дадат по 500 евра од човек да си одат, и ете ти заработка од 400 евра). Само не брукаат како држава. Македонија треба посериозно да се зафати со решавање на овој проблем, не заради визниот режим туку заради срамот што и го нанесуваат на сопствената држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom