Дали навивањето за послаб тим е за потсмев?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomi_Pompey
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го разбирам навивањето за клуб кој е од местото каде што ти потекнуваш.На пр.сите Скопјани треба за Вардар да навиваат итн...Оние кој што се родиле во Тетово за Тетекс,во Милано за Интер или Милан.Е сега колку клубот е јак,колку има финансиски средства тоа е сосема друга работа.А да бидат сите така,како што е во Англија,секој што си навива за клубот од областа од која што потекнува,стадионите на Њукасл,Фулам,Хал,Стоук клубови без некој успех се секогаш полни,тоа е за респект..Па и да умреш да не ги видиш со трофеј во раце важно јас мислам дека треба да се навива за клубот од областа во која што си се родил.А не за некој Интер,Манчестер и други клубови итн...Ама добро сеа тоа е тоа..
 
Ништо не е смешно...Освен Реал М. навивам за Бока Јуниорс, Аинтрахт Франкфурт и Депортиво Лос Милонариос(Колумбија):back::)
 
Дали мислите според вас еве некој како мене што навива за портсмут или за некој др клуб надвор од четворката е погрешно?Гледам дека има и голем број навивачи на Њукасл и слично и зошто сите мислат дека треба да навиваш за клуб кој освојува трофеи?Јас се радувам на победа на портсмут колку што некој се радува за титула не неговиот тим.Дискутирајте
Воопшто не е погрешно. Ти си навиваш за тимот, иако нема освоено титула, тој ти е сепак драг и ти лежи во срцето, тука нема ништо за потсмев . Навивачите на послабите тимови, сигурно повеќе знаат што е тоа пораз и што значи да си на дно на табела .

Многумина другари ми се смеат затоа што навивам за Тетекс и Звезда, а не за некој „нивни тим“ од калибарот на Манчестер, Реал, Барса и сл. Али на жалост они не сфаќаат дека и тие се екипи исто како „нивните“ и дека и тие имаат свои навивачи, небитно во која лига се такмичат .
 
Навивањето за тим за мене претставува искажување на некаков идентитет, препознавање во него. Воопшто не сметам дека навивањето за послаб тим е за потсмев, напротив некогаш се чудам како некој може да му е поблизок тим оддалечен 2000 км отколку локалниот тим од неговиот град село. Па остави кризата на страна, јас сум фатил натпревари селски каде што има публика има навивање, сега тоа го немаме во прва лига камоли надолу. Всушно ми се допагаше порано правилото за ограничување на бројот на странци во екипа. Всушност, ако тимот не го претставува регионот, не е составен од луге коипочнале во таа школа, ондак тимот станува едно трговачко друшто, фирма ништо повеке. Добро ке речам некаде нема квалитет, импресионирани сме како играат големите клубови ни се допага тоа и затоа навиваме, мегутоа и кога е така, би сакал играчите да потекнуваат од локалната школа односно од тимот. Ја некако никогаш немав тим за навивање, па пред 10-11 години си ги одбрав астон вила. Еве константно некако се темелат на млади играчи кои по квалитет не се разликуваат многу од 10 пати поплатените од нив, и дел од нив птекнуваат од подмладокот на екипата. Не ги осудувам останатите, ама мене лично чудно ми е и несфатливо да се фрлам во оган за Интер(иако последно време сакам да го гледам особено зошто игра некој наш -па та ка почнав полека да се идентификувам и со тој тим на пример..како што кажав претходно), или за Барселона и Интер. Знам дека има страствени навивачи з аопределен тим и дека дури и ги имаат истите навики ритуали и начин на живот и како оној навиваж од сред англиа кој навива за манчестер, мегутоа чудно ми е кога ке слушнам: Ве победивме, вие, ние, оние :).. некако ми се предалечни тимовите. Грешката е веројатно некаде кај мене бидејки се повеке луге навиваат така ..излеа ми недостига страст во навивањето.
натрепвари за истакнувањеЧ
Караорман _охрид фудбал, охрид струга ракомет, белчишта -слатино фудбал...број на навивачи кои навистина од душа викаат :)
 
Не си сам батка за Olimpique lyonnais :smir:
Повеќето не го ни познаваат францускиот фудбал оти не е толку комерцијална лигата за жал. Додека работев во Франција ПСЖ го следев доста пати али какво ривалство имаат со Бордо може да позавидат многу други дербија во Европа.
Не знам дали знаеш а и за другите во Лион се гледа како на клуб на француската Аристократија и претставува гордост (како Вардар кај нас) за нив во европски рамки (не е случај тоа со Марсеј и Монпеље кои ги сметаат за "црнечки" клубови и немаат поддршка во јавноста. Истото е и со ПСЖ.

Значи не си сам во навивањето за Лион :smir:

Е па супер :) конечно уште еден фан на Лион и Францускиот фудбал, драго ми е :wink:
 
Воопшто не е погрешно. Ти си навиваш за тимот, иако нема освоено титула, тој ти е сепак драг и ти лежи во срцето, тука нема ништо за потсмев . Навивачите на послабите тимови, сигурно повеќе знаат што е тоа пораз и што значи да си на дно на табела .

Многумина другари ми се смеат затоа што навивам за Тетекс и Звезда, а не за некој „нивни тим“ од калибарот на Манчестер, Реал, Барса и сл. Али на жалост они не сфаќаат дека и тие се екипи исто како „нивните“ и дека и тие имаат свои навивачи, небитно во која лига се такмичат .
Нормално дека знам што е пораз и шо е за мене битно наушен сум да прифатам пораз за разлика од некои други кои навиваат за поголем клуб и незнаат да признаат пораз
 
osven BARCA koja ja sakam najvise na svet i navivam za nea od 97/98 god uste koga imav 7 god drug tim sto go sakam e PSG ako pred 2-3 sezoni se borea za opstanok
 
osven BARCA koja ja sakam najvise na svet i navivam za nea od 97/98 god uste koga imav 7 god drug tim sto go sakam e PSG ako pred 2-3 sezoni se borea za opstanok
каков втор тим бе шо ви е као е можно да навивате за 2 клуба?се знае еден едно е срцето !!!
 
каков втор тим бе шо ви е као е можно да навивате за 2 клуба?се знае еден едно е срцето !!!

Можно е за два клуба и тоа како да се во срцето..мене на пример дека сум од Битола во срцето ми е Пелистер ..а другиот клуб ми е Интер,уште од времето на роналдо и онака специфично име имаше и така го засакав клубот од Милано...
 
каков втор тим бе шо ви е као е можно да навивате за 2 клуба?се знае еден едно е срцето !!!
срцето може да биде само за матичниот клуб.....извини-ти во Торино беше роден..........
 
Се согласувам со тебе.Не ги разбирам лугето шо навиваат за 2 клуба
Јас не ги разбирам само луѓето што навиваат за два клуба од различни држави!
Секој од нас си навива за клуб од Македонија од каде потекнува и тоа се првите контакти и љубов кон некој клуб бидејќи со тој клуб сме пораснале!
Е сега ситуацијата кај нас е таква што немаме репрезентативни клубови за во Европа и секој навива за по некој европски клуб, а има доста што навиваат или навиваме и за други репрезентации, се разбира после нашата национална!
Мислам дека се разбравме :smir:
 
Да да.И јас исто велам и се чудам на тие што навиваат за 2 клуба од др земји.А секако друго е да навиваш за домашен клуб и за клуб од европа
 
Јас па не ве разбирам вас, кои се декларирате као навивачи на одредени клубови како Манчестер, Реал, Барса итн. а немате никаков допринес за клубот. Како што знаеме вистинските навивачи купуваат сезонски билети, даваат било какви минимални донации, одат на секоја утакмица на клубот за кои навиваат. Вие со самото тоа што немате допринос кон клубот не сте навивачи туку сте обични симпатизери. Сите сме ги засакале оние тимови од топ5 лигите поради некој играч, убави дресови или што ти ја знам фазони што ко копиљаци ни биле интересни и така сме почнале да „навиваме“ за тој одреден клуб. И никогаш нема да кажам дека го сакам некој клуб од странство као што сакам клуб од Македонија - во мојов случај МЗТ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom