Мислев на нешто поише од слаба, висока, гзлеста, цицлеста и сл..
Такво нешто повеќе од изглед (кога веќе генерализираш на машки) НЕМА!
На секое машко ќе му биде доволно да си згодна и да има образ да те прошета низ град, се додека сите минувачи те озборуваат за тоа какви нозе си имала и колку си била убава. Секое машко го посакува тоа. Ама тоа е ако генерализираме.
Ако одиш по единки, секое машко си има свој вкус. Значи, запамти го тоа предходното што то го кажав.
ПЛУС вкусот на единката.
Некој неможе да има таква девојка, а да неможе 2 реда муабет да сврзе со неа, па макар колку и да е згодна. Значи тој бара ем да е згодна, ем да може муабет да прави со неа.
Некој неможе да има таква девојка, што е глупава. Може некоја девојка да знае да направи муабет и со секој да и оди муабетот, ама да реши или да одлучи нешто неможе. Не секоја девојка која може да сврзе муабет е паметна. Познавам многу такви со кои муабетот си тече, ама да им објасниш нешто ќе ти треба најмалку саат време.(ок претерав малку)
Некој неможе да има теква девојка чиишто родители ја размазиле. Толку и угодувале на неа во текот на животот нејзин што сега тоа го бара и од дечкото, а тој неможе да ја трпи.
Некој неможе да има таква девојка што пуши. Сведок ум на многу врски кои раскинале поради тоа што девојката пушела, а нејзиниот партнер не го сакал тоа.
Некој неможе да има таква девојка која ќе му троши многу кредит. Едноставно девојката бара да и се јавуваш на секој саат и да правите пола саат муабет. Се лигави по телефон. Некои не го трпат тоа.
Некој неможе да има таква девојка која е намќор.
Има уште милион вакви категории, само ти треба да ги откриеш.
Тие поплитките, го бараат само изгледот.
Тие мааалце подлабоките бараат да има девојката и карактер малку. Т.е. да одговара на нивниот карактер.
На крај краева, девојката може да има повеќе карактеристики од горенаведените,ама едноставно не се вклопува со партнерот. Нема никакви сличности во нивниот карактер - не им функционира врската.