Слободан Милошевиќ - херој или предавник?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^HITMAN^
  • Време на започнување Време на започнување
За лечење на блгарски фрустрации по македонски форуми, за жал се уште не е пронајден лек. :jaj:

Како нема што да кажете започнуваате да се правите на чичко доктор.
 
Хаха! Името на денарот го дал Милошевиќ, со тоа што ја сменил "и" во "e"!? Господе боже што нема да слушнеш. sto би сакал да го чујам твојот предлог за како би требало да се вика македонската парична единица, можеби лИв, а?
 
Како нема што да кажете започнуваате да се правите на чичко доктор.

Што да ти кажам тебе, жити Бога, кога мислиш дека денарот е крстен под српски притисок? Некој конструктивен разговор? Ти кажав погоре, намали на буниката.
За денарот се просветли, за Јустинијан прочита ли? Скокни на под-форум историја, има доста интересни работи за учење.

И тоа се на тема за Слободан Милошевиќ!!!!!
 
Хаха! Името на денарот го дал Милошевиќ, со тоа што ја сменил "и" во "e"!? Господе боже што нема да слушнеш. sto би сакал да го чујам твојот предлог за како би требало да се вика македонската парична единица, можеби лИв, а?

Денар, денар си ви е најдобро. Ем е старата римска монета, ем е многу близок до српскиот денар, што добро покажува истовремено соништата во Македонија и вистинската состојба. Јустинијан или Слободан чудно совпаѓање, ќе ја видиме таа работа.

И тоа се на тема за Слободан Милошевиќ!!!!!

За Слободан Милошевиќ мора да се разговара во смисла на неговото однос кон Македонија, бидејќи тој има однос, а не што е надробил во Србија, Босна, Хрватска и Словенија.
 
За Слободан Милошевиќ мора да се разговара во смисла на неговото однос кон Македонија, бидејќи тој има однос, а не што е надробил во Србија, Босна, Хрватска и Словенија.

За болдот, јас не сум видел тој дури и да не ословува како Македонија (на самитот/конференцијата во Охрид во почетокот на 90тите одбивал да каже во која држава се наоѓа), ковал тајни планови со Мицотакис за поделба на Македонија, не дозволувал ЈНА да се повлече од Македонија....

Што да се каже за еден човек задоен со идејата "сите Срби во една држава", еден антидемократ, диктатор, човек кој го понижи сопствениот народ и му нанесе огромно зло и огромни материјалночовечки загуби, си го погази сопственото достоинство и достоинството на својот народ...

Милошевиќ, wannable Хитлер (во плановите и размислувањата) е една бедна политичка фигура, човек со преголеми амбиции, а тотално неуспешни планови за спроведување на истите. Јосип Броз е далеку позаслужна личност за Србија, тој барем колку-толку го стивнуваше национализмот и го одржуваше Косово во Србија, Слоба наместо да го интегрира Косово, го посла патот за тоа да се отцепи од Србија и денес да биде република, признаена од 65 независни и суврени држави.
Без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не.

Слобо е најголемото разочарување за српскиот народ.
 
Слободан Милошевиќ имал таен договор со македонскиот врв. Не е случајно, дека во моментот кога се одземаше автономијата на Косово и Војводина се даде независност на Македонија и ЈНА се повлече мирно и тихо од своите стратешки позиции.
 
Таен состанок? Не тропај глупости. ЈНА се повлекла после месеци долги и тешки убедувања (и сигурно со потсредство на Меѓународната заедница).
Милошевиќ го попречуваше признавањето од страна на Србија на независноста на Македонија. Дури во април 1996 година се воспоставени дипломатски односи со Србија!!! Цели 3 години после ООН.
А ние денес помниме само дека Србија не признала под уставно име! Не се кажува кога и на кој начин!!
 
Слободан Милошевиќ имал таен договор со македонскиот врв. Не е случајно, дека во моментот кога се одземаше автономијата на Косово и Војводина се даде независност на Македонија и ЈНА се повлече мирно и тихо од своите стратешки позиции.

Морее... Се знаете од таа страна на границата. Викаш таен договор и тебе ти го кажале?
Плус Косово и Војводина ја загубија автономноста во 1989 година, а Македонија стана независна во 1991....
 
Таен состанок? Не тропај глупости. ЈНА се повлекла после месеци долги и тешки убедувања (и сигурно со потсредство на Меѓународната заедница).

Мај ти тропаш глупости. Долги и тешки убедувања? Видовме како завршија овие убедувања во Словенија, Хрватска и Босна со многу кьотек. А во Македонија, о чудо со мир и љубов. А тогаш Меѓународната заедница беше против Југославија да се дели.
 
Мај ти тропаш глупости. Долги и тешки убедувања? Видовме како завршија овие убедувања во Словенија, Хрватска и Босна со многу кјутек. А во Македонија, о чудо со мир и љубов. А тогаш Меѓународната заедница беше против Југославија да се дели.

Стварно си тврдоглав значи. Кажи ми ја користа на Милошевиќ од слободна и независна Македонија? Тој човек ја сметаше Македонија се уште како српска покраина, како Вардарска бановина, т.е. јужна Србија.
И убаво ти напишаа погоре, 1989 е одземена автономијата (Косово), 1991 се осамостоивме (Македонија).
Муабетот не ти држи вода!
 
Тој човек ја сметаше Македонија се уште како српска покраина, како Вардарска бановина, т.е. јужна Србија.

Ајде да ти задам прашањето на друг начин. Што спречи Словенија, Босна, Хрватска и Косово да се осамостоjат на истиот начин, како Македонија.
 
Ајде да ти задам прашањето на друг начин. Што спречи Словенија, Босна, Хрватска и Косово да се осамостоjат на истиот начин, како Македонија.

Словенија речиси на истиот начин се осамостои, со минимални загуби и по една кратка војна. Проблемот со БиХ и Хрватска е спрското малцинство и нерешените прашања.
Во секој случај, Милошевиќ не бил наклонет кон Македонија. Можеби турските гаранции дека ако Македонија биде нападната и тие ќе возвратат со оган, биле и предупредување за Милошевиќ/Мицотакис. Добра улога одиграла МЗ која сакала распад на Југославија! Затоа и ги помагала Хрватска и Словенија кон излегување од федерацијата.

Како и да ги вртиш работите, ќе испадне едно: Милошевиќ и Македонија не оделе заедно, тие две работи се спротивни како ден и ноќ. Немало никакви тајни сојузи, ни планови. Некој му ги пореметил плановите на Слоба и тоа е се'.
 
Мај ти тропаш глупости. Долги и тешки убедувања? Видовме како завршија овие убедувања во Словенија, Хрватска и Босна со многу кьотек. А во Македонија, о чудо со мир и љубов. А тогаш Меѓународната заедница беше против Југославија да се дели.

МУП на Хрватска или мвр-то нивно ги зазема сите касарни, ќотек изедоа србите. Војниците на ЈНА со плачење се вратија од Словенија.

Македонија избегна војна затоа што го врати оружјето на ЈНА, после преговорите што ги спомна некој погоре.

меѓународната да беше против цепење на Ју немаше да има англиски платеници на страната на Хрватска.
 
Кажи ми ја користа на Милошевиќ од слободна и независна Македонија?

Користа е во тајниот договор со македонскиот врв. Македонија е врската помеѓу вечните сојузници Србија и Грција. Оваа врска треба да остане безбедна.
 
Користа е во тајниот договор со македонскиот врв. Македонија е врската помеѓу вечните сојузници Србија и Грција. Оваа врска треба да остане безбедна.

Ајде де просветли не, кој е тајниот договор? Анти-бугарски, така?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom