Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Можи бе. Ја сакаш, арно ама те повредила толку многу, што не можиш да и простиш, и автоматски нема да бидиш со нејзе. Арно ама ја сакаш.

Значи, те сакам, ама не значи дека сакам да бидам со тебе( оти ме повреди, заеба, изневери, итаканатаму....) .
Ете,
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Тоа е страв да не случајно, личноста која ја „сакаме“ (всушност - идеализираме, замислуваме, сонуваме) а со која не сме во врска, се покаже одвратна и ни приближно таква каква што сме сакале да биде. Затоа продолжуваме со платонската идеализација. Нов доказ дека вистинската љубов почива врз врска.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Јас исто би рекла -те сакам ама премногу ме повреди и не би можела да ти простам и не би сакала да бидам повредена пак...
Така бар јас го перцепирам, а ако е така како што го перцепирам ...гарантирам дека може!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.676
А зашто тоа сакање да не биде чисто онака другарски, не мора да значи дека ако сакаш некого автоматски мора да сте и партнери. Значи онака да го сакаш како другар/брат/сестра/мајка/итн., со кого ќе си делиш се само не плунка и други видови на секрети :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе.

Превод: Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска.
Ако е толку површно треба да е минливо ваљда... но ако трае? Пресилна хемија можеби. А љубов, зрнце, ко црниот јин со малку јанг, колку да залаже.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612

Па вака... Сексот сам по себе создава некаква врска. Значи, ако трае, макар и да се базира чисто на секс, се базира на физичка љубов и има шанси и за повеќе. Ако едниот гледа дека нема шанси за повеќе, а сака повеќе, од чиста логика и планирање на иднината ќе се насочи на друга страна и ќа бара друг партнер, т.е. оваа врска ќе ја прекине.

А ако, како што велиш, хемијата е пресилна, тогаш тие двајца ќе имаат секс само еден со друг, што и да се случува во меѓувреме. Тоа само по себе веќе е моногамна врска, кој сака како сака нека ја дефинира.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе.

Превод: Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска.
Па вака... Сексот сам по себе создава некаква врска. Значи, ако трае, макар и да се базира чисто на секс, се базира на физичка љубов и има шанси и за повеќе. Ако едниот гледа дека нема шанси за повеќе, а сака повеќе, од чиста логика и планирање на иднината ќе се насочи на друга страна и ќа бара друг партнер, т.е. оваа врска ќе ја прекине.

А ако, како што велиш, хемијата е пресилна, тогаш тие двајца ќе имаат секс само еден со друг, што и да се случува во меѓувреме. Тоа само по себе веќе е моногамна врска, кој сака како сака нека ја дефинира.
Ако знаеш што зборуваш, јас Е :)
Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска. - овде зборуваш за едниот партнер...

Ако едниот гледа дека нема шанси за повеќе, а сака повеќе, од чиста логика и планирање на иднината ќе се насочи на друга страна и ќа бара друг партнер, т.е. оваа врска ќе ја прекине. - овде за другиот.

Овај вториов пост држи вода, ама ако речиш за првиот: -Пу пу , неважи :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Ако знаеш што зборуваш, јас Е :)
Ај по ред.

Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска. - овде зборуваш за едниот партнер...

Ако едниот гледа дека нема шанси за повеќе, а сака повеќе, од чиста логика и планирање на иднината ќе се насочи на друга страна и ќа бара друг партнер, т.е. оваа врска ќе ја прекине. - овде за другиот.
Значи вака: ако некој вели „Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе“ јас го преведувам како: „Ми требаш привремено и толку“. Преведено со вметнат секс: „Може да се сексаме од време на време, ама не барај да ти купувам подароци и слично“.
Ако едниот од партнерите сака повеќе од само секс, а не го добива, ќе си оди од овој што сака само секс и не повеќе. Тоа е логично.

А ако, како што велиш, хемијата е пресилна, тогаш тие двајца ќе имаат секс само еден со друг, што и да се случува во меѓувреме. Тоа само по себе веќе е моногамна врска, кој сака како сака нека ја дефинира. - А овде не те разбирам што ти е муабетов.
Ако хемијата е пресилна, макар само и за секс, тоа е веќе врска и не е точно дека „не знам дали сакам да бидам со тебе“ - знаат и двајцата дека сакаат да се еден со друг.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Ај по ред.

Значи вака: ако некој вели „Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе“ јас го преведувам како: „Ми требаш привремено и толку“. Преведено со вметнат секс: „Може да се сексаме од време на време, ама не барај да ти купувам подароци и слично“.
Ако едниот од партнерите сака повеќе од само секс, а не го добива, ќе си оди од овој што сака само секс и не повеќе. Тоа е логично.
.
Точно! Овде се согласуваме. Демек, имам јас некоја, што сакам само да си се клецкаме, а таа сака фазла(ме сака де), а јас и викам, ако сакаш само да се клецкаме арно, ако не :toe:, и та ми вика, епа тогаш којтеба, и сега појче таја не ми иди да се клецкаме иако ме сака. Така?

Е арно ама на овај постов што ќе му прајме? :)
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе.

Превод: Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска.
Ова преводов ти е гарант со гугл транслејт, неубо преведен :)
Значи, овај што вика, можи да имаме секс,ама не барај да имаме врска е ебачо, и тој ја нејчи типкава. Ти текнува што ми е муабетов?
Па ќе ти речам, кажи си Пу-пу не важи за постов, оти не ти е убо преведено :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Точно! Овде се согласуваме. Демек, имам јас некоја, што сакам само да си се клецкаме, а таа сака фазла(ме сака де), а јас и викам, ако сакаш само да се клецкаме арно, ако не :toe:, и та ми вика, епа тогаш којтеба, и сега појче таја не ми иди да се клецкаме иако ме сака. Така?
Така. :helou:

Ова преводов ти е гарант со гугл транслејт, неубо преведен :)
Значи, овај што вика, можи да имаме секс,ама не барај да имаме врска е ебачо, и тој ја нејчи типкава. Ти текнува што ми е муабетов?
Па ќе ти речам, кажи си Пу-пу не важи за постов, оти не ти е убо преведено :)
Не, тој што сака да има секс со типката *ја сака* типката, колку и да се прави дека не ја сака. Ако сака секс со неа, тој негува физичка љубов кон неа. Ако типката има секс со него или сака да има, и таа негува физичка љубов кон него. И тоа е основата.

Понатаму што ќе биде е нејасно. Може да се скараат заради тоа што тој носи црни чорапи а таа сака бели или обратно - небитно. Основата е: ако има секс, има љубов, сакале двајцата или нејќеле, признале двајцата или не. И затоа, таа љубов треба да се негува, или да се прекине ако не може да се негува. А прекинот подразбира и немање секс.

Затоа, изјавата „те сакам ама не знам дали сакам да бидам со тебе“ сама по себе е контрадикторна и тој што ја кажува нема расчистено со себе. Поарно е да се остави и да сфати што сака, пред со него воопшто да се продолжи комуникација.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Значи вака: ако некој вели „Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе“ јас го преведувам како: „Ми требаш привремено и толку“. Преведено со вметнат секс: „Може да се сексаме од време на време, ама не барај да ти купувам подароци и слично“.
Ако едниот од партнерите сака повеќе од само секс, а не го добива, ќе си оди од овој што сака само секс и не повеќе. Тоа е логично.

Ако хемијата е пресилна, макар само и за секс, тоа е веќе врска и не е точно дека „не знам дали сакам да бидам со тебе“ - знаат и двајцата дека сакаат да се еден со друг.
Така. :helou:

Не, тој што сака да има секс со типката *ја сака* типката, колку и да се прави дека не ја сака. Ако сака секс со неа, тој негува физичка љубов кон неа. Ако типката има секс со него или сака да има, и таа негува физичка љубов кон него. И тоа е основата.

Понатаму што ќе биде е нејасно. Може да се скараат заради тоа што тој носи црни чорапи а таа сака бели или обратно - небитно. Основата е: ако има секс, има љубов, сакале двајцата или нејќеле, признале двајцата или не. И затоа, таа љубов треба да се негува, или да се прекине ако не може да се негува. А прекинот подразбира и немање секс.

Затоа, изјавата „те сакам ама не знам дали сакам да бидам со тебе“ сама по себе е контрадикторна и тој што ја кажува нема расчистено со себе. Поарно е да се остави и да сфати што сака, пред со него воопшто да се продолжи комуникација.
Прави разлика меѓу страсти и љубов.
Еве ќе ти дадам прост пример. И плаќам на курва некоја без заби петстотки, да ми го испуши.(поубо било без заби, така вела) и сега тоа значи дека, меѓу мене и курвата има љубов, сакале двајцата или неќеле, или сакале признале или не признале? :)

А дека прашањево од темава е малку двосмислено, е стварно.
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе - можи да значи, во превод - Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска. (тоа што го рече ти, во првиот пост) ама тоа значи дека ја нејчи, туку сака само да се клецкаат. (демек ја матосува)
- А можи и да значи, како што кажав јас во првиот пост. Те сакам, ама ме повреди, така да неможам да бидам со тебе.
Трето нема.

П.С
До Експерт - Другар, ние немаме попаметна работа, си ја тупиме овде. Ти ако имаш, никој не те брани да си ја бркаш:smir:
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Прави разлика меѓу страсти и љубов.
Еве ќе ти дадам прост пример. И плаќам на курва некоја без заби петстотки, да ми го испуши.(поубо било без заби, така вела) и сега тоа значи дека, меѓу мене и курвата има љубов, сакале двајцата или неќеле, или сакале признале или не признале? :)
Верувај - да. Таа ќе те сака додека имате секс, и ти неа. Доплнително, ако ги внесе и своите емоции во тоа што го работи, ќе биде навистина добра. И ти тоа ќе го почувствуваш и можеби ќе сакаш пак да ѝ одиш. Чист бизнис. Па нели постојат и бракови поради пари? Ова е многу слично со тоа.

А дека прашањево од темава е малку двосмислено, е стварно.
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе - можи да значи, во превод - Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска. (тоа што го рече ти, во првиот пост) ама тоа значи дека ја нејчи, туку сака само да се клецкаат. (демек ја матосува)
- А можи и да значи, како што кажав јас во првиот пост. Те сакам, ама ме повреди, така да неможам да бидам со тебе.
Трето нема.
Bold + Underline: се сведува на *не сакам*, не на *не можам*. И тоа како може, ако е уште со него. А ако не е, не сака доволно да биде со него, т.е. *не сака* да биде со него, па делот со „те сакам“ е одвишен.
Значи: зборовите се небитни. Битно е само кој што прави. Може да го наречат отворена врска, може да го наречат пријатели со бенефиции, може да го наречат секс пријатели - термини има безброј. Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Верувај - да. Таа ќе те сака додека имате секс, и ти неа. Доплнително, ако ги внесе и своите емоции во тоа што го работи, ќе биде навистина добра. И ти тоа ќе го почувствуваш и можеби ќе сакаш пак да ѝ одиш. Чист бизнис. Па нели постојат и бракови поради пари? Ова е многу слично со тоа.
Значи ти правиш разлика помеѓу љубов и емоции. Така? Т.Е Ги делиш емоциите од љубовта. Кажи ми како можи таа да внеси емоции жити се, а прв пат ме гледа, плус го прај тоа за пари.( дури замислиме мене дека сум најгрдото суштество на планетава)
Па после викаш, чист бизнис. Го истоветуваш поимот љубов со бизнис. Јест да има бракови за пари. Али во тој случај, тој со парите е заљубен. А тој беспари не е. Конкретно ко ќе има секс таја со тој со парите, таја нема да чуствува љубов кон него, туку кон парите негови. Просто ко грав.
Bold + Underline: се сведува на *не сакам*, не на *не можам*. И тоа како може, ако е уште со него. А ако не е, не сака доволно да биде со него, т.е. *не сака* да биде со него, па делот со „те сакам“ е одвишен.
Значи: зборовите се небитни. Битно е само кој што прави. Може да го наречат отворена врска, може да го наречат пријатели со бенефиции, може да го наречат секс пријатели - термини има безброј. Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава.
Болдираното: Точно, не сакам од страв пак да не ме повредиш. А тоа дека "Не сакам" да бидам со тебе, па "те сакам" станува одвишен, тоа нема врска. Тука веќе станува збор за каратер. Ако си силен карактер, колку и да сакаш некој, а знаеш дека ќе те заеби, ќе прекратиш да бидиш со него. Нешто што и ти го спомна прееска, кога спомна дека персоната ќе почни да си ја планира иднината. Ако станува збор за слабак, нормално дека чуствата ќе надвладеат, иако знај дека ќе биде заебан на крајот.

Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава
За овај дел. Значи ги мешаш малку работиве. Кој спомна "само еден со друг"? Еве мене лично ми се има случено, во 10 да заминам со една, се туширам, и во 3 саат истата вечер заминувам со друга. Тоа не значи дека јас двете сум ги сакал во моментот дури имаме секс.Или пак дека можно е да прерасни во нешто друго.
Еве и друг пример, башка од другите, имало типка што сум се гледал речиси една година. Значи редовно сме имале секс. Значи, на толку "љубов" логички ќе беше, да преминеше односот од секс на врска. Ама не премина. Не чуствував ништо спрема незе, ја нејчев, и точка.

Значи да сумираме. Те гледам интелегентен си, ама или сакаш секогаш да го имаш последниот збор, или малку збунет си. Значи има разлика пак ќе ти речам од страсти до љубов.
Тоа ти што го викаш љубов за време на секс, тоа се страсти. А љубов е многу посилен збор, и означуваат несебични, неусловни чуства спрема некого. (и пак е малку ова што го опишав за љубовта)
Тоа е братче, мене дремка ме фати, па ако сакаш пиши, а јас утре ќе ти одговорам...да не речиш бегам :baeh: :smir:
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Значи ти правиш разлика помеѓу љубов и емоции. Така? Т.Е Ги делиш емоциите од љубовта. Кажи ми како можи таа да внеси емоции жити се, а прв пат ме гледа, плус го прај тоа за пари.( дури замислиме мене дека сум најгрдото суштество на планетава)
Па после викаш, чист бизнис. Го истоветуваш поимот љубов со бизнис. Јест да има бракови за пари. Али во тој случај, тој со парите е заљубен. А тој беспари не е. Конкретно ко ќе има секс таја со тој со парите, таја нема да чуствува љубов кон него, туку кон парите негови. Просто ко грав.
Се согласуваме. :helou:

Болдираното: Точно, не сакам од страв пак да не ме повредиш. А тоа дека "Не сакам" да бидам со тебе, па "те сакам" станува одвишен, тоа нема врска. Тука веќе станува збор за каратер. Ако си силен карактер, колку и да сакаш некој, а знаеш дека ќе те заеби, ќе прекратиш да бидиш со него. Нешто што и ти го спомна прееска, кога спомна дека персоната ќе почни да си ја планира иднината. Ако станува збор за слабак, нормално дека чуствата ќе надвладеат, иако знај дека ќе биде заебан на крајот.
Се согласуваме. :helou:

Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава
За овај дел. Значи ги мешаш малку работиве. Кој спомна "само еден со друг"? Еве мене лично ми се има случено, во 10 да заминам со една, се туширам, и во 3 саат истата вечер заминувам со друга. Тоа не значи дека јас двете сум ги сакал во моментот дури имаме секс.Или пак дека можно е да прерасни во нешто друго.
Еве и друг пример, башка од другите, имало типка што сум се гледал речиси една година. Значи редовно сме имале секс. Значи, на толку "љубов" логички ќе беше, да преминеше односот од секс на врска. Ама не премина. Не чуствував ништо спрема незе, ја нејчев, и точка.
Овде се работи за начинот на гледање на љубовта: јас ја гледам чисто како продолжеток на интересот на еден човек. Ако гледаш дека со некого ти е убаво, ќе ти се роди љубов *ако ѝ дозволиш*. Може да ги имаш сите предуслови за тоа, но едноставно да немаш повеќе интерес да бидеш со тој човек. Ако е така, дури и ако тој/таа е љубовта на твојот живот, ќе престанеш да го/ја сакаш, бидејќи интересите (пари, факултет, селење во друга средина) ќе надвладеат. Јасно, ќе остане трага во душата, но, како што велиш ти, ако човек е слабак, неговите чувства ќе надвладеат, иако знае дека оди спротивно на својот интерес.
Според мене, ова е и причината што не си останал со таа девојка со која што си бил скоро една година: едноставно веќе не си имал интерес од неа или таа од тебе и работата се прекинала. Исто - ако си имал секс со двете во една вечер, т.е. со едната па со другата, си ги сакал *додека* сте имале секс, потоа веќе не. Ти биле корисни, ако сакаш, во тие периоди, а потоа не.

Значи да сумираме. Те гледам интелегентен си, ама или сакаш секогаш да го имаш последниот збор, или малку збунет си. Значи има разлика пак ќе ти речам од страсти до љубов.
Тоа ти што го викаш љубов за време на секс, тоа се страсти. А љубов е многу посилен збор, и означуваат несебични, неусловни чуства спрема некого. (и пак е малку ова што го опишав за љубовта)
Тоа е братче, мене дремка ме фати, па ако сакаш пиши, а јас утре ќе ти одговорам...да не речиш бегам :baeh: :smir:
Јас сексот го нарекувам физичка љубов, бидејќи мора да го има за да има целосна љубов (нема љубов без секс). Јасно, не е сè во сексот, но без него не бива. Може да има секс и да не се развие целосна љубов зашто недостасуваат емоции, духовност итн, но не може да има емоции, духовност итн, а да нема секс (т.е. „те сакам но не сакам да бидам со тебе“), бидејќи тоа е повторно некомплетна љубов и на крајот се распаѓа. И обратно - ако има секс, т.е. физичка љубов, а нема емоционална и слично, на крајот тоа се распаѓа.

Немој да претпоставуваш каков сум, зашто не се познаваме. Откако ќе се запознаеме, ќе можеш да зборуваш за мене со квалифицирање, т.е. да ме одредуваш карактерно. Твојов начин на комуникација, во подвлечениот дел, обично доведува до лични престрелки и ќе те замолам тоа да го намалиш во иднина. Благодарам.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе.

Превод: Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска.
Јасен е преводот, не е јасно зошто да се нема врска со тој/таа што се сака. Твое објаснување за тоа се бара у темава. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom