Машини за перење

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Океј, смешно е, ама има добра причина поради што ја отворам темава во „Дом и семејство“, а другите подфоруми апла не ми се соодветни. Па кој подобро би знаел за машини за перење од домаќините и домаќинките на Кајгана? :)

По добри 25-30 години конечно пушти душа старата и добра Gorenje машина, па затоа што не се исплати да се поправа, редно време е да се замени со нешто ново и светкаво. Давајте предлози.

Битни фактори:

- Квалитет (пере ли ко што треба?);
- Цена (~15-20.000 мкд.);
- Сервис и гаранција (има ли?);
- Број на вртежи (битни ли се воопшто, или?);

Гледав Gorenje, Indesit, BEKO и Samsung.
Gorenje се убедливо најскапи, но слушам лоши муабети. Како, наводно квалитетот не е на ниво, а сервисот уште пониско. За Samsung, BEKO и Indesit појма немам, ама поевтини се значително. Вие што предлагате? Чисто онака, да не се поебам ептен и да купувам нова другата година :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Еве бе, и мене ќе мислат не ми е место овде, али имам другар кој апла се разбира.

Знам дека постарите се многу поквалитетни од новиве (наводно со помалку потрошувачка бла бла биле новите, али тоа значело и бетер перење), па гледај поправи ја старава по 567 пат. :)

Ако веќе сакаш нова, од другарот а и од новата машина на баба ми, знам дека Горење се ТИЊЕ, машинава тресе растура, дури и почна да се "поебува", али не сум експерт, не знам кој дел точно.
Ае, ќе го прашам другарчето, па ќе ти пратам инфо која машина да ја земеш. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не знам за другиве, ама Вирпул да не те тера пиратот да земаш, се расипуваат на три месеца максимум :uvo:
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Ние имаме Bosch,добро се покажува сега за сега.... мислам .. мама така вика :toe:. Ја имаме некои 2-3 години,отприлика некои 17-18000 ја земавме тогаш, Сега незнам колку е.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
- Квалитет (пере ли ко што треба?);
- Цена (~15-20.000 мкд.);
- Сервис и гаранција (има ли?);
- Број на вртежи (битни ли се воопшто, или?);

Гледав Gorenje, Indesit, BEKO и Samsung.
Gorenje се убедливо најскапи, но слушам лоши муабети. Како, наводно квалитетот не е на ниво, а сервисот уште пониско. За Samsung, BEKO и Indesit појма немам, ама поевтини се значително. Вие што предлагате? Чисто онака, да не се поебам ептен и да купувам нова другата година :)
Муабетов е од пред две години кога барајќи машина станав експерт :) Горење не ми се допаѓаат пошто поевтините модели немаат филтер кој можеш да го исчистиш, туку директно во одвод го пуштаат ситниот отпад. Филтер имаат само поскапите модели. Горење и Сименс се единствени кои имаат сервис во градов. Све останато се сервисира во Видеодата.

Пред да купиш машина треба да се одлучиш дали сакаш модерност или трајност. Модерните машини кои имаат миљарда згодни опции (од програма која спрема за пеглање до специјална програма за перење патики) имаат матична плоча и електронски програматор. Кај нас машините обично стојат во купатило, што е задолжително влажна средина, а електроника и влага ептен се сакаат ко што знаеш. Кога ќе се расипе матичната плоча во принцип нема поправање - се менува цела. Машините со повеќе механички опции (постарите, поосновните модели), со механички програматор би требало да се потрајни.

Вртежите имаат врска со степенот на цедење на алиштата. Помалку вртежи - помалку исцедени алишта, и обратно, но од друга страна повеќе вртежи значи и повеќе шанси за оштетување на облеката ... Ако переш само квалитетни алишта нема да се оштетат во никој случај, ама јас пошто ништо не перам на рака све бутам во машина, сакам машината да биде нежна. Кај нас климата не е многу влажна и алиштата се сушат брзо на тераса, така што не се залетувај по премногу вртежи - земи средно.

Кај машината за перење најмногу струја троши центрифугата, и добро е да биде што е можно поштедлива. Има посебна ознаки за штедливоста на машината а посебна за центрифугата. Штедливите модели се драстично поскапи, така што тешко да ќе ти влезат во ценовниот ранг.

Генерално, изборот зависи од фреквенцијата на користење. Ако не планираш да ја користиш појачано (значи не е планирана да пере бебе) купи си поевтин модел и бркај си работа. Најверојатно повеќе се исплати да купуваш на секои 5 години машина од 15 000 него сега да ги лупнеш парите на некоја од 30 000 која може да се погоди а може и не. Ако машината пере бебе, тогаш ќе се уклучува по 2-3 пати на ден, така што доплатата до А/АА класа на штедливост се исплати.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
И најде ли машина??
Ако не си,ти ја препорачувам ZANUSSI,нема да згрешиш.
И секако внимавај која класа на енергија има,гледај де е А или Б.
Исто важни се и број на вртежи,во ето се сушат алиштата ама во зима...тешко.
Јас со мојава,ги вадам ги закачам и за пола ден се суви:helou:
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Без нив нема живот

Машините за перење во екот на современата технологија на почетокот на 21 век се пласираат како неколку типа:
- за миење садови и
- за миење алишта
Постојат и машини за сушење алишта
Без нив за мене нема живот или барем ќе ми биде многу потежок ...
Позз:smir:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Машините за перење во екот на современата технологија на почетокот на 21 век се пласираат како неколку типа:
- за миење садови и
- за миење алишта
Постојат и машини за сушење алишта
Без нив за мене нема живот или барем ќе ми биде многу потежок ...
Позз:smir:
ммм ти со сите тие машини си се родила па неможеш без нив?
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Баба има корито...
пере супер 20 алишта за 30 мин
600 денари
гаранција нема ама се сервисира со силиконски лепак и трака..
епа зависи колку е изморена баба.. ако е уморена нема многу вртежи.. ако не е.. врти околу 100 - 150 пати у минута
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Мама од Bosch пералната и садомијачката е задоволна
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Секоја чест за оние што ги измислија машините за перење, ние жените треба да им оддадеме почит на иноваторите. Samsung си земав 14,000 денари,
1000 вртежи и супер пере.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Горење машина за перење имам од 2002 година и до сега си функционира како треба, не знам зошто многумина од вас имаат лошо мислење?
Јас не дека разбирам многу од тие работи ама знаејќи кој квалитет се увезува кај нас затоа претендирам Горење машини а гледајќи ги цените кои се кај нас и во Германија не ми е јасно како една машина за перење од марката Bosch во Германија чини 500€ а кај нас 300€ знаејќи ја алчноста на нашите трговци :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Јас имам веќе 20 години и машина за перење алишта и за миење пајнци а и мултипрактик за в кујна шо сецка меси меле цеди...

Жени се и ти и се ќе имаш не треба да купваш, плус ако не работи ко шо треба не треба викање мајстор и давање пари за делови, само ќе ја удриш неколку пати и одма ќе почне поубо и да пери и да мие и да сецка...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Горење машина за перење имам од 2002 година и до сега си функционира како треба, не знам зошто многумина од вас имаат лошо мислење?
Јас не дека разбирам многу од тие работи ама знаејќи кој квалитет се увезува кај нас затоа претендирам Горење машини а гледајќи ги цените кои се кај нас и во Германија не ми е јасно како една машина за перење од марката Bosch во Германија чини 500€ а кај нас 300€ знаејќи ја алчноста на нашите трговци :)
Затоа што е многу опаднат квалитетот на Горење како производител, повеќе се држи на стара слава отколку што сега нуди вистински квалитет и повеќето работи се како ќе ти се погодат, на среќа, што не смее да се случува. А и сервисот не им го бива баш. Со квалитет општо се паднати на ниво на кинескариите како Нео и сличните.
Иначе, Bosch во Германија чини 500 евра затоа што прво веројатно моделот е различен, а второ, и побитно, таа што тука се продава е произведена во Турција (најверојатно) и е со полош квалитет отколку онаа која е произведена за германскиот пазар.
Ние дома имаме Bosch машина за перење и сушење, супер се покажа досега. Ја земавме околу 30 илјади, ама си вреди за секој денар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom