Верувај - да. Таа ќе те сака додека имате секс, и ти неа. Доплнително, ако ги внесе и своите емоции во тоа што го работи, ќе биде навистина добра. И ти тоа ќе го почувствуваш и можеби ќе сакаш пак да ѝ одиш. Чист бизнис. Па нели постојат и бракови поради пари? Ова е многу слично со тоа.
Значи ти правиш разлика помеѓу љубов и емоции. Така? Т.Е Ги делиш емоциите од љубовта. Кажи ми како можи таа да внеси емоции жити се, а прв пат ме гледа, плус го прај тоа за пари.( дури замислиме мене дека сум најгрдото суштество на планетава)
Па после викаш, чист бизнис. Го истоветуваш поимот љубов со бизнис. Јест да има бракови за пари. Али во тој случај, тој со парите е заљубен. А тој беспари не е. Конкретно ко ќе има секс таја со тој со парите, таја нема да чуствува љубов кон него, туку кон парите негови. Просто ко грав.
Bold + Underline: се сведува на *не сакам*, не на *не можам*. И тоа како може, ако е уште со него. А ако не е, не сака доволно да биде со него, т.е. *не сака* да биде со него, па делот со „те сакам“ е одвишен.
Значи: зборовите се небитни. Битно е само кој што прави. Може да го наречат отворена врска, може да го наречат пријатели со бенефиции, може да го наречат секс пријатели - термини има безброј. Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава.
Болдираното: Точно, не сакам од страв пак да не ме повредиш. А тоа дека "Не сакам" да бидам со тебе, па "те сакам" станува одвишен, тоа нема врска. Тука веќе станува збор за каратер. Ако си силен карактер, колку и да сакаш некој, а знаеш дека ќе те заеби, ќе прекратиш да бидиш со него. Нешто што и ти го спомна прееска, кога спомна дека персоната ќе почни да си ја планира иднината. Ако станува збор за слабак, нормално дека чуствата ќе надвладеат, иако знај дека ќе биде заебан на крајот.
Ако тие имаат секс еден со друг и *само еден со друг*, т.е. без да имаат секс со некој трет, тие имаат физичка љубов еден кон друг, која има шанси да прерасне во целосна љубов, т.е. целосна врска. А дали тоа всушност ќе се случи е друго прашање, кое е вон темава
За овај дел. Значи ги мешаш малку работиве. Кој спомна "само еден со друг"? Еве мене лично ми се има случено, во 10 да заминам со една, се туширам, и во 3 саат истата вечер заминувам со друга. Тоа не значи дека јас двете сум ги сакал во моментот дури имаме секс.Или пак дека можно е да прерасни во нешто друго.
Еве и друг пример, башка од другите, имало типка што сум се гледал речиси една година. Значи редовно сме имале секс. Значи, на толку "љубов" логички ќе беше, да преминеше односот од секс на врска. Ама не премина. Не чуствував ништо спрема незе, ја нејчев, и точка.
Значи да сумираме. Те гледам интелегентен си, ама или сакаш секогаш да го имаш последниот збор, или малку збунет си. Значи има разлика пак ќе ти речам од страсти до љубов.
Тоа ти што го викаш љубов за време на секс, тоа се страсти. А љубов е многу посилен збор, и означуваат несебични, неусловни чуства спрема некого. (и пак е малку ова што го опишав за љубовта)
Тоа е братче, мене дремка ме фати, па ако сакаш пиши, а јас утре ќе ти одговорам...да не речиш бегам :baeh: :smir: