Марс 2009

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
Стартува изборот за радиски хит на годината

МАРС 2009 ќе ги лансира најпопуларните

Изборот за највртен радиски хит на годината може да започне. Четириесеттина радио-станици ширум Македонија до Центарот за организирање приредби Универзална сала, кој и годинава е организаторот на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2009 ги испратија своите листи со најслушани домашни хитови.

Од шестотини селектирани песни од над сто изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција 15-те најзастапени во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2009 во трката за избор на радиски хит на годината.

Имињата на изведувачите и нивните композиции, начинот до кој е дојдено до финалната листа, начинот на кој ќе бидат избрани победниците, имињата на специјалните гости од соседството, содржината на фестивалското шоу, имињата на водителите, типот и висината на износот на наградите..., како и сите останати поединости и детали врзани со одржувањето на Вториот македонски радиски фестивал МАРС 2009, ќе бидат соопштени на денешната (среда, 11-ти ноември) прес-конференција која организаторите ја закажаа точно на пладне во скопскиот хотел Холидеј Ин, каде што ќе биде јавно извлечен и редоследот по кој учесниците ќе настапат на финалната вечер која ќе се одржи на 24. ноември 2009 година во Универзалната сала во Скопје.
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Познати сите учесници на МАРС 2009!

Петнаесет композиции влегуваат во трката за победник на второто издание на Македонскиот радиски фестивал (МАРС), на кој ќе се избираат најпопуларните радиски хитови во изминатата година, што ќе се одржи на 24 ноември, со почеток во 21 часот во Универзалната сала.

Меѓу финалистите се најдоа:

Наде Талевска - Осамени

Роберт Билбилов -
Јас те губам

Влатко Илиевски - Најбогат на свет

Адријан ГаџаСкандали

Браво бенд Девојко

Паркети и Ања Ветерова - Јас те сакам тебе

Ѓоко Танески - Никогаш доста

Некст тајм - Нешто што ќе остане

Нокаут - Африка

Врчак и ДНК - Пази се од мене

Александар Митевски - За век и векови

Влатко Лозаноски - Блиску до мене

Сања Лефкова - Пауза па плеј

Дарко Илиевски - Ти можеш

Димитар Андоновски - Заробени во сон

Тие ќе настапат токму по овој редослед.

Од околу 40 радиостаници пристигнаа речиси 600 песни и листи на највртени песни во радиоетерот со 100 имиња како изведувачи, од кои преку селекција се добија 15 финалисти, информираше Антонио Димитриевски, извршен продуцент и проект- менаџер на МАРС, на вчерашната прес- конференција во хотелот Холидеј ин. Тој ја истакна добрата и коректна соработка со радиостаниците од целата земја кои гласаа и за највртен радиски хит во изминатата година, награда која се воведува од оваа година. Уште една нова награда е и признанието за најдобар текст што ќе го изберат претставниците на седмата сила од понудените 15 финалисти.

Највртената песна, според радиостаниците, ќе добие 30.000 денари парична награда, бронзена статуета и гратис-концерт од Универзална сала, која се јавува како организатор на фестивалот. Најдобриот текст ќе биде награден со статуа и 10.000 денари, додека публиката ќе може да гласа преку телевоутинг (СМС-пораки и јавувања) и да ги избере трите најпопуларни радиски хита за 2009 година, кои ќе добијат 30.000, 40.000 и 60.000 денари за првопласираниот, кој ќе има можност бесплатно да организира и солистички концерт во Универзалната сала. Сакавме фестивалот да личи на манифестација, а не на класичен фестивал, додаде Димитриевски, кој најави богато сценарио и специјални гости од Србија - Саша Ковачевиќ и актерките што ја пеат насловната тема од серијата Долина на сонцето - Ана Виленица и Бојана Грегориќ.

Фестивалот директно ќе се пренесува на А1 телевизија, а како водители ќе го видиме тимот на Ексклузив - Ненад Георгиевски и Ивана Хаџиевска. Собраните средства од телевоутингот, кој ќе трае 15 минути, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, додека влезниците од вчера се пуштени во продажба на касата на Универзална и чинат 200 денари.
 
П

Паган-др

Гостин
Најискрено, немам некоја претстава кој ќе победи. Ако девојчињава му фрлат мерак на фестивалов за гласање, тогаш на Некст Тајм не им бега победа.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Најискрено, немам некоја претстава кој ќе победи. Ако девојчињава му фрлат мерак на фестивалов за гласање, тогаш на Некст Тајм не им бега победа.
Па Некст Тајм победија лани, глупаво е ако пак се случи тоа. :toe:
 
macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Влатко Илиевски има радиски хит на годината!

Со синглот Најбогат на свет, Влатко Илиевски триумфираше на вториот по ред Македонски Радиски фестивал – МАРС 2009, кој синоќа се одржа во Универзалната сала во Скопје.

Најбогат на свет (песната зад која како автори се потпишаа Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова), му донесе на пејачот Влатко Илиевски награда од 60.000 денари и можност бесплатно да ја користи Универзалната сала за својот солистички концерт.

За радиски хит на годината гласаше публика по пат на телевоутинг, откако претходно 40 македонски радио-станици селектираа 15 најслушани песни, кои беа исполнети во Универзална.

Иако посетителите на МММ во најголема мерка сметаат дека селекцијата е реален избор, постојат и мислења според кои меѓу 15-те недостасуваа песни и изведувачи кои годинава исто така беа слушани и вртени во етерот.

На второто место, според публиката, се најдоа Next Time, со евровизиската Нешто што ќе остане (на композиторот Јован Јованов), за кое ќе добијат и парична награда од 40.000 денари.

Песната Блиску до мене (на Лазар Цветкоски), на Влатко Лозаноски му донесе трето место од публика и награда од 30.000 денари.

Претходно, Лозаноски ја освои и ФМ наградата, според гласовите од 40 радио-станици во Македонија, која му донесе уште 30.000 денари и можност за бесплатно користење на Универзалната сала за солистички концерт.

Награда за најдобат текст (10.000 денари), освои Весна Малинова, за насловната композиција од вториот албум на Ѓоко Танески – Никогаш доста.

На Марс 2009 беа наградени и нашите соседи.
За најслушана песна од Србија во Македонија е прогласена дуетската Још ти се надам, на Саша Ковачевиќ и Емина Јаховиќ, додека од Хрватска во нашиот етер најслушана е воведнаша шпица од ТВ-серијата Долина на сонцето.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Се сложувам иако и Влатко Лозановски не имаше лош хит.
 
П

Паган-др

Гостин
Добар избор, него чудно ми падна што онаа Пауза па плеј, кога ја пуштија песнава кога стана радиски хит. :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Уште долго нема да ни биде јасно, кој вчера во Универзалната сала беше паднат од Марс? Едвај собраната публика, неколкуте залутани пејачи кои мислеа дека имаат хит, или сепак организаторите на МАРС, првиот Македонски радиски фестивал чија кратенка значи Македонска радио селекција.

Водителите кои беа најдобриот дел од повеќе од скромното шоу цело време и се заблагодаруваа на прекрасната публика. А која публика? Неколкуте девојчиња фанови на "Некст тајм", новинарите и пријателите на организаторите. При крајот на месецот, не секој ќе оддели 200 денари по студеното време да се потера до Универзална и да гледа "шоу" кое директно се емитува на ТВ. М2 продукција, на времето кога бираше таленти не сметаше на заработка од продажба на билети. Делеа влезници по училиштата, а талентите си собираа свои другарчиња. Седиштата од партерот беа извадени, децата играа и фрлаа балони, и атмосферата беше барем весела. Тоа на радио "Марсовците" не им текнало да го направат.
Рака на срце, имаше хитови што биле хитови. Но, имаше и пејачи за кои малкуте луѓе се чудеа кои се воопшто, и песни кои беа таму за да ја пополнат "хитовската" програма. За да не ги навредиме изведувачите кои не се виновни што се нашле на сцената вчера, нема да именуваме. Само ќе ги запрашаме организаторите: како се одредува кои песни се хитови, а кои не се? Според одлуката на радио станиците или според тоа кој е пријател, а кој непријател со газдите на телевизијата која го пренесуваше фестивалот?
Каролина по долго време се појави со "Крај", Тони Зен го утепаа од вртење со "Спушти се доле", Слаткар со "ФМ", Калиопи по долго време испеја македонска песна "Мене ми е име", а има и уште песни кои заслужија да се наречат хитови. Најсмешен дел во целиот циркуз е што за наслушана песна од Хрватска избраа песна која е најавна шпица на сапунска серија!
Хрватските глумици фала богу не дојдоа во празната Универзална!
Организаторите веројатно сакале да направат радиски фестивали како во Србија и во Хрватска. Ама чуле и не дочуле. Гледале и не догледале. Гламур нула, шоу нула, забава нула. Скромна сцена, реклами на ТВ маратонски, а за тоа време никаква забава за гледачите во салата. Како на улица собрани деца, посетителите во салата си довикуваа едни со други, си се распрашуваа за спортските резултати, им довикуваа на водителите и свиркаа.
Луѓето кои стојат зад вториот МАРС, нека се спуштат на земјата. За лошото шоу и празната сала до утре можат да се вадат на спортската среда и турската серија која завбрши пред тие да почнат. За џабе им е.
 
S

StormRage

Чек финтава ти беше шо не е каролина тука така?:pos2:
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Хитот за 2009 го има Влатко Илиевски

Пејачот со „Најбогат на свет“ триумфира на втората Македонска радиоселекција - МАРС 2009, на второ место се пласира „Некст тајм“ со евровизиската „Нешто што ќе остане“, а трет е Влатко Лозановски со „Блиску до мене“
Влатко Илиевски со песната „Најбогат на свет“ на авторите Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова триумфира на втората Македонска радиоселекција - МАРС 2009, што завчера се одржа во Универзална сала. Пејачот, кој првиот солистички концерт го најави за 14 февруари, сега бесплатно ќе ја има на располагање и салата што, покрај паричната награда од 60.000 денари, ја доби како победник на фестивалот. Втората награда, статуетка и 40.000 денари, ја доби дуото „Некст тајм“ за евровизиската „Нешто што ќе остане“, а третата и 30.000 денари освои Влатко Лозановски за „Блиску до мене“.

Овој изведувач за „Сонце не ме грее“ доби признание за најслушана песна од радиостаниците, што му донесе 30.000 денари и бесплатно користење на Универзалната сала за солистички концерт. Новинарите од печатените медиуми наградата за најдобар текст и ја доделија на Весна Малинова за „Никогаш доста“, што ја изведе Ѓоко Танески.

Илиевски, кој е дел од „План Б-продукција“, ни рече дека е возбуден од наградата и особено му е драго што ја добил од публиката.

- Дали се хитови овие песни што во моментов ги правиме ќе покаже времето. По 15 години, ако песната се' уште живее, значи сме направиле хит - изјави Илиевски.

Дуото „Некст тајм“ лани победи на фестивалот, а вокалот Стефан истакна дека и второто место многу им значи.

- Никаква друга награда не е поважна од таа на публиката. Тие ни се најголем поттик за понатамошна работа. Тие се луѓето за кои работиме, без нив сме ништо - вели Стефан.

На МАРС 2009 доминираа изведувачите од „Продукција Република“. Продуцентот на фестивалот, Антонио Димитриевски, вели дека тоа се имињата што цела година биле присутни во етерот.

- Тие присуствуваа на сите фестивали, издаваа албуми и синглови. Не ги избравме учесниците, немаме стручно жири. Листите беа доставени од 40 радиостаници од земјава. Затоа е македонска радиоселекција - вели Димитриевски.

Неколку пејачи чии композиции биле избрани од радиостаниците не прифатиле да настапат од разни причини. Се работи за нумери од Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева и пејачите од „Јованов рекордс“.

- Од „М2“ ни објаснија дека Ламбе има концерт по неколку дена и дека не треба да се појавува на фестивал. Јован, Елвир и Слаткар беа во конкуренција, но тие имаат неразјаснети односи со ТВ „А1“ и тоа беше нивниот одговор. Менаџментот на Каролина смета дека таа не треба да настапува на македонски фестивали - вели Димитриевски.

Во ревијалниот дел од програмата настапи поп-пејачот од Србија, Саша Ковачевиќ. Неговиот дует „Још ти се надам“ со Емина Јаховиќ доби статуетка за најемитувана песна кај северниот сосед. Уводната шпица од ТВ-серијата „Долина на сонцето“ доби награда за најслушана хрватска песна. Актерките Бојана Грегориќ и Ана Виленица, кои ја пеат таа нумера, требаше да настапат, но публиката ја поздравија преку снимен материјал. Тие се извинија што не можат да ја подигнат наградата. Петнаесетте песни што беа изведени на второто издание на фестивалот што го организира Универзална сала, ги избраа 40 радиостаници од Македонија како најемитувани нумери во текот на годината.

Парите од телевоутингот во хуманитарни цели

За победниците на МАРС 2009 одлучија СМС-пораките и телефонското гласање. Првонаградениот Влатко Илиевски доби 1.810 гласови, „Некст тајм“ добиле 1.132 гласа, а Влатко Лозановски 216. Средствата добиени од телевоутингот, фестивалот ќе ги донира во хуманитарни цели. Со собраните пари лани купија компјутери за Домот за деца без родители „11 Октомври“, а овој пат дополнително ќе одлучат кому ќе помогнат.

Салата празна поради грипот
Универзална сала беше речиси празна и затоа изостана фестивалска атмосфера. Малобројната публика беше пасивна и недостигаше силен аплауз што треба да ги бодри учесниците. Димитриевски признава дека потклекнала работата на терен кога е во прашање маркетиншкиот дел околу продажбата на билетите.

- Искрено, свинскиот грип „не' утепа“. Тоа е дефинитивно една од причините поради која салата не се наполни. Целната група на овие пејачи, сепак, се помлади луѓе, а верувам дека родителите ги следат препораките на здравствените работници - рече продуцентот.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Чек финтава ти беше шо не е каролина тука така?:pos2:
Да и јас го сватив така:pos2:баш Каролина дека ја немала,па и таа спушти се доле не беше радиски хит туку ТВ заради спотот:)
Не беше лошо,иако втора година го одржуваат,мене песните баш ми се допаднаа најсериозно.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.675
Поени од реакции
9.291
Да и јас го сватив така:pos2:баш Каролина дека ја немала,па и таа спушти се доле не беше радиски хит туку ТВ заради спотот:)
Не беше лошо,иако втора година го одржуваат,мене песните баш ми се допаднаа најсериозно.
Крај, Спушти Се Доле, ФМ, Полна Месечина и ред други песни каде каде беа послушани заразлика од Африка на Нокаут, За век и векова на Александар Митевски или на Пауза па плеј од Сања Лефкова...Реално, неколку доста слушани песни во измнатата година не беа меѓу учесниците, али ај, фестувалот е во развоен стадиум...Да се надеваме дека во иднина нема да има вакви работи.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Крај, Спушти Се Доле, ФМ, Полна Месечина и ред други песни каде каде беа послушани заразлика од Африка на Нокаут, За век и векова на Александар Митевски или на Пауза па плеј од Сања Лефкова...Реално, неколку доста слушани песни во измнатата година не беа меѓу учесниците, али ај, фестувалот е во развоен стадиум...Да се надеваме дека во иднина нема да има вакви работи.
А да Полна месечина браво се сложувам,Африка?Јас првпат и ја слушав.Тие Нокаут сериозно не знам што изведуваат.А за Сањичка те молам немој,имам пишано кај нејзината тема:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom