O
Out Boy
Гостин
А со тебе не ми се зборува за елементарниот инстинкт и губењето на вредности... Некој друг сака да дискутираме на таа тема?
Од една друга тема, се наметна прашањето за губењето на вредностите во современите љубовни парови, за тоа дали е во ред воведувањето трета личност во интимата на еден љубовен пар, значењето на елементарните инстинкти кај човекот, како желбата да сака и да биде сакан, да штити некого и да се чуствува заштитен, па се’ до прашањето за нехетеросексуалноста и значењето на ваквите ставови во тие кругови.
Почуствував дека некои се осетија навредени, некои дури и засрамени, што нестрејт човек изрази ставови кои се поблиску до прифатените морални вредности, од ставовите на припадниците на “светото“ стрејтерство.
Мојот став, кој е цврст, недвосмислен и константен, е дека треба да се поддржи се’ каде што постои љубов помеѓу две возрасни и свесни особи. Како рекција, налетав на коментари од типот, дека нечија сексуална ориентација од старт е мерило за етичките вредности кои ги поседува.
Без разлика, ме интересира вашиот општ став: што сметате дека е исправно, а што не, во една врска каква што вие си ја замислувате за прифатлива, ај да не речам, совршена. Дали барате верност од партнерот, почит, разбирање... или квалитетот на сексуалните задоволства играат пресудна улога при одлучувањето со кого сакате да живеете. Дали вредностите како верност, искреност, непромискуитет, се тие што го креираат вашиот идеал за една таква врска, или станува збор за нешто друго?