Да тибам тополите! [акција за сечење и садење нови дрва]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.501
Поени од реакции
35.461
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Добро бе,

Засадија милиони дрва... Зошто уште не ги заменија тие проклети тополи со некои други дрва кои нема секое лето да го побелуваат градот со тие гадни, бели, летечки напасти? На кој паметњакович му текна цел град да го засади со најгадните дрва што може да се постават во градско подрачје? Надвор од град - во ред. Во сред град - лудост.

Нема да коментирам за тоа што цветовите (ебате цветовите, проклетињи) летаат насекаде и со тоа ги претвараат улиците во „снежна“ идила, ама има луѓе што не можат да ги поднесат поради алергиските реакции кои мораат да ги трпат секоја година. Денес поминав накај Капиштец и цел ден кашлам, кивам, чешам очи и сум накурчен. Има ли паметен човек што ќе ги исече и ќе засади нови дрва?

Песна од напатен блогер, кој во целост ја доловува ситуацијата низ која поминуваат сите кои страдаат од сезонски алергии:

Ти ибам тополите,ти ибам
на кој ли му текна
и сред град ги репна!

Ти ибам тополите,
растеле брзо
правеле сенка,
од цветовите бели,
мрсољави сме цели!

Мислеа ако е бело,
не ке личи на село!

Ти ибам тополите,
и дивите маслинки,
од кои сите мислат,
страдаат од настинки!

Алергии фрчат,
кивавици ечат,
на повеќето граѓани,
мрсули им течат!

Ти ибам тополите,
и дивите костени,
цветовите не им летаат,
но подеднакво сметаат!

Ти ибам тополите ,ти ибам
НЕЛИ КЕ ГИ СЕЧЕА?


Едит:
Штотуку дознавам дека почнале да ги сечат, ама морав да се испразнам и да ги потсетам дека треба да убрзаат работа. :se_ molam

Стотина стари тополи ќе бидат исечени во Скопје, а на нивно место ќе бидат засадени јавори, платани или јасени, соопштија градските власти. Десетина стари тополи ќе бидат остранети денеска долж булеварот Србија, кој ги дели анселбите Аеродром и Ново Лисиче, а во план е остранување и на 55 тополи во Градскиот парк, во населбите Топанско поле и во Маџари, 20 тополи на булеварот Александар Македонски, како и други 60 тополи на булеварот Србија. Акцијата која градските власти ја започнаа е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и здравјето на граѓаните, кои се жалат на алергиски реакции во сезоната на цветањето на тополите. Оваа акција континуирано ќе се спроведува до 2012 година, до кога треба да се отстранат 1 400 стебла тополи и да се заменат со до 4 200 нови стебла.
 
од 1400 стебла на тополи убаво ќе се опарат плус :)
и јас ги мразам .. отекуам у фаца дури од нив .. кивам итн итн :)
 
Ти ибам тополите,ти ибам
на кој ли му текна
и сред град ги репна!

Ти ибам тополите,
растеле брзо
правеле сенка,
од цветовите бели,
мрсољави сме цели!

Мислеа ако е бело,
не ке личи на село!

Ти ибам тополите,
и дивите маслинки,
од кои сите мислат,
страдаат од настинки!

Алергии фрчат,
кивавици ечат,
на повеќето граѓани,
мрсули им течат!

Ти ибам тополите,
и дивите костени,
цветовите не им летаат,
но подеднакво сметаат!

Ти ибам тополите ,ти ибам
НЕЛИ КЕ ГИ СЕЧЕА?

вии го Мастапе алергии да ти имал да'сибе векот... :)

и ја никокогаш не успеав да ја дешифрирам намената на овие дрва и кој е курот да се пикаат во урбани средини. Ни сенка држи некоја, ни се бере нешо од него, ни бутур. Кој бил у Аеродром деноиве знае што се дешава од тие што се кај Булерар Србија..

Посадете праски, кајсии и слични ствари што може да ти се најдат, нема поубава работа од тоа да си идеш по пат и си набереше нешто да се освежиш..... и тоа да е зелено и пролив да ти ебе мајката после :)
 
Алергичен сум на проклетите срања....-.-
 
Во делот кај Јужен булевар е крајно време да се исечат, имаше пред некое време најави дека етапно ќе оделе па следна фаза била таа ама ете, сеуште нема активности.
 
Се приклучувам кон акцијата за сечење! *гордо ја вивнувам раката во воздух, стегајќи ги капките за нос*
Редно е да ги исечат, покрај тоа што полен фрчи на сите страни, стеблата им се шупливи и може да паднат. Има милион други видови дрва, може да се направи еден ден на дрвото во Скопје и све да се среди, да не паѓаат жртви луѓето низ Скопје.
 
Денес за малку ке умрев доека јадев во ресторан
на тераса ми залетна памукче неможам да го голтнам уште незнам ни како :(
 
Пробајте палете ги со упаљач...колку јако горат :)

Иначе и мене многу ме курчат, очи ме чешаат, кивам...
 
Баш у Чаир лани сите ги испосекоа. Ептен замараат -.-
 
Ја подржувам иницјативата за сечење на тополите но неместо тополи да насадат ЛИПИ па да видите што е алергија што кој мој сте се запнале за тополите ?? по благородни дрва од нив нема, а посебно се корисни за градски тоест урбани средини,и така беше пекол низ скопје во лето нека ги исечат па да видите што е стварно пекол без тополи ебаве тоа шмизлите розеви 7 дена цветаат не цветаат цело лето
 
Ама сте запнале. Па шо ви се криви тополите? Тие се филтри на презагадениот воздух кој го дишете. Да немаше дрвја, ќе баравте да се садат повеќе. Сега кога има сакате да се сечат?
 
Епа немаме сите пари за вакцинација против алергии, што се прима две години :toe:
 
хахахахахахахаха не да горат фитиљ се :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom