Германија - Шпанија * 1/2 финале на Светското Првенство *

  • Креатор на темата Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе влезе во финалето?


  • Вкупно гласачи
    142
  • Гласањето е завршено на .
Miler nema da igra steta i kakov zolt karton mu dade sudiaata za gabe
Nee samo oktopodot tuku pred da pocne svetsko vo afrika nekoj od postarite familii gledale FAL i tamo ispadnalo deka Germancite ce tepaa na svetsko
 
Финале пред финале е утакмицава...германциве пред светско никој не ги рачунаше дека нешто вакво ќе направат, а шпанциве колку толку се сметаа за фаворити.
Ако германија игра како против аргентина, отидоа понатаму...сепак ќе видиме на крај, фудбал е.
 
Ако се видат постигантите голови во 1/8 и 1/4 финалните натпревари на двете екипи тогаш ќе биде 4-1 за швабите :tv:
 
Германците тепаат.
 
Според сегашнава форма Швабиве се способни амур за скара да направат од Шпанија. Тоа што го покажаа против Аргентина треба да им биде пример на сите репрезентации како се игра. На 3 од 5 натпревари на СП Германците постигнаа 4 гола, тоа е за почит. Од друга страна пак Шпанциве се непредвидливи. Не покажаа премногу против Парагвај, ама сепак тврда репрезентација се. Тешко се постигнуваат голови против нив, така што ќе треба да се испотат Клозе и компанија за да се пласираат во финале. Очекувам интересена натпревар и би сакал да гледам пенали, поинтересно би било тогаш.
 
Колку само го променија мислењето членовиве по форумов за Милер и за самата Германска репрезентација.Па и анкетава ја гледам и не ми се верува...ПА ВИЕ ПРОГЛЕДАВТЕ...КОНЕЧНО.
Премногу сте забуљани во енглеско шпанско и италијанско првенство,тоа ќе да е работава.
 
Ќе биде ова многу тешка утакмица.....Шпанциве некако не ја играат нивната препознатлива игра.....а пак Германија е машина,се што и се најде пред пат победи.....мислам дека Шпанија не игра со таа Германија која беше пред 2 години.....така да може се да се очекува...
 
Колку само го променија мислењето членовиве по форумов за Милер и за самата Германска репрезентација.Па и анкетава ја гледам и не ми се верува...ПА ВИЕ ПРОГЛЕДАВТЕ...КОНЕЧНО.
Премногу сте забуљани во енглеско шпанско и италијанско првенство,тоа ќе да е работава.

Ја уште од почеток од прошлата сезона,трубев дека Милер е доста корисен и добар играч,а притоа има 20 години.
И мене ме правеа будала.Исто така знам дека ти или Никола ПП ми дадовте зеленко,заради тоа што го кажував за Милер.

А,за Германија почнав да навивам пред почетокот на светсково.
Пред се заради нивниот менталитет,младите играчи и Балак.За моја жал,не заигра на СП.
 
Гледам овојпат, Германија има огромна предност на анкетата.
Сепак, Дел Боске не е Марадона.:tv:
 
Лице кое ќе си замине тажно од Африка..:)



Чеша, а?:tv:


Или пак не.


Почнаа да сваќаат луѓево кој е и кој ќе биде во иднина Томас Милер. Абе не зборува чичко ви цела година за џабе.:)

а можеби и тогаш не..

--- надополнето ---

леле леле колку луге ке си го променат мислењето по натпреваров..:)
 
демек незнаеш што ти зборувам...
 
Нема воопшто така лесно да им биде на Германците како против Аргентина. Шпанија има далеку поквалитетна средина ( што не беше случај со Аргентинците,Ди Мариа и Макси средина :uvo: ) Дел боске исто е каде каде подобар тренер и тактичар од Марадона,плус што нема да игра Милер. Али затоа одбраната им е и тоа како укомпонирана на Швабите,за разлика од Шпанците,некако многу киксови прават у одбрана,касиљас не е баш сигурен,вчера фати пенал али можеше на крај и да прими гол по негова грешка,али се извади некако :) Како и да е очекувам минимална победа на Германците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom