Најдобри другарки сме, затоа што те мразам!

  • Креатор на темата Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување Време на започнување
T

theTinule

Гостин
Има една книга ваква, кој сака нека си ја прочита :)

Имам две најдобри другарки. Едната е повлечена итра и покварена, а другата е отворена, искрена и наивна. Таа искрената има „дечко“ (не дека е сериозно нешто, 15 години имаме али ај...). Завчера ми се јавува другата и ми вика „ Ми се свиѓа дечкото на *оваа другата*“ И нормално, она си крие дека и се допаѓа, ама пак му се пушта. Јас во несвест!

Имам сретнато еден куп вакви случаи каде другарството се базира на меѓусебно ривалство или конкуренција, само што сите се прават „на Тошо“. Се натпреваруваат меѓу себе кој ќе го земе подоброто. И тоа се случува на секое поле од животот.

Сте биле ли дел од вакво другарство?
Сте биле ли сведок на вакво другарство?
Мислите ли дека можно е ваквите пријателства да опстанат, како што опстануваат тие искрените?
 
15 години сте.
Не го сфаќате поимот најдобра другарка. Ако седите заедно во клупа, и ако одите заедно на секции и минувате поголем дел од времето заедно, можеби се декларирате како најдобри другарки, но не мора да значи дека сте. Другарка не се пушта на дечкото на другарка и, а камоли на најдобрата и другарка.

И постот да не ми биде само наменет на првиот пост, ќе кажам дека глуп ми е насловот на темата, а и самата тема.
 
Мислам дека ми се повраќа од она што го прочитав. Единствено годините ја оправдуваат до некаде, оваа за повозрасните тотално сељачка работа. Како се осудуваш да ги наречеш другарки ? Имате ли претстава вие што значи другарство?
 
Не. Го наведов тоа само како пример. Има некои жени на 40 и нешто години се натпреваруваат чие дете ќе има подобри оценки во школо. Или незнам, чие дете поубаво свири клавир. Има некои, која колешка поубаво се облекува. И сите тие меѓу себе, секојдневно се дружат и се спријателуваат.
 
Мило мое, степенот на ретардираност на тие мајки и таквите кретени нека не те збунува. Во животот води се единствено од позитивни вредности и одговорност. Тие се сељаци, нека не те збунуваат и нека не ти ја рушат перцепцијата за другарсто и пријателство.
 
Не. Го наведов тоа само како пример. Има некои жени на 40 и нешто години се натпреваруваат чие дете ќе има подобри оценки во школо. Или незнам, чие дете поубаво свири клавир. Има некои, која колешка поубаво се облекува. И сите тие меѓу себе, секојдневно се дружат и се спријателуваат.
Жените на 40 си гледаат само за себе и за својата фамилија. Се разбира дека децата им се на прво место... Пријателите на твоите завидуваат ако ти си туфи, а нивното дете е двојче.
А за она што спомна во првиот пост, дека другарството се базира на ривалство и конкуренција, е добра работа. Убаво е секој до себе да има човек на кој може да се рамни, за да се труди секогаш да испадне подобар.
 
You can not be serious. Рамнење и натпреварување со другарите и трудење да бидам секогаш подобар од другар ми???:tapp: Ако си од Конопиште (без навреда за селото) простено ти е. Добро бе што ти е тебе?
 
Се извинувам за оштрината на она што ќе го пишам АМА ВЕЗЕ НЕМАТЕ ШТО Е ПРИЈАТЕЛСТВО!!
Посебно вие најмладите генерации,не ми замерувај Тинуле но стварно не знам што се случува со помладите генерации,покрај сите глупости нивни што ги прочитав се чувствувам престарено.На твои години никогаш не сум дошла до констатација како темава,ама не ме чуди што тинејџер ја има поставено.Нема никаква поента ниту логика сето ова.
Очигледно друг генерациски воздух дишеме.
 
You can not be serious. Рамнење и натпреварување со другарите и трудење да бидам секогаш подобар од другар ми???:tapp: Ако си од Конопиште (без навреда за селото) простено ти е. Добро бе што ти е тебе?
Мене ми е следново:
Пред да си ја :tapp:, прочитај ми ја последната реченица. Да се труди да се биде подобар од другарот до тебе...се разбира во границата на нормалата, а не да се манифестира тоа во вид на некоја опсесија.
After all, темата и не била толку лоша како шо пишав погоре.
 
Абе брат, нека си гледа секој за себе. Каква сатисфакција во животот ќе ти биде тебе доколку ти се трудиш и успееш да бидеш подобар од другар ти,а? Ај немојте ве молам со вакви глупости, ко мале деца сте.
 
Нема да ми биде сатисфакција од типот јеиј подобар сум од другарот.
Ќе ми биде сатисфакција од типот дека сум достигнала некое погорно ниво од областа whatsoever... Лична моја сатисфакција, брат.
 
Ок, поинаку размислуваме. Кажи ми само колку години имаш?
 
Offf leleee, najdobra drugarka ne ni pomisluva da mu se pusta na deckoto na nejzinata drugarka...ok moze da se desi da i se zasvija ali ne do taa smisla da mu se pusta i da prai se za da im rasipe;( jaka tema ali zalosno be ova:( ima vreme ke svatite sto e drugarstvo ali moj sovet, beja nsatrana od taa utre moze i tebe da ti go naprai istoto:uvo::nenene:
 
Абе брат, нека си гледа секој за себе. Каква сатисфакција во животот ќе ти биде тебе доколку ти се трудиш и успееш да бидеш подобар од другар ти,а? Ај немојте ве молам со вакви глупости, ко мале деца сте.
Его бачко и комплекс, кај сите го има тоа сакале да признаеме или не...
 
Како прво во денешно време не знам како можете некој/а да класифицирате како најдобар/а другар/ка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom