Комуникативни или повлечени?

Зависи од другата страна дали ќе бидам комуникативен или не, освен ако немам бапнато петшестседумосум алкохолни пијалоци.
 
Најважно е да ја процениме ситуацијата, каква е ситуацијата така и треба да се однесуваме, според мене во моменти каде што треба да ја истакнеме и да го кажеме нашето мислење мора да бидеме убедливи и комуникативни, а доколку некој сака да го каже своето мислење мора да бидеме во моментот повлечени и да бидеме добри слушачи, но доколку зборуваме конкретно за карактерна особина јас сум доста комуникативен, што мислам дека е доста позитивно
 
зависи.. може да се каже 80 20... обично гледам да си напраам муабет со било кој и за било која тема.. не ми пречи воопшто, таква личност сум си те.. е сеа ако гледам дека од спротивната страна нема интерес или па не е некој муабетџија онда ке си се повлечам.. инаку у принцип комуникативен сум и опкружен сум со комуникативни дечки и девојки :helou:
 
Срамежлива сум, но ако другата страна е комуникативна тогаш полесно можам да се опуштам и да направам муабет, сеуште се трудам да бидам покомуникативна зошто нема ништо добро од тоа да си повлечен
 
По природа повеќе сум срамежлив, но сепак се зависи и од луѓето со кои комуницирам односно праам муабет. Ако со некои како што би рекле по америчкине филмови ни кликне можам да бидам и најкомуникативниот, но со други кај што муабетот не тера преовладува срамежливата страна.
 
Срамежлива сум, но ако другата страна е комуникативна тогаш полесно можам да се опуштам и да направам муабет, сеуште се трудам да бидам покомуникативна зошто нема ништо добро од тоа да си повлечен

и ја сум таков (секако кога немам доволна количина на алкохол во крвта) :)
 
Дефинитивно комуникативен и со тие што треба и со тие што не треба
 
Јас сум доста комуникативна особа. Сакам да комуницирам со луѓето, да се дружам со нив на сите можни начини:smir:
 
Јас сум доста комуникативна особа. Сакам да комуницирам со луѓето, да се дружам со нив на сите можни начини:smir:


Не ги оставаш другите да зборат дури што си толку комуникативна. :)


Јас? Паааа зборам со кој било и каде било и колку било. Гајле ми е. За сите сум отворен за комуникација. Колку пробуваш повеќе пати да запознаеш еден добар човек толку поголеми шанси имаш. Ако си ќутиш како муле - ке си останеш сам. А во друштво што го знам си зборам ептен и најчесто сум најзборлест од сите иако пред 6,7 години беше тотално спротивно.
 
Комуникативен. Од повлеченост не се живее.
 
Комуникативен до крај. Муабетчето е моето тајно оружје и клуч за секоја затворена врата.
 
Зависи со кого сум.Ако сум со некој што го знам сум комуникативна, а ако сум со некој што првпат го гледам сум повлечена и не правам многу муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom