Охриѓанец во екипажот на Колумбо!?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Вечерта на 3 август, 1492, Колумбо отпловил од Палос со три бродови, „Св. Марија“, „Ниња“, и „Пинта“.По 29 денови без да видат копно, на 7 октомври, 1492 (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.

Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на 12 октомври од морнарот . Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните Бахами), и покрај тоа што домородците го нарекувале Гуанахани. Островот Сан Салвадор во 1925 бил наречен така бидејќи се верува дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, Лукајанците, Таините, или Араваките биле мирољубиви и пријателски расположени.

Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на Куба на 28 октомври а подоцна, на 5 декември и на северниот брег на Хиспањола. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „Ла Навидад“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција
Македонската имиграција започнала во Америка многу порано од почетокот на 20 век. Според информациите на овие книги македонската имиграција во Америка потекнува од времето на Колумбо. Во американската енциклопедија постои доказ дека првиот Македонец кој имигрирал бил Драган од Охрид, кој пловел заедно со Кристофер Колумбо. Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за Шпанија. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка. Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо. Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.
Без разлика дали е првата или втората приказна точна, сепак стои како факт дека Драган од Охрид е првиот Македонец што стапнал на американското копно.

Откриени се три документи од 15 век, во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон, која била современик на тие настани.
Таа била сопруга на чешкиот кастелан Витаслав Галас, со кого во периодот од 1491 до 1509 година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О'Конел.
Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.

Во три свои писма грофицата Мари-Мадлен пишува за некој морнар по име „Драхан да Лихнида”, кој бил член на екипажот на Колумбовиот брод „Пинта”.
Всушност тој бил топџија на бродот. За прв пат грофицата го споменува „Драхан” во своето писмо од 25 април 1493 година.
Во ова писмо таа најпрво пишува за почестите и за одликувањата што ги примил Колумбо (во писмото наречен Кристобал Колон, според шпанската варијанта на неговото име) за време на својот прием кај шпанските крал и кралица.
Притоа Мари-Мадлен пишува: „Кралот и кралицата во Кала Анка го примија Кристобал Колон, кој се врати по 224-дневното најсмело пловење во историјата на човештвото и го засипаа со почести затоа што Кристобал Колон убедливо и сликовито го опиша и оцени своето големо пловење”. Во продолжение таа пишува дека Колумбо бил удостоен со титулата „Адмирал и вицекрал на новооткриените земји”. Потоа грофицата пишува дека таа и нејзиниот сопруг лично се запознале со Кристофер Колумбо во дворецот д'Акоста. Во врска со ова таа пишува: „Сите ние се распрашувавме за походот, за непознатите земји, а потоа и за морнарите што биле оставени во ла Испањола (Америка)”. Во своето писмо од 23 април 1493 година грофицата Мари-Мадлен пишува дека за време на нејзината средба со Кристофер Колумбо и со дел од членовите на неговиот екипаж, еден од присутните гости на шпанскиот двор го обвинил Колумбо поради тоа што оставил четириесетина свои морнари сами во туѓата земја (Америка). Дворјанинот го прашал Колумбо како можел да остави „грст бели луѓе во туѓа непозната земја”. На ова еден од офицерите на Колумбо по име Хуан де ла Коса му одговорил на загрижениот дворјанин : „Вие заборавате дека за Индијанците белите луѓе што ги оставивме претставуваат синови на небото, затоа што ние им покажавме дека можеме да владееме со громот и со огнот.” Поддршка на Колумбо дал и еден од кормиларите на неговата експедиција, кој рекол: „Адмиралот (Колумбо) го вооружи логорот со топови од 'Санта Марија' и го остави за нив да се грижи мојот морнар Драхан да Лихнида, еретик, албигоец, кој во Саламанка ќе беше изгорен на клада, ако не беше спасен од Колон (Колумбо). Самиот капетан Мартин Алфонсо го ценеше многу...”

Кристофер Колумбо се вратил во Шпанија, оставајќи на американското копно четириесетина свои морнари во логорот (утврдување) што го нарекол Ла Навидад. Практично тоа била првата европска населба на тлото на Америка. На обвинувањата против Колумбо за овој негов потег, кормиларот на Колумбо застанал во негова одбрана при што рекол дека нема причина за страв затоа што логорот е обезбеден со топовите од бродот „Санта Марија” и дека за нив се грижи Драган од Лихнида. Ова значи дека жител на првата организирана европска населба во Америка бил и Македонецот Драган од Охрид. И не само тоа и тој бил првиот човек на вооружените сили на првата европска населба во Америка.

Грофицата Мари-Мадлен и овојпат нуди податоци кои драстично можат да ја променат досега познатата историја за Кристофер Колумбо. Таа тврди дека двајца морнари го преживеале нападот на Индијанците и дека еден од нив бил токму Драган од Лихнида. Сето ова таа го напишала во своето писмо од 20 август 1496 година. Таа таму објаснува дека самата добила писмо од член на втората експедиција на Колумбо, опатот Лос Касос. Овој опат ѝ напишал на грофицата Мари-Мадлен дека тој лично разговарал со Индијанецот Каонабо, кој бил предводник на индијанскиот напад врз логорот Ла Навидад, а подоцна бил заробен од членовите на втората експедиција на Колумбо и бил доведен во Шпанија. Во Шпанија заробениот индијански водач Каонабо потврдил дека во жестоката битка за логорот, најголем дел од морнарите биле убиени, но дека двајца од нив се спасиле. На прашањето кои биле тие двајца, Индијанецот рекол дека едниот се викал Диего (всушност тоа бил лекарот Диего), а другиот го опишал со името „Големиот Аран”. Притоа рекол дека „Големиот Аран” имал „златна брада” и дека бил „господар” на „громот и молњата” со кои убил многу Индијанци. Од описот што го дал Индијанецот, на сите им станало јасно дека тоа бил токму Драган од Лихнида. Имено, токму тој одлично ракувал со огненото оружје (топовите), што се поклопува со зборовите на суеверниот Индијанец дека „Големиот Аран” бил „господар” на громот и на молњата. Индијанецот раскажувал и дека „Големиот Аран” (Драган) успеал да ликвидира повеќе Индијанци за време на нападот на логорот. Индијанецот уште раскажал дека Индијанците го сметале Драган за натприродно суштество, затоа што (цитат): „слегол од небото ... и ги потчинил под себе богот на молњата и на громот” (мислејќи на огненото оружје со кое дејствувал по Индијанците). Значи, од ова писмо на грофицата гледаме дека Драган бил висок човек (поради што го добил прекарот „големиот”) и дека имал руса брада (од Индијанецот опишана како „златна брада”).

Што се случило со Драган и со неговиот другар лекарот Диего по нападот на Индијанците и по нивното бегство од уништениот логор Ла Навидад? Звучи неверојатно, но грофицата успеала да дознае уште еден податок за нив, што го пишува во едно свое подоцнежно писмо, испратено од Кастилија. Во ова писмо таа ја пренесува изјавата на капетан Хуан Мартис, кој исто така престојувал во Америка и кој подоцна се вратил во Шпанија. Пред Судот во Шпанија овој капетан се заколнал дека сретнал двајца белци со свои жени и деца, од кои едниот се викал Диего, а другиот го викале „Големиот Аран”. Тој нив ги видел во близината на денешна Богота, Колумбија. Поради фактот што капетан Мартис ја споменува територијата на денешна Колумбија, може да се претпостави дека Мартис престојувал во Америка за време на третото патување на Колумбо во 1498 година. Тоа значи дека Драган од Охрид, не само што бил жив цели шест години по своето пристигнување во Америка, туку и дека веќе имал оформено свое семејство.

Но, дали и денес постојат индијански легенди во средна и во јужна Америка за „Големиот Аран”, кој бил господар „на громот и на молњата.


Извори

• „Колекција на информации за историјата и културата на Македонија” - Џејмс Николоф
• „Прошетка низ историјата” - Роберт Каплан
• „Јужно-словенска имиграција во Америка” - Џорџ Прпик


http://www.mn.mk/istorija/777
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Море Охриѓани одсекојпат секаде не имало :tv:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Интересна статија за читање!:icon_lol:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Имате и на Википедија, но малце расфрлано:

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%80_%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%B1%D0%BE


Еве дополнителни информации:

Но, она што беше интересно е да се слушне за почетоците на овој спорт кај нас. Досега се сметаше дека едриличарството во Македонија првпат се појавило по Втората светската војна. Но, демант стигна од Шапкар, кој тоа што го кажа беше изненадување за сите. Најновата теза за почетокот сега е поместена пет векови наназад, во 1490 година! Во Охрид се прераскажува дека тогаш во градот живеел извесен Драган, кој заминал во Шпанија, каде што им се придружил на приврзаниците на Кристофор Колумбо во нивните авантуристички потфати во откривање нови териротии. Кога пристигнал на еден од бродовите на Колумбо, Драган бил прекрстен во Алфонсо де Охридија, во превод Драган од Охрид, чии мошти денес почиваат во црквата Света Ана во САД.
Па, од тие причини, тој е човекот кој се смета за пионер на македонското едриличарство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C3F8CE6731AD8A4DA5F3E8E4546240DF

Драхан да Лихнида, Alonso de Ojeda

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=E0E76B4575A29B42BBA3AAAFD0B3B902
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сега неможам да сфатам дали тој останал со фамилија во денешна Колумбија или е погребан во Света Ана во САД? Што е точно?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сега неможам да сфатам дали тој останал со фамилија во денешна Колумбија или е погребан во Света Ана во САД? Што е точно?
Па со сигурност неможе да се утврди, можеби е првото, а можеби второто.

Иван Мазов запишал дека Драган од Охрид е всушност Алонсо де Охеда, за кој во странските извори пишува дека бил сепак роден во Шпанија.

De Ojeda was born in Cuenca, Spain around 1466 to noble parents

who had good connections, but no money.
http://www.hunterpublishing.com/textsamples/ABCAG.pdf

Vicente Yáñez Pinzón, Alonso de Ojeda, Americo Vespucci, Juan de la Cosa, Alonso Niño and Cristóbal Guerra were sent by King Ferdinand and Queen Isabella to explore new territories.

Алонсо де Охеда, тоа второто му е одредница од каде доаѓа.

Ne e Dragan tuku Drahan:helou:
Ти си хлуп.

G can be pronounced hard as in the English words goose or game, or soft as in the English words "gem" or "giraffe". Different "g" sounds occur in the English language as well, according to the letters following the "g". As in English, the Spanish "g" is generally soft when followed by an "e" or an "i" and hard when followed by an "a", "o" or "u". The hard "g" pronunciation is the same in Spanish and English, whereas the soft "g" sound differs. The "g" in ganar (to win, earn) is the same as the English version in grape or gain. However, the soft "g" in Spanish is pronounced like the English letter "h". For example, the soft "g" in gente (people) or gimnasio (gymnasium) is pronounced like the English "h" in head or hello.

g = [x] (or [h] in some countries) before i or e, [g] or [ɣ] elsewhere

http://www.omniglot.com/writing/spanish.htm
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
“Drahan da Lihnida” is mentioned in contemporary eyewitness accounts in the Spanish court.
Lihnida is the old name for Ohrid.
(By George J. Prpic, “South Slavic Immigration in America”, John Carrol University, Twayne Publishers A Division of G.K. Hall & Co., Boston, Chapter 18)

Овде најдов бугарски извор, меѓутоа, се разбира игнорирајте ги нивните великобугарски амбиции да присвојуваат се' што е македонско, обрнете внимание само на теориите:
http://ziezi.net/alonso/

DRAHAN :helou: KADE PISUVA DRAGAN CITAT.:helou:
Ќе те отстранам од тема ако продолжиш да тролуваш, ако си глуп, не значи дека треба да те трпиме од сожалување.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Да бе, ко праев мајтапи за бугарите дека имало блгарин во бродот на Колумбо,блгарин од Охрид, се мочав од смеа, ама разгледав низ нетот и сепак можно е да имало Ориѓанец со Коломбо.

Ај сега ќе ги позаебавам на бугарски форуми.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Благодарам Брат за комплетната анализа на настаните и фактите... денес им раскажав на преку 30тина души за ова. :)
Па дури и на Шпанци. :)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Имам за Драгана и порано читано, ама не вака исцрпно. Добро е што повторно и детално се пишува за него. Не смее да се заборави, напротив, треба уште повеќе да се разгласи.
А Бугарите : :pos2:. Порано имам читано дека и Васко де Гама бил Бугарин (можеби дека се викал Васко).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Одамна е пишувано за ова, барем јас знам уште пред 2+ години имаше во Македонско Сонце, па и низ други весници.

Има уште многу да се истражува.

П.С. Бугарите не треба да се коментираат, игнорирајте ги.
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
“Drahan da Lihnida” is mentioned in contemporary eyewitness accounts in the Spanish court.
Lihnida is the old name for Ohrid.
(By George J. Prpic, “South Slavic Immigration in America”, John Carrol University, Twayne Publishers A Division of G.K. Hall & Co., Boston, Chapter 18)

Овде најдов бугарски извор, меѓутоа, се разбира игнорирајте ги нивните великобугарски амбиции да присвојуваат се' што е македонско, обрнете внимание само на теориите:
http://ziezi.net/alonso/



Ќе те отстранам од тема ако продолжиш да тролуваш, ако си глуп, не значи дека треба да те трпиме од сожалување.
Оваа книга не е пишувана од Бугарин, еве што пиува професорот:

George J. Prpic, Ph.D.

Professor Emeritus of History

John Carroll University

THE smallest of the South Slavic'ethnic groups in America are the Bulgarians. One branch of them are the Macedonians. Even though they were the last to join the migration from the Balkans to the North American continent, one of them was among the sailors of Columbus when he discovered America in 1492. His name was Dragan. He was a native of the town of Ohrid, an important center of Bulgarian culture and religion which is now located in the Macedonian Republic, Yugoslavia. Dragan belonged to the Bogomil sect which was regarded as heretical by both Catholic and Orthodox churches. He. made his way to Spain, but was discovered as a religious dissenter and was condemned by the authorities to die on the stake in Salamanca. He was saved from certain death by Columbus who was gathering his motley crew before sailing to America. Dragan who was an experienced gunner thus became a valuable member of Columbus' crew.
Following the discovery—before Columbus returned to Spain— Dragan was left with forty-two other sailors at the newly built fortress La Navidad. Subsequently he survived the Indian massacre. "Drahan da Lihnida" is mentioned in contemporary eyewitness accounts in the Spanish court. Lihnida is the old name for Ohrid.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не се секирај ти, истиот извор го постирав претходно.

Доколку Македонците не се гледаат себе си како етнички Бугари, никој друг нема право ниту е компетентен да им ја одредува националноста.

Елаборирано е многу пати што означувал епитетот “Бугарин“, како и “Грк“ или “Влав“ во средниот век се до 20-от век.

Да не ја губиме поентата на темава, а тоа е Драган од Охрид. Тоа што некој во корелација со денешни потреби сака да му накалеми бугарски карактер е малоумно. Би било добро доколку секој се занимава со историјата во рамките на своите граници, барем денешни.
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
По таа логика Брат, еден од наjголемите писатели Михаил Булгаков е Украинец - роден е во Киев, денешна Украина. :pos2:

А Станислав Лем и тоj е Украинец роден во Лавов.:pos2:

А Драган може да е само географски македонец, може да е Бугарин, може и да е Србин, вопреки дека професорот тврди дека е Бугарин - Македонски Бугарин (jасно го е напишувал ова). Се друго се шпекулации - неакадемски извори, за внатрешна потреба, без никава надворешна пордршка. На татко ми едениот први братоучед се зове Драган, и како и jас е со македонско потекло (тоj во поголем дел од мен), но е Бугарин - Македонски Бугарин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom