ОТКРИЕНА МАКЕДОНСКА КРАЛСКА ГРОБНИЦА ОД 4 век п.н.е.!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
ВО ПРИЛЕПСКО ОТКРИЕНА МАКЕДОНСКА КРАЛСКА ГРОБНИЦА ОД ЧЕТВРТИОТ ВЕК ПРЕД НАШАТА ЕРА

Во локалитетот наречен Павла Чука меѓу прилепските села Бонче и Подмол откриена е монументална македонска кралска гробница во кружна форма, од четвртиот век пред нашата ера.

Гробницата е со дијаметар од околу 30 метри, изградена е со прстен од монолитни бетонски блокови тешки и до два тони, кои, иако стари 2,5 милениуми, се неоштетени. Има отвор издлабен во карпа со засилен покриен грамос и комора, а во гробницата се пронајдени и антички гробови.

Според археолозите, оваа гробница засега е единствена на Балканот и му припаѓала на голем владетел.

Откривањето на гробницата е дело на тригодишните истражувања на професорот Виктор Лилчиќ од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, кој претпоставува дека се работи за пелагонската кралска династија, а за кој крал станува збор, ќе се открие од некој наод или натпис.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој вчера попладнето го посети комплексот, изјави дека е потребно да се изгради соодветна инфраструктура за да се стигне до праисторијата. Тој најави реставрација, конзервација и заштита на локалитетот.

- За македонската археологија ова е од исклучително значење бидејќи вакви монументални објекти се ретки и на Балканот. Ќе привлекува огромно внимание во научните археолошки кругови, рече Кузман.

Архелошките истражувања ќе продолжат и догодина со поддршка на Министерството за култура, а теренските истражувања ги водат Антонио Јакимовски од Институтот за археологија и археологот Душко Темелкоски од прилепскиот Завод и музеј.

Овој археолошки комплекс ќе биде ставен на туристичката мапа на Прилеп и на Македонија за да привлекува домашни и странски туристи.
 
Не се најдени некои симболи/натписи во гробницата , садови или накит ?
 
Ај да почекаме некојса слика да се види.

Инаку оваа е многу убава работа.
Поздрав.
 
Во близина на местото беа пронајдени и штитови со Македонското сонце а за гробницата се претпоставува дека е на кралот Деметриј или Димитриј, барем така јас прочитав.Исто така се претпоставува дека тука на врвот Висока е и градот Пелагонија една од Македонските антички престолнини.
 
Напред Македонијо! :smir:
Баш им се радувам на ваквите вести, едвај чекам да го видам локалитетот.
 
Neli voa e staro veke godina/dve? Gledav na youtube snimka od a1 gi imashe skoro istite sliki. Neznam oti tolku cekaat za da se pocne intezivno da se istrazuva ovoj lokalitet.
 
Да да, нова гробница имаат најдено, пред некој ден на А1 (мислам дека) кажуваа за новиот археолошки пронајдок.
 
Човекот вели дека кога штитовите ќе се реставрираат за прв пат во светот ќе се види како изгледале штитовите на Македонската Фаланга. Па зарем досега нема откриени штитови низ другите Античко-Македонски престолнини и ако не, од каде тогаш идеите за слики , филмови и тн... на кои се прикажани штитови од Фалангата ?
 
Човекот вели дека кога штитовите ќе се реставрираат за прв пат во светот ќе се види како изгледале штитовите на Македонската Фаланга. Па зарем досега нема откриени штитови низ другите Античко-Македонски престолнини и ако не, од каде тогаш идеите за слики , филмови и тн... на кои се прикажани штитови од Фалангата ?

Crtezi

Cudno vcera barav na A1 vo arhivata za mesec septemvri ne najdov nisto. Videoto so go postuvav e godina dena staro. Ima predpostavki deka grobnicata e na kralot Demetrij pobarav za ovoj kral no ne najdov informacii za nego.

btw Znae li nekoj do sega koj makedonski kralevi se otkrieni osven grobot na Filip II i Persej. Iako za Filip ima somnezi deka toa e negoviot sin Filip III
 
Локалитетот Старо Бонче е на околу 2км.кон југ од денесното село Бонче.Старо Бонче е евидентиран како хеленистичко-римска некропола.
Пелагонија како град на Пелагонците или само област во античко време?Мошне скудни се изворните податоци во кој се споменува овој топоним.Од средината на 4век.ст.ера.познати се два натписа во кои градот Атина им се заблагодарува на двајца Пелагонци(едниот нивен крал,чие име не може да се процита целосно и другиот со име Менелај),за нивното покажано сојузништво.Дури две столетија подоцна со доаганјето на Римјаните на овие простори,и поделбата на Македонија на четири дела-мериди,Пелагонија повторно се споменува и тоа како седисте на четвртата мерида.Но оваа позиција ја поседува сосема краток временски период,до 148год.ст.е.кога меридите се укинуват и целата територија на Македонија стануваединствена Римска провинција.Градот Пелагонија се претпоставува дека е на локалитетот Висока,но се има и претпоставки од порано дека може да е и некаде околу селата Мојно,Суводол и Прилепец,односно некаде во внатресноста на регионот Мариово.
:salut:
 
Еј абре луѓе... знам дека овде не е место ама ај да си кажам.

Хелените на времето биле делени на Ахијци, Спартанци и ред други. Значи тие им биле племињата. Не баш племиња, но да кажеме по таа некоја си линија.

Тогаш каде Македонците Хелени, кога кај самите Македонци имало Пелагонци, Берзити... итн? Зарем сите тие Ахајци, Спартанци... биле по едно племе а Македонците пак биле меѓусебно поделени на племиња?

Некако не се вклопува нели.

п.с.
Се надевам дека ме разбравте и имајте на ум дека ова така ми дојде во овој момент. Можеби не сум во право, но да си кажам... па сега...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom