Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Направии го центаро нива.Може и да посадаме нешто.:))
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
ajde nema da te tepam zal me e...:D:D:D
a nz koga ke go napravat...do karnevalot treba ama mislam deka nemat vreme inace nema deka karnevalot da bide...
P.S ti od strumica li si...??
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.608
Поени од реакции
11.149
Нели кажаа у декември готов ќее?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
До кај ви е плоштадо бе Струмчани,се граде ли... разбираш :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
'''Плоштадот Гоце Делчев''' се наоѓа во центарот на градот Струмица, Република Македонија. Плоштадот бил изграден во 1971 година. При изградбата на плоштадот биле урнати неколку објекти од барокна и неокласична архитектура. На плоштадот се наоѓа споменик на револуционерот Гоце Делчев, кој бил изграден во 1976 година.

Во моментот целиот градски плоштад се наоѓа под комплетна реконструкција. Реконструкцијата на плоштадот опфаќа подземно и надземно вкрстување на булеварот Ленинова со булеварот Маршал Тито, изградба на подземен паркинг простор и пешачка зона, т.н. ''леблебиџиската улица''. Под нивото на плоштадот кој ќе има три влезно-излезни отвори, ќе биде изграден нов паркин простор за околу 100 автомобили. Изградбата на новиот плоштад се финансира исклучиво со Општина Струмица - општински пари. Целиот проект треба да биде завршен до Св. Петнаесет Тивериополски (Струмички) маченици - патронатот на градот (11 Декември) или пак најдоцна до почетокот на 2011 година.
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
Кога почна да се копа, сите се бунеа дека куќите ќе им паднат, ќе се нарушела статиката, ова, она...
Па не биде ништо, си се направи преминот и сообраќајната гужва елегантно се реши (незнам колку памтите, како изгледаше таа улица во петок и сабота навечер).

Околу проектот...ОК е, нека се гради...
Некој рече погоре дека е убаво да се гради, и јас го велам тоа. Независно од тоа кој и зошто токму тој ќе гради, сепак, пари нема да земе само тој, туку ќе одат пари за плати на работници, за занаетчиски работи...а тоа е пак пара која оди во промет, се троши во економијата, а тоа е убаво.

Чист кејнзијанизам...кога е криза, да се вложува во јавни работи, да се гради...

Економист ли си? :wink:
 

DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Ах читам и ви се смеем на акло шо го имате! Од ко почна да се граде плоштадо сите само пљууте тва требало да биде пато требал да се праа кај стадионо а не бил почнан , тама тва требало итн... сега се ко е завршано и останува оште да се дограде плоштадо , од тии шо пљујааа имат ли нешто да изјават ???
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.608
Поени од реакции
11.149
Ја неколко слики од повисоко :)




 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ах читам и ви се смеем на акло шо го имате! Од ко почна да се граде плоштадо сите само пљууте тва требало да биде пато требал да се праа кај стадионо а не бил почнан , тама тва требало итн... сега се ко е завршано и останува оште да се дограде плоштадо , од тии шо пљујааа имат ли нешто да изјават ???
Убав широк плоштад да имате за да може доволно трактори да се паркираат пазар на големо да биде.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Убав широк плоштад да имате за да може доволно трактори да се паркираат пазар на големо да биде.
Ех ако во Прилеп пазарот на големо може да се трансформира и во плоштад, нели по потреба, во Струмица пазарите (има повеќе) се само пазари и се така по дистанцирани од централното градско подрачје.

Не сме рационални ние, арчиме простор.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
BTW...

„Струмица 2014“ како „Скопје 2014“


Изградба на споменици на цар Самуил (998-1014 година), на поранешниот претседател Борис Трајковски, на Тибериј, основачот на Тивериопол (старото име на Струмица), но и на генералот Боро Поцков, целосна реконструкција на стариот театар, кој моментно е руина, дислокација на гробот на Струма од селото Баница во Градскиот парк, изградба на регионален музеј, како и изградба на нов завод-музеј во центарот на градот.

Сите овие зафати се предвидени во новата програма „Струмица 2014“, промовирана завчера од струмичкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ под ѕвездено небо, на надморска височина од 450 метри, на платото од Царевите кули над Струмица. Програмата треба да се реализира за период од четири години.

Остварувањето на оваа програма го презема комисијата за култура при локалниот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател е режисерот Јани Бојаџи. Според Бојаџи, програмата е реално остварлива, но во неа не се наведени прецизни рокови и финансиска конструкција.

- Ова е само почеток. Ќе предлагаме конкретни проекти, кои ќе бидат понудени на градоначалникот на општината Струмица и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ако не бидат прифатени, ќе бидат вметнати во нашата програма за наредните локални избори - вели Славе Гошев, претседател на струмичкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Според мене е ОК.

AND (но малку задоцнето, srry):

Големи актерски имиња на „Ристо Шишков“

Според селекторот Благоја Стефановски, и покрај стеснетата годинашна официјална програма на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, квалитетот нема да изостане. Во официјалната селекција се поместени 10 претстави во кои настапуваат големи актерски имињa.

- По желба на публиката годинава имаме големи актери и добро е што е така, зашто и Ристо Шишков беше актер од голем ков. И интернационалниот карактер на фестивалот е многу важен, бидејќи Шишков не беше само наш, туку беше актер на едно големо европско семејство“, рече селекторот Стефановски на отворањето на осумнаесеттото издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ завчера во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. На отворањето се одигра театарската претстава „Отело“ на Кралскиот камерен театар од Цетиње (Црна Гора), а во режија на младиот Вељко Мичуновиќ, која од публиката доби долго ракоплескање и овации на воодушевување.

Свеченото отворање на фестивалот на Денот на независноста се случи во присуство на театарски и филмски режисери, критичари, глумци, а за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Заев, кој истакна дека македонската самобитност е неотсонуваниот сон на Шишков.

На вториот ден се одиграа претставите: „Дрвениот сандак на Томас Вулф“ на Народниот театар од Сараево и „Црвената магија“ на домаќинот народниот театар „Антон Панов“. Во рамки на селекцијата на фестивалот се поместени и претставите: „Жени“ на театарот „Џинот“ од Велес, „Лили“ кабаре-продукција од Скопје, „Спиноза“ на Мал драмски театар од Битола, „Комеморација во кафе-театар“ на „Додона театар“ од Приштина, „Ветер низ тополите“ на Драмскиот театар од Скопје, „Госпоѓица Јулија“ на Турскиот театар од Скопје, „Со вкус на овошен сладолед“ на Драмскиот куклен театар од Пазарџик (Бугарија). Сите претстави се играат на реновираната „Сцена 112“, во Домот на културата. На крајот, во чест на наградениот актер, ќе биде прикажана монодрамата „Кабаре-кабаре“ на Зијах Соколовиќ, во копродукција на Австрија и на БиХ.

Сите актери учесници на фестивалот ќе се натпреваруваат за наградата „Ристо Шишков“, која се состои од златно синџирче и медаљон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра. За најдоброто актерско остварување ќе одлучува петчлено меѓународно жири во состав: Ирена Ристиќ (ланскиот добитник на наградата), Дубравка Зринчиќ Куленовиќ, Зоран Гаши, Атанас Поп Димитров и Бранко Бенинов.

Покрај театарските претстави, на фестивалот ќе се одржат и разговори за секоја претстава, а и проекции на документарните филмови „Духот на татко ми“ на Горан Тренчовски и „Крикор Азарјан“ на Лили Абаџиева.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom