Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека одлуката Брацо за игра како десен бек е одлична.Иако Мота е суспендиран поради картони и на Дел Нери не му остануваше друга опција(освен Пепе да игра како десен бек :))мислам дека Дел Нери секако ќе го ставеше Брацо прва постава.
За Мело мислам дека тактички не го кажуваат.Сакаат изненадување да им приредат на римјаните.А и тоа Јакинта да игра на местото на капитенот сметам дека е добро.Сепак и капитенот е човек,па нека одмори малце :smir:
 
gazzetta.it:

Quagliarella - Iaquinta
Marchisio - [COLOR="#red"]Sissoko[/COLOR] - Aquilani - Pepe
Grosso - Chiellini - Bonucci - Brazzo
Storari

*грешки

...само се надевам дека ќе излеземе од утакмицава без некоја скршена нога или сл. Рома се познати по тоа што се агресивна екипа со 9 кољачи на терен.

BRAZZO, уф каков пропуст не сум го видел :), малку е послаб дефанзивно т.е. буквално ист профил е како Пепе ама ова е добра промена и белки ќе го седни онај чешелот на клупа.

Мала исправка Торино и Милан се најголемите касапи, традиционално заминваме со повреди од тие мечој, па макар биле и во онај купот на Берлускони. За последниот меч ич не зборам оти имаме акумулирана повреда на цел тим од една година од тој меч.

--- надополнето ---

Една мала ситница околу Милан Миланович (детето шо демек сме го договориле).
Да претпоставиме дека е договорено, шо ќе се случи со Џеко и со тој еден слот за нон-еу играчи?
ЌЕ го укинат правилото (нешто најава??) или има шанси Џеко да добие швапски пасош после 4 сезони кај волците?
Белки не е Марота толку будала да му се случи вакво нешто ако му е во план Џеко.
 
чисто не верувам дека ќе се започни против Рома без Капитенот
 
чисто не верувам дека ќе се започни против Рома без Капитенот

Епа некој од Алекс и Кваги мислам дека ќе биди на клупа за да играме со посвежи играчи. Веќе неколку меча со ред само тие се во нападот а ДелПјеро не е баш мало дете да ги издржи сите. И самиот ДелНери изјави дека е добро да се врати некој од напаѓачите оти му требаат свежи нозе.
 
Очекувам победа утре над Рома. Нема шо да терат у Торино ќе ги згазаме :) Воедно и поздрав до момците шо ќе ги бранат боите на нашио фан клуб утре на мал фудбал :)
 
Мора да се победи Рома доколку сакаме да влеземе во какви такви шанси за скудетото, премногу бодови изгубивме од малите тимови, не ни преостанува ништо друго освен победа :toe:
 
Епа некој од Алекс и Кваги мислам дека ќе биди на клупа за да играме со посвежи играчи. Веќе неколку меча со ред само тие се во нападот а ДелПјеро не е баш мало дете да ги издржи сите. И самиот ДелНери изјави дека е добро да се врати некој од напаѓачите оти му требаат свежи нозе.
во недостаток од поединец кој може да го реши мечот од потег-самоубиство е да се започне мечот без Алекс,кој последно има среќа и нема заработено повреда за разлика од Јакинта кој во 2 сезони нема 3 меча во континуите и Ква Ква кој реализира една од 5 шанси....ќе го спомнам и Амаури-колку да воочам дека е присутен во тимот,но за жал без никаков придонес
 
Епа некој од Алекс и Кваги мислам дека ќе биди на клупа за да играме со посвежи играчи. Веќе неколку меча со ред само тие се во нападот а ДелПјеро не е баш мало дете да ги издржи сите. И самиот ДелНери изјави дека е добро да се врати некој од напаѓачите оти му требаат свежи нозе.
Кваљарела мислам дека е сигурен стартер на натпреварот против Рома (бидејќи во моментов е најдобар и најефикасен напаѓач на Јувентус,и за разлика од другите напаѓачи нема право на настап во Лигата на Европа).Другиот напаѓач најверојатно ќе биде Дел Пиеро.На натпреварот против Бреша,Дел Пиеро беше изваден од игра околу 50та минута,и според тоа мислам дека Дел Пиеро ќе биде во тандем со Кваљарела против Рома.

Ибрахимович изјави дека освоил 2 титули како играч на Јувентус на терен, и тоа го тврдел и кога играл за Интер, и сега.Изјави дека тогаш заедно со цел тим тренирале максимално,и титулите што ги освоиле биле потполно заслужени. линк

Поранешниот атлетски тренер на Јувентус,Масимо Нери,кој работеше со тимот за време на Фабио Капело,повторно изјавува дека проблемите на Јуве со повредите се зголемиле кога се преселиле на новиот тренинг центар во Виново.Изјави дека пред да се преселат во Виново,мускулните повреди кои ги заработувале играчите на Јуве се броеле на една рака,а после преселбата на Виново значително пораснал бројот на повредени.Изјави дека климатските услови не се погодни за тренирање поради влажноста на воздухот и студот. линк
 
Ова Масимо Нери што го кажа не е новост, имаме многу пати слушнато за тој проблем ама нели рекоа дека проблемите се средени?Најверојатно мислеле на некои проблеми со теренот кои сега сигурно се средени ама климата неможат да ја променат.Мислам дека сепак требаше да се проба најсигурната варијанта а тоа е да се промени тренинг центарот.
 
Мислм дека имаше истражувања баш пред да започне новава сезона по барање на новиот атлетски тренер и дек беше докажано дека се е во ред.А за тоа Јуве да го промени тренинг центарот,било да е сега на полусезона или на крајот од сезоната,нeзнам дали имаат финансии :(
 
Извесен период летово мислам дека тренираа во другиот тренинг центар (не ми текнува како се викаше). Шо значи дека веќе се преселувале. Ако Виново е толку голем проблем не гледам зошто да не се преселат уште одма. Сигурно дека многу повеќе проблеми можат да настанат ако чекаат. На крај краева сигурно можат да најдат некое детско игралиште и да тренираат таму :pos2:
Во секој случај тренинг центаров е голем ФЕЈЛ.
 
Oткако ќе се префрлат на новиот стадион мислам дека таму ќе тренираат, ама не сум сигурен.
 
Извесен период летово мислам дека тренираа во другиот тренинг центар (не ми текнува како се викаше). Шо значи дека веќе се преселувале. Ако Виново е толку голем проблем не гледам зошто да не се преселат уште одма. Сигурно дека многу повеќе проблеми можат да настанат ако чекаат. На крај краева сигурно можат да најдат некое детско игралиште и да тренираат таму :pos2:
Во секој случај тренинг центаров е голем ФЕЈЛ.
Трентинг кампот шо трениравме летото се викаше Пинцоло (Pincolo) некаде тренираја околу 2 недели таму .... а тој е и воедно тренинг камп од јуве на кој тренираја пред сканалот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom