Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Овие два фаворита тотално слабо денеска, Аргентина и Англија:kesa: Сите очекувавме двата тима да лупнат повеќе од 3 гола, ама испадна по еден гол и едните со 3 бода другите 1 бод.
 
Овие два фаворита тотално слабо денеска, Аргентина и Англија:kesa: Сите очекувавме двата тима да лупнат повеќе од 3 гола, ама испадна по еден гол и едните со 3 бода другите 1 бод.

Па не баш, и се очекуваше, да, али и се знаеше дека ќе им биде тешко, Аргентинците заради Марадона и притисокот, Англичаниве заради добриот тим на САД :) Кореа си го оствари очекуваното :pos:
 
Па не баш, и се очекуваше, да, али и се знаеше дека ќе им биде тешко, Аргентинците заради Марадона и притисокот, Англичаниве заради добриот тим на САД :) Кореа си го оствари очекуваното :pos:

Англичаните исто така имаа огромнен притисок, веруj :)
 
Стварно колку се дебили МТВ со тоа графиката за времето и резултатот. Кога го ставија ко во Paint да е правено со Arial фонт и 8 големина :) и оп по 20-ина минути го снема. Ги исклучија да не им троши струја :pos2:

А и од ФИФА не се поарни и нивното ситно ситно да не можиш да видиш кој играч на која позиција игра.

16:9 ти е сликата, за тоа неможиш да ги вииш играчите ;)
 
He is back, he is back ! :vozbud:
За фановите на шоуво, уживајте :

 
Голманот на Англија :kesa:
Леле колку се досадни со трубине.....
Грин не е за светско. Све мислев дека ќе биде трет голман. Ја кој би можел да одбирам прв би бил Џејмс, најстар, наискусен.. баш за вакви натпреварувања. А пак Харт е можда и најквалитет од сите тројца, но млад, без никакво искуство, не би се снашол на вакви натпреварувања т.е би му се случило исто вакви нешто како на Грин.
 
Алжир - Словенија

Вести:

Тренерот на Алжир Рабат Саадан гo остави надвор од составот бидејќи се наоѓа во слаба форма капитенот Азид Мансури. Хасан Јебда од Портсмут ќе му биде партнер на Ласен во халфовата линија. Антер Јахја ќе ја има капитенската лента. Голманот Фаузи Чауши и левиот бек Надир Белхаџ изтрпуваат казни по црвените картони на Купот на Африка.
Тренерот на Словенија Матјаж Кек му верува на составот, кој ги одигра последните 5 светски квалификации.
Негов капитен ќе биде поранешниот халф на Вест Бромвич Роберт Кореја.
Напаѓачот Миливое Новаковиќ помина успешно на фитнес тренингот. Другиот напаѓач Златан Љубјанкич исто така се справи со повредата на глужд.

Формира

Алжир (4-2-3-1, можеби)
Гауауи - Бугера, Халили, Јахја, Меджани - јебда, Ласен - Матмур, Саиф, Зиани - Гезал

Словенија (4-1-4-1, можеби)
С. Ханданович - Бречко, Шулер, Цезар, јокич - Радосавлевич - Бирса, Илиќ, Кирм, Дедич - Новаковиќ

Инфо
Ниту Алжир, ниту Словенија некогаш ги поминале групите, а малкумина се оние кои даваат шанси на нив да ги испреварат Англија и САД се во оваа група.
Не на последно место репутацијата на овие два тима е слична. Тие се пласираа на финалето, добивајќи плејофи, кои сите очекуваа да ги загубат. Алжир го изненади Африканскиот шампион Египет, а Словенија ја понижи моќната Русија.
Подготовките на Словенија помина без многу врева, беа премногу фокусирани на учеството на ова светско првенство. Но тогаш ѕвездата Златко Захович го навреди тренерот и беше испратен
прерано дома. Наскоро го следеа и останатите од тимот, откако Словенија загуби и три натпревари.
Тимот на Алжир беше ремоделиран по квалификациите, како деветмина од тимот немаа натпревари за него на почетокот на годината. Реално Алжир е тим, кој сега се гради, а навивачите на тимот го исвиркуваат најискусниот играч Азид Мансури поради слабата форма во последните три натпревари. Победата над Брегот на Слоновата Коска во Купот на Африка Сепак, го истакна потенцијалот на Алжир.

Факти

Еден против друг
Ова е прв натпревар на ниво на национални тимови.

Алжир
- Рабат Саадан, кој го водеше Алжир на светско во 1986 година е првиот африкански тренер, кој учествува на второ светско првенство.
- Алжир има само една победа над европски ривал во 15 натпревари од 2000 година. Ова се случи против Романија во декември 2000 година.
- Алжир примал барем по еден гол во секој од своите досегашните 6 натпревари на светското првенство.
- Тимот ги победи ОАЕ со 1-0 овој месец и така стави крај на серијата од 4 последователни загуби без да постигне гол. Голот против ОАЕ сепак, падна од пенал.

Словенија
- Со население нешто повеќе од 2 милиони луѓе Словенија е една од петте најмали држави што учествувале на светско првенство.
- Словенија победи на 6 од последните 7 натпревари од септември минатата година, кога изгуби од Англија.
- Ова е шести натпревар на Словенија против африкански ривал каде тимот изгубил на последните два.
- На напаѓачот Миливое Новаковиќ му се потребни само уште еден гол за да се најде сам на второто место во вечната ранглиста на погодоци за националниот тим. Во моментов тој ја дели оваа позиција со Сашо Удович, кој исто така има 16 гола.

Судии
Главен: Карлос Батрес Алберто (Гватемала)
Странични: Лионел Леал (Коста Рика), Карлос Пастрана (Хондурас)

Анализа на пазарот
Словенија е фаворит на букмејкерите, но во голема мера тие се однесуваат и на тоа што тимот може да се претвори во првиот кој ќе победи на натпревар од улогата на фаворит со коефициент над 2.00. Тие се многу претпазливи кон Словенија. Другиот интересен момент се влоговите за над-под. Иако е ниско оценет, 0-2 не е во никој случај очекуван од букмејкерите. Тие се претпазливи кон преголем 3+. Од една страна чисто статистички имавме пет последователни 0-2, а од друга рокадите во одбраната на Алжир зборуваат многу. Азискиот пазар е премногу избалансиран, како овој натпревар најверојатно нема да заврши со многу голови, бидејќи тимовите не се познати на пошироката публика и голот не е ни малку атрактивен.

Препорачани Влоговите

Победа на Словенија е задолжително да се бара. Тука се изкушаваме и од можноста тој да биде со повеќе од 1 гол. Азиската опција Словенија -1.0, во која при еден гол добивате парите назад е на 3.55 во Бет365. Елементарна победа со најмалку два гола може да се најде на 4.50. Над 2.5 гола(3+) е доста привлечна опција, што, исто така, за мене вреди со 2.67.
Овде, сепак, имате подобра опција од над 2.0, што е 2.075.
Мислам дека алжирскиот тим против тим од поранешна Југославија во комбинација со судии од Карибите претпоставува и картони, па јас ќе пробам со црвен картон. Ќе одиграм над 5.5 картони на натпреварот, како и опциите за тимови: Алжир над 2.5 и Словенија повеќе од 1.5.

И така:
Сите коефициенти се на Bet365

Алжир над 2.5 картони @ (1.61) 7 единици
Словенија над 1.5 картон @ (1.50) 7 единици
Вкупно над 5.5 картони @ (2.10) 5 единици
Словенија да победи @ (2,20) 6 единици
3+ голови @ (2.4) 5 единици
Словенија -1.0 @ (3.35) 5 единици
 
Голема грешка направи Капело што го стави Грин...требаше да брани Џејмс....
 
Добро бе како можаат да играат на вакво зуење стварно не ми е јасно..Јас не гледам само заради тоа проклето зуење..
 
Многу голови нема да има поради оние трубине.... шала.....
 
Па вистина според мене повеќено репрезентации не се навикнати да играат на онаква бучава....што е многу е многу......затоа во 5 утакмици има само 7 голови....што не е добро..
 
Да немаше топката неправилна патека, пола од головите немаше да се дадат. А и овие шо се дадоа, мн дебилни голови. Еден убав гол не видовме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom