Следствено на тоа и бројот на жители беше многу помал.
Според ова најверојатно градот не го следел развојот и зголемувањето на бројот на жители при што можеби било потребно пропорционално да се зголемува и протокот на луѓе, стока. Најверојатно ради тоа капацитетот и зачуваностана инфраструктурата и објектите не соодветствува на тековната состојба со бројот на жители (кој пак постојано се зголемува, најмногу преку механички прилив).
Лурц
Нема град во светот кој не го следи развојот и зголемувањето на бројот на жители.Проблемот е во непланското градење кое започнало од 1963 (а значително се зголемило после 1990 година, особено после 1991 година). Непланско градење во овој град има поради следниве причини:
-Празнење на општинските каси, од страна на моќните олигарси во оваа држава а тоа се прави преку:
a) наместени тендери од страна на локалните „шерифи“ (односно градоначалници)
б) купување на плацови по багатела цена и изникнување на згради, односно станови од кои може да се извади двојно повеќе (ако местото го купил 100 000 (со зборови: сто илјади) евра, од тоа место; од продажба на станови ќе извади 1 0000 00000 00000 00000000 (со зборови: еден ЗИЛИОН!) евра.Да не го споменуваме и добиениот профит од издавањето на дуќаните сместени во самата зграда, а воедно и тоа што нема воопшто никакви давачки кон државата (не плаќаа комуналии и сл.).Тоа се тие свети „крави индијски“.А што е најтрагично се даваат места каде треба да излезе по правило, некој паркинг или пак места каде треба да се изградат неколку улици кои ќе овозможат полесен и поекономичен проток на возила низ градот.
А да не споменувам дека секоја општинска каса се полни со давачките на граѓаните, односно плаќањето комуналии, даноци за земјиштето и др.А тоа значи дека покрај тоа што се празнат општинските каси од страна на локалните шерифи, се празнат и џебовите на граѓаните.
И се така во круг одат работите.

Што се однесува до темата, веќе дебатирано преку сто пати а што се однесува до проектов, колку пари се исперени само од тој проект и од тие наместени тендери, а цели населби во градот веќе дваесет години по ред немаат одвод, се служат сеуште со септички јами (Сингелиќ, Инџиково, и.т.н.).Наместо дел од тие пари да се вложат, за да се подобри животот на граѓаните, хигиената........Ништо против спомениците и историските личности, проблемот е тоа што има многу поважни работи за средување.Затоа земајте фотоапаратите и сликајте се пред Александар, со едната нога во ров полн со вода (зошто градов е полн со дупки), а со другата на суво.
Значи се е до непланското градење, а непланско градење има само поради тоа што некои гледаат профит во тоа.За крај да сумираме.
