Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Јас не го толкувам законот никако затоа што не сум пушач, ама ми пречи што поради овој закон јас кога ќе излезам со друштво не можам на раат да се видам со пушачите од друштвото. Додека они мрзнат на цигара, мене ме мава непријатен мирис поради измешани парфеми, тек - тук неподбањати запотени личности и остали миризливи продукти. Чадот од цигарите го прикриваше тоа.
Прашај ги пушачите како го толкуваат и како се чувствуваат со него.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас не го толкувам законот никако затоа што не сум пушач, ама ми пречи што поради овој закон јас кога ќе излезам со друштво не можам на раат да се видам со пушачите од друштвото. Додека они мрзнат на цигара, мене ме мава непријатен мирис поради измешани парфеми, тек - тук неподбањати запотени личности и остали миризливи продукти. Чадот од цигарите го прикриваше тоа.
Прашај ги пушачите како го толкуваат и како се чувствуваат со него.
Излези и ти надвор биди солидарен, и јас го правам тоа. На некои работи треба пополека да се навикнуваме сите. Добро е за сите нас ова.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
И треба една работа да ви е јасна, во секое опшество надвладејува мнозинството. Хипотетички да земеме дека постои група на луѓе кои се уживатели на јавно уринирање и сметаат дека нивното право да мочаат каде сакаат им е одземено, така било од секогаш во историјата и некој паметен сега најде да им го оспорува. Ама најважно е шо тие луѓе се малцинство во ова опшество, да беа мнозинство постои легитимен начин да си се изборат демократски за своите права. Значи кога една група со своите потреби загрозува друга група, во демократско опшество победува мнозинската група. Шо е тука нефер, не е ова тоталитаризам, слободно на референдум.
Ама па да беше вака како што викаш, во државава немаше да иаме проблем со малцинствата! Онака, мнозинство сме, гајле ни е
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Излези и ти надвор биди солидарен, и јас го правам тоа. На некои работи треба пополека да се навикнуваме сите. Добро е за сите нас ова.
Јас сум отишол во кафич/диско/кафана за внатре да седам. Да сум сакал надвор на клупи ќе сум седнел со друштво.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Јас не го толкувам законот никако затоа што не сум пушач, ама ми пречи што поради овој закон јас кога ќе излезам со друштво не можам на раат да се видам со пушачите од друштвото. Додека они мрзнат на цигара, мене ме мава непријатен мирис поради измешани парфеми, тек - тук неподбањати запотени личности и остали миризливи продукти. Чадот од цигарите го прикриваше тоа.
Прашај ги пушачите како го толкуваат и како се чувствуваат со него.
Е сега кажа!

Колку време пушат другарите твои? Секој сат по 2 цигари да пушат то се 10 минути.

Се инаетиш безвеза, особено па непушач да му смета незачадена просторија е апсурд. Не можам друи ни да ти објаснам на колку нивоа е глупост ова шо го кажваш. Не го подржвал законот од солидарност за другарите ... пффффффф брат смрдиш на политичка пристрасност од километар ти се осеќа инаетот.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
СЕ повеќе има отпор кон законот,но тоа не е здружено.....во СЕ повеќе локали се премолчува пушењето,до кај ќе стигне ова ќе видиме...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Излези и ти надвор биди солидарен, и јас го правам тоа. На некои работи треба пополека да се навикнуваме сите. Добро е за сите нас ова.
каква ли собиранка ќе беше ако сите нн души кајганџии излагавме надвор на цигара. 15 души излези, 15 души влези...пак по 10-15 минути, 15 души излези... Непушачите храбро издржаа.
Него, тешко кај нас владее мнозинството, покривите од азбест сеуште не ги заменија, иако требаше...а не да мава канцер од азбестот, убива. Мнозинство бевме и за достапност до друг начин на греење, за поддршка да си ги замениме возилата од 20+ години со понови (половина возила од 400 илјади се стари повеќе од 20 години). Од 2002 до 2007 (според моепп) сите загадувачи бележат нагорна линија, а повеќето од граѓаните се за истото да се санкционира и спречи.
Нашиот проблем како држава и граѓани е парцијални зафати, зафати за кои некој смета дека се ок без да ја погледне целата слика, зафати со кои ќе покаже божемни реформи и напредок на државата. Глуп беше и дел од законот јавна чистота (ваљда така беше) каде вели дека ние од куќите не смееме да цепиме дрва надвор од дворот, не смееме гранките од дворот да ги оставаме туку треба да ги фрламе...да прашам со што? Или и тоа е само наш проблем,
Не сум чест гостин на кафеани, одвреме-навреме. Мене повеќе ми сметаат други проблеми, мене и на миљонипол граѓани. Но нас никој не не прашува, битно е што ќе изумат во некои кабинети. Ако веќе има забрана, зошто да даваме пари за развој на тутун, наместо за развој на здравствениот систем.
Има многу зошто ама никој од надлежните да излезе и одговори затоа што-
 
Шо ја политизираш темата бе?! Шојмат врска покриви и стари коли со законот за пушење. Ако ти се дискутира за политика јави се на Црн и Бел Бумбар, со соодветна пациентела таму ќе си дебатираш. Немаш појма колку си проѕирен, на 45 години ти од кауч не си станат и законо за пушење тебе поготово ама ич не те има засегнато. Да не излегваш по дискотеки ти па голема неправда те снајде. Доста не отру со политичка демагогија овде. Темата е конкретна и нема врска со ВМРО или СДСМ, на друго место продавај пуфки!
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Мора да се пуши, посебно сега на ладново...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Шо ја политизираш темата бе?! Шојмат врска покриви и стари коли со законот за пушење. Ако ти се дискутира за политика јави се на Црн и Бел Бумбар, со соодветна пациентела таму ќе си дебатираш. Немаш појма колку си проѕирен, на 45 години ти од кауч не си станат и законо за пушење тебе поготово ама ич не те има засегнато. Да не излегваш по дискотеки ти па голема неправда те снајде. Доста не отру со политичка демагогија овде. Темата е конкретна и нема врска со ВМРО или СДСМ, на друго место продавај пуфки!
Дај бе не се нервирај, само муабет си правиме што би било кога би било не дека ќе смениме нешто...
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Дај бе не се нервирај, само муабет си правиме што би било кога би било не дека ќе смениме нешто...
Ме нервира кога некој пробва да протне политичка реторика кај шо не му е местото. Не за џабе е затворен подфорумот политика, форумо не е место за политичка агитација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Шо ја политизираш темата бе?! Шојмат врска покриви и стари коли со законот за пушење. Ако ти се дискутира за политика јави се на Црн и Бел Бумбар, со соодветна пациентела таму ќе си дебатираш. Немаш појма колку си проѕирен, на 45 години ти од кауч не си станат и законо за пушење тебе поготово ама ич не те има засегнато. Да не излегваш по дискотеки ти па голема неправда те снајде. Доста не отру со политичка демагогија овде. Темата е конкретна и нема врска со ВМРО или СДСМ, на друго место продавај пуфки!
Старите коли, покривите, ѓубрето... според тебе ја политизираат темата? Абе не може се тебе што не ти е кејф од муабет да се нарекува политика.
Спомињаш мнозинство, а не знаеш дека мнозинството пуши цигари? Мислиш само за кафеани се работи...изгледа пошто уште си млад допрва ќе се соочуваш со проблеми...и не се нервирај, не е здраво после кога ќе дојдеш на мои години ќе си кажеш -што ми требаше.
Покривите не се политика туку дел од нашиот живот, луѓе повеќе поминуваат под тие покриви неголи у кафеана. Сегде се забранети, само кај нас стојат, зрачат и трујат. Премиите не се политика туку реалност од 25 миљони евра. Млад си, после икс години зависност и заебанции ќе видиш што е потреба од цигара. У ствари поарно де не знаеш.
А за тие вмро и сдсм, батали ги, тие се илузија, што се замараш со нив.

Ако сакаш да наметнеш некому дека законот е ок (иако србите, хрватите, грците и кои ли уште беа...ги изменија), твое право. Ама не е, имаше простор за измени, за различни варијанти...ама оние кои ги кројат тие закони не се флексибилни, ниту слушаат некого, ниту ги применуваат зависно од условите и традицијата на државата, ниту ги применуваат одеднаш...у ствари и овој закон не се применува како што треба.

И уште нешто -јавно место не е само кафеана.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Старите коли, покривите, ѓубрето... според тебе ја политизираат темата? Абе не може се тебе што не ти е кејф од муабет да се нарекува политика.
Спомињаш мнозинство, а не знаеш дека мнозинството пуши цигари? Ајме мени, си видел дел од животот, мислиш си видел се, мислиш цигарата е едини проблем на луѓето, мислиш само за кафеани се работи...изгледа пошто уште си дете допрва ќе се соочуваш со проблеми...и не се нервирај, не е здраво после кога ќе дојдеш на мои години ќе си кажеш -што ми требаше.
Покривите не се политика туку дел од нашиот живот, луѓе повеќе поминуваат под тие покриви неголи у кафеана. Сегде се забранети, само кај нас стојат, зрачат и трујат. Премиите не се политика туку реалност од 25 миљони евра. А ти као што викаш ако не ти смета за цигара да искочиш надвор, ниту за кафе и цигара...по се изгледа не си прав пушач, ти си пушач од занимација...викенд корисник. А и млад си, после икс години зависност и заебанции ќе видиш што е потреба од цигара. У ствари поарно де не знаеш.
А за тие вмро и сдсм, батали ги, тие се илузија, што се замараш со нив. Сум минал најмалку 6-7 влади (ако рачунам од твои години, уште повеќе, над 10) па ти велам не се за замарање.

Ако сакаш да убедуваш некого дека законот е ок (иако србите, хрватите, грците и кои ли уште беа...ги изменија), твое право. Ама не е, имаше простор за измени, за различни варијанти...ама оние кои ги кројат тие закони не се флексибилни, ниту слушаат некого, ниту ги применуваат зависно од условите и традицијата на државата, ниту ги применуваат одеднаш...у ствари и овој закон не се применува како што треба.

И уште нешто -јавно место не е само кафеана.
А шо имат врска сега покривите, тука се дискутира закон, а не како постапува владата. Сакаш да инсинуираш дека секој шо го подржва овај закон ја подржва и владата. И никој јас не пробвам да убедам, секој си знае за себе дали му одговара нешто. Поентата на дискусијата е да се дојде до заклучок кои се проблемите шо се создаваат и кои се проблемите шо се решаваат со законот. На многубројните проблеми шо се решаваат со законот, се создава само еден „проблем“, тоа шо треба да се излезе неколку чекори за да се испуши цигара.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Законот арен си е,не му треба никакви измени..иако сум пушач.Незнам оти луѓето се бунат безвеза,прво си одиш дома со чисти алишта,а не ко порано да креваш на цигари.
Друго пиче надвор ќе запознајш,можи ќе се погоди да нема упаљач ќе побара од тебе...муабет ова она.(ова не важи за непушачите)оти не излегват надвор за цигара...ама сега и тие курнази и демек ај ќе дом за друштво:)

Ете еден логичен заклучок за две ногу корисни ствари
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Мислам дека проблемите се различни, зависно од муштерии/корисници и тип на јавен објект. Ако збориме само за угостителски објекти пак зависи каде и какви се. Пример мои пријатели кои го држат мексиканскиот у центар не се засегнати од намалување промет пошто таму се иде со цел да се касне добра храна и направи муабет, а и муштериите се прилагодуваат. Во сличните ресторани од тој тип ситуацијата е слична. За кафеаните по околните населби беше проблем. Во кафанче до мене идат на литри пиво, ракија, салата и сосем други муштерии -класична екс три фазани кафана. Газдата едно време ги тргна пепељарите ама сега скоро не сум видел, можда "успеал" да се договори со инспекцијата. Проблем имаат мешани кафеани/ресторани, како газдите (со инспекција, подмачкување, промет) така и муштериите. Затоа за мене е проблем (иако реков, среќа многу ретко одам) вака примена без измени и флексибилност.
како е во Србија...и во Холандија-со црвено
11.11.2010 11:10

Во Србија почна примената на забраната за пушење, но сепак со далеку полиберални законски одредби. Цигарите се забранети во затворените работни и јавни простории и во јавниот превоз.
Сепак, во угостителските објекти во Србија со површина над 80 квадратни метри половина е резервирана за непушачите.
Сопствениците на помалите угостителски објекти можат да одлучат дали нивните локали ќе бидат за пушачи или за непушачи.
„Веќе денес нема 50% од гостите, празно е каде се непушачите, а онаму каде се пушачите буквално е полно“, Невен Бишковиќ, угостител.
Казната за граѓаните е околу 47 евра, а за фирмите и институциите од 5 до 10 илјади евра. Неодамна, Холандија ја укина забраната за пушење во кафулињата и дискотеките.
Македонските угостители размислуваат за предлог сличен на српскиот кој ќе го достават до владата.

Македонските власти пак и понатаму остануваат на ригорозната забрана.
Во Хрватска
Хрватската Влада ќе го измени Законот против пушење на јавни места, што стапи на сила во мај годинава.
Таквата одлука уследи по протестите на сопствениците на ресторани и кафулиња, кои се пожалија дека им се намалил прометот до 80 отсто откако било забрането пушењето во локалите.
Со измените се предвидува во рестораните и кафулињата кои се поголеми од 50 метри квадратни, да има посебно место за пушачите.
Од денеска пушењето ќе биде дозволено само во локалите што, според Законот за ограничување на употребата на тутун, добиле соодветна дозвола од министерството за здравство и социјална грижа. Според министерството за здравство од вкупно пријавените 357 објекти одвај 160 кафулиња и пет други објекти ги исполнувале условите за добивање на таква дозвола.

Во кафе баровите помали од 50 метри квадратни ќе може да се запали цигара, само ако сопственикот вградил соодветен систем за вентилација, а оние со поголема површина мораа да одредат посебни простории за пушачите, кои што не може да бидат поголеми од десет до 20 проценти од вкупниот простор.
Ние се сакаме веднаш и најстрого што може, без никакви измени според ситуацијата на теренот и сугестиите од угостителите.

Кога ќе погледнеме на другите јавни објекти и места -фирмите, канцелариите со право не се пуши (има техника, други луѓе непушачи кои седат 8-10 саати, алишта), но ако се тргнеше со постепено воведување и создавање услови, ќе беше ок. Вака, пола вработени низ центар висат пред фирмите што не е в ред. Посебно поголемите фирми можеше да им се дозволи или пропише со законот обврска како државите (од кои што го преземавме законот) кои веќе функционираат вака -да имаат посебни простории за цигари. И тој закон таму беше воведуван постепено.
Еве го постот од Горазд
http://forum.kajgana.com/showthread.php?47500-Реакции-на-новиот-Закон-против-пушење-на-јавни-места&p=3922404&viewfull=1#post3922404
каде кажува за Шведска. Во секоја поголема фирма има посебна просторија/простории за пушење, зависно од бр. на вработени. Одамна се припремаа, го припремаа и народот. Имаат можност да пушиш пред врата или во саглам направена соба.

Ова значи дека сегде повеќе помалку (во Грција на пример сегде се пуши) се прилагодуваат, изменуваат, размислуваат, ги гледаат профитите и интересите, даваат можност на сите...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom