Хаџи Ристески под истрага

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
G

grande-juve

Гостин
haralmpie-hadziristevski1.jpg
Харалампие Хаџи Ристески
Координирана истрага на полициските институции го проверува работењето на првиот човек на македонскиот фудбал Харалампие Хаџи Ристески. Има ли организиран криминал во македонската фудбалска федерација, колку милиони евра се вртат со матни зделки?
МВР, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Управата за перење пари, повторно ја тресат највисоката фудбалска институција, дознава А1 од висок функционер во МВР.
Освен за матните зделки со лажирање на натпревари, полицијата спроведува истрага и за организиран криминал, финансиски измами, прикривање на странски донации, неуплатени пари од продажба на билети. Според извори од истрагата во неколку случаи бил оштетен буџетот на Европската фудбалска федерација, но и буџетот на ФФМ, како и државната каса.
За сомнителните трансакции, прикривање царински давачки, па дури и набавка на фалсификувани дресови, се обидовме да побараме одговор од Хаџи Ристески. Во федерацијата не го најдовме, доаѓал само еднаш неделно, а денеска бил на пат.
Во 2007. година, МВР ги запечати вратите на ФФМ. Спроведуваше пред истрага за криминал во Федерацијата. Тогаш кривична заработи само генералниот секретар, Лазар Митровски.
На тогашната акција на МВР, Хаџи Ристески и даде политичка позадина, дури и ФИФА и УЕФА сметаа дека власта врши политички притисок врз федерацијата. Но само пред еден месец УЕФА утврди дека неколку натпревари во Македонија биле наместени, отвори истрага која се уште трае. Главниот инспектор на уефа, го заобиколи Хаџи Ристески помош побара од МВР.
„На министерката и ја доставив одлуката на УЕФА и сета документација“ изјави на 17.08.2009. Герхард Копел, главен инспектор на УЕФА.
Министерката Јанкуловска тoгаш најави дека допрва ќе биде оформено обвинение, според неа не се исклучува можноста пријавата да опфати и перење пари или злоупотреба на службената положба.

Ова требаше од многу порано, ама добро е и што почна. Најважно, крајниот ефект мора да биде остранување на овој гаден вирус од нашиот фудбал.
 
Господе тргни го овој апаш па и ние да видиме аир од фудбал
 
Пак ке се извади Хари. Џабе и ЦИА да му дојдат. До сега не го јадеше а не па сеа...

haralmpie-hadziristevski1.jpg

Што? Не сум крив јас!
 
Фајнали...конечно нешто добро,да видеме што ке се случи со кретенот:uvo:
 
Ајде можда ке имаме и среќа да го сменат Копиљево
 
Се молам да го избркаат овој,па после ќе го видиме фудбалот во Македонија:helou:
 
И Хари и свети Хари да си оди нема аир од фудбал да видеме никогаш.:uvo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom