Бугарија сака со сите сили да го оцрни македонскиот имиџ

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лелеее...што се ќе се прочита на нет...ххх трагикомични се татариве...дај нека си гледаат во својот двор и да ја подобрат своја црна слика во однос на Европа да не бидет WC:toe:
 
Лелеее...што се ќе се прочита на нет...ххх трагикомични се татариве...дај нека си гледаат во својот двор и да ја подобрат своја црна слика во однос на Европа да не бидет WC:toe:
Не спомнувај wc оти ќе те банираат:pos2::pos2:
 
Непотребно заострување на односите

Филип Петровски

Секој бугарофоб лесно ќе ме прогласи за бугарофил. Ако сакаат да обвинуваат со етикети, препорачувам да се свртат кон Антонио Милошоски

Некако за сите неочекувано, но со голема брзина и силина се создаде најновиот надворешно-политички проблем на Македонија. Случајот на бугарската државјанка Спаска Митрова беше повод од бугарска страна да се издаде официјално соопштение за оваа држава да најави дека ќе ја оценува нашата подготвеност за влез во Европската унија. И како што е „ред“ од наша страна, веднаш сите весници се нафрлија врз овие изјави со најтешки можни коментари. Веднаш однесувањето на Бугарија беше споредено со она на Грција. Некои дури и видоа меѓудржавен проблем, што е планиран, конспириран против нас подолго време. Од наша страна и Министерството за надворешни работи реагираше со експресен контраодговор, отфрлувајќи ги обвинувањата. Со тоа се смета дека случајот на Спаска е затворен и Македонија принципиелно си ја завршила работата. Но, дали е навистина така? Дали е завршена работата или има и други слоеви во овој случај. Токму тоа ќе се обидам да го анализирам во ова мислење.



Во Бугарија само што се формираше нова влада. Победија десничарите. Со тоа стана нормално да се очекува дека ќе се подобрат односите меѓу нашите држави. Имено, солидарноста и соработката на сличните, сродните партии на власт насекаде во Европа има голема улога и многу придонесува да се создаваат пријателски односи и меѓу државите. Затоа се надевав дека сега се создадени услови и со нашите две држави истото тоа да се случи. Избирањето нова влада во Бугарија даваше можност да се почне одново, со што би можело да се отвори нова страница во заедничката балканска историја. Новиот почеток требаше да биде императив од наша страна. Но, за жал, се забележува недоверба од двете страни. Всушност, немојте да се изненадите, таа недоверба е градена долго време. Таа може да се надградува или да се напушти како метод. Изборот, секако лежи во двете страни.

Изборот на Божидар Димитров од страна на Борисов на некој начин значи дека Бугарија ќе игра потврда игра. Оти Димитров е познат по своите екстремни изјави, особено кон Македонија. Бидејќи ние не можеме да му кажуваме на Борисов кого да го постави за министер, мораме да видиме како ќе живееме со неговиот избор и што можеме да направиме во новонастанатата состојба. Најлесно е да се закараме. Тоа го можеме секој момент. Но, дали тоа е најрационалното решение и, секако, дали е во согласност со нашите стратегиски определби да се приклучиме кон НАТО и кон ЕУ? Ќе ја превртам оваа дилема. Дали можеби некој не не' провоцира намерно да си ги покажеме нетрпението и неподготвеноста да се справуваме со предизвиците на достоен начин. Начин што ќе ни овозможи културно да ги надминуваме овие предизвици, со што на европските партнери ќе им дадеме до знаење дека сме зрели за нивното друштво.



Случајот на Митрова може да се толкува како парадигматичен, односно како најава дека политиката на Бугарија може да се промени, да стане поагресивна кон Македонија. Таа држава, исто како Грција, е членка на НАТО и на ЕУ, за разлика од нас, и располага со анализи за тоа како Грција се однесува кон нас. Тие знаат на колкава штета е изложена Македонија од изолацијата што ни е наметната по Букурешт (без разлика што некои кај нас се трудат од петни жили да докажат дека не сме изолирани). Знаат и дека можат да ги искористат истите можности како Грција. Уште повеќе, знаат дека ако ги искористат, за долго време ќе го поместат нашето интегрирање во овие институции. А, ако се повтори сагата како со Грција, без разлика дали таа ќе биде разрешена во меѓувреме или не, тогаш на наш грб се става товар што тешко ќе биде поднослив. Притоа, јас не ви говорам за којзнае каква стратегија. Овие работи се гледаат многу јасно, без многу напор, само доколку сакате да ги видите. Реалполитиката јасно кажува дека силните го прават она што можат, а послабите тоа што мораат.

Не сакам да ширам дефетизам, ниту да укажувам дека ние сме мала држава, која мора својот пат да го пронаоѓа мирољубиво, со многу трпение и дипломатска вештина. Се чини дека тоа е единствениот начин. Напротив, во Македонија деновиве, во средствата за масовно информирање, особено оние што се блиски до власта, кренавме паника. Отворено се расправаме со Бугарија и го продлабочуваме проблемот. Некои новинари држеа лекции, како тоа Македонија мора поцврсто по овие прашања да реагира и само ја поткрепуваат хистеријата. Истовремено не' носат, и тоа како, на тенок мраз, кој само за нас може да има погубни последици. Грција може да чека. Бугарија, исто така. Може ли уште долго време, со оглед на констелацијата на односите да чека Македонија? Од инает, секако дека можеме да кажеме се', дека ќе издржиме до крај.

И сега што? Дали со предлозите за смирено, тактично и културно решавање на проблемите, кои се појавуваат на релација со Софија јас сум бугарофил (терминот не го разбирам во негативна конотација)? Ова го велам затоа што сум свесен какви коментари ќе пишуваат уште утре штапските апаратчиња. Секој бугарофоб лесно ќе ме прогласи за бугарофил. За да се покрие суштината на проблемот, најлесно е да се фрла вина врз некој друг. Но, ако баш толку силно посакаат да обвинуваат со етикети, препорачувам да се свртат кон Антонио Милошоски, актуелниот министер за надворешни работи. Колку што се сеќавам, тој беше деклариран бугарофил, во времето на студентските демонстрации 1997 година. Односно на тој начин тогаш се пробиваше низ партиските ходници на ВМРО-ДПМНЕ. Кога во 1998 година го сменивме од потпретседателската функција во подмладокот, тој токму поради тие свои уверувања ургираше кај високи партиски фигури за да си ја задржи функцијата. Поради тоа, тие тогаш безрезервно го поддржуваа, без разлика на личните квалитети. Потоа, тој во својот предлог за мое исклучување од партијата, ронејќи солзи, се жали дека бил отстранет единствено поради неговото бугарофилство (ги поседувам документите во случај на каква било желба за спор). Да потсетам дека предлагаше и ревизија за македонската азбука. Објави и книжуле на таа тема – чинам се викаше „Исчашена азбука“.



Мене лично не ми пречат неговите определби. Интимно се надевав дека токму поради нив тој ќе успее да воспостави специјални односи со Бугарија. Затоа што нам ни треба стратешки партнер, поддржувач и пријател. Посебно што сметам дека на таа карта мораме да играме, поради пошироката геостратешка констелација. Дипломатијата познава разни техники. Би требало министерот досега да ги научил. Но, министерот мудро молчи. Си ја чува позицијата. Станал и голем антички Македонец во меѓувреме. Од бугарофил до антички Македонец, патот е преку фотелјата. Со тоа, всушност, се покажува дека не бил автентичен во неговите тогашни жестоки залагања, туку само со цел да се добере до функција. Тоа чинам и Латас го знае. Од времето кога токму од него барал да биде претседател на социјалистичката младина... По чудна игра на судбина сега се во коалиција, која ама баш ништо нема со претходните убедувања на Антонио.

Но, не се грижете се за Бугарија, затоа што Андора не' призна под уставното име.

(Авторот е докторанд по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk
 
Докторов овде заборава клучен сегмент користење на општото правило дека непријателот е некаде надвор за да се дефокусира бугарскиот народ од грабежот кој следува не верувам дека бојко ќе го реши проблемот со корупција итн само ќе го замачка

Погледнете што правеше нашиов премиер последниве години истото ќе се повтори во бугарија во некоај позавиена форма можеби но истото
На крај сметката ќе ја плаќаат и Бугарите и Македонците
факат политичарите се луѓе зошто да се трудат да помогнат на својот народ кога можат да си помогнат на себе и својата фамилија (то ест обогатат)
 
Еј ја гледав пресконференцијата на 2цата со бг пашапорти, неможам да верувам едниот го казниле оти поминал на црвено светло, а другиот оти фрлал губре!!!

Ај едниот вика после него на црвено поминала др кола на црвено(колку е вистина тоа е знак прашалник) ама другиов незнам што сакаже да каже? Смешно та дури и за плачење.

Луѓе за фрлен пикавец, сончоглед, за плукнато на улица добиваат казни парични или ако нема да плати, да чисти по улици, паркови, гробишта, и сега тој имал бг пасош и него го казниле оти имал бг пасош. Кој апсурд човече.

Симни се дедо боже собери си вересијата!

Што сака здружението да каже?
 
само што мијавија денес во вестите во 19.00 ке има

прес на сите банирани бугари од кајгана,

најостро ке се бара помилување од македонските власти И вракање на форумите
ПРАВДА ЗА БЛГАРИТЕ!!!:pos2:
 
Непотребно заострување на односите

[URL="http://filippetrovski.blog.com.mk"]http://filippetrovski.blog.com.mk
[/URL]



1. Да, непотребно заострување на односите, но ние не ги заостривме, туку тие непотребно се впуштија во акција т.ест кога ќе размислам сега таква им е и политиката спрема Македонија далеку по-радикална од онаа на левицата.

2.Авторот веќе знае што играч е Димитров, дека е радикал и хард кор играч кога станува збор за Македонија, што значи дека неговите барања нема да бидат воопшто евтини а она со Борисов како го кажува како Борисов да не знаел кој е Божидар Димитров, па самиот Борисов рече дека имал планови да не стави под бугарска контрола.Значи утре ако се реши некогаш спорот со Грција, ќе настапат Бугарите што е повеќе од јасно, освен ако нешто не се промени во самата ЕУ ама се сомневам дека ќе има некоја промена.

3.И што предлага авторот, мирољубива политика, а каква е таа мирољубива политика за него, на Бугарите да им ја препишеме историјата и идентитетот (зошто Бугарите други барања немаат) а на Грците името, баш таа мирољубива политика не доведе денеска до ова..

4.Некој од тука кажа дека оваа политика не е убава и за Бугарите и за Македонците.Да, не е убава, и знам дека во Бугарија, сите Бугари не се исти но да се соочиме со фактите, Бугарите ја избраа оваа влада, ја знаеле нивната програма и стојат зад таа програма и влада а колку што знам овој веќе неколку години по ред има највисок рејтинг во Бугарија.Значи Бугарите сакаат да имаат проблеми со нас, искомплексирани се,а тоа што некој таму ширел пропаганда меѓу нив веќе си го завршил своето оддамна, и сега сакале или нејќеле Бугарите нас не сметаат за нешто што не сме и затоа треба да се пазиме.Значи мора да ги разбереме како закана.
 
spaskamitrova.jpg


која калаштура чоече, не е вредна ни крај неа да минеш,а не пак...
не ми е јасно што пак бугариве се фатиле за неа,или можда им е само изговор-
не гледате ли дека е „напредна“ оваа- која сигурно останала бремена кога не била ни полнолетна ,па сега ќе изигрува уште поголема глуперда отколку што е ,со овие нејзини изјави.
Ако толку ја сакаат Божо и Бојко -ДАЈТЕ ИМ ЈА со се партали и привезоци- „нека они се грижат за неа„:back:

него, друго сакав да ве прашам- некои од нашиве „експерт новинари„ не го посетија ли нејзиното родно место - родители, другарчиња,благоевград, бивши и сегашен маж.....- зад секое вакво невино фацуле се крие БОоооооооГАТА ИСТОРИЈА:vozbud:(да не речам по/минато)
 
Dabe majkata:) i mene me baniraja zasto ja narekov bugarija evropsko vc, i cistiaci na evropski vecinja.Pa toa e relanosta i vistinata. Sto mislite sto rabotaaat po evropa blgarite?
 
Шират бугарски смрдеш со антимакедонски свирки

Преди да почни да го скока грчкото антимакедонско сиртаки, бугарскио премиер-криминалец Борисов требваше да го пита неговио комуњарско-шпиунски клаун Б. Димитров колку бугарски политичари и премиери си ги скршиjа сами главите во Македониjа! И Борисов и неговите антимакедонски "патриоти" тргнае по тоj пат и до неколку месеци ќе му го гледаме сеирот!
От друга страна бугарските политичари си ги држе криминалните пари во грчки и кипарски банки и по тоj начин се зависни и се готови да игре по грчката свирка!
И от трета страна Борисов му дава државна подкрепа на тотално изпаднатите на дното на бугарското блато политико-шпиунски антимакедонски структури от типот на каракачановото МВРо-БНД!
Боjковците граде нов ред бугарски комуњарско-шпионски тули во зидот, кои ги разделува македонците от бугарите! То нема да се заборави, "деснио" "европеец" Боjко, ни от Македониjа, ни от Европа!
 
Напишано од Picasso`
http://filippetrovski.blog.com.mk И?Приказната за Курто и Мурто.Сега што е целта на Ф.Петровски.Да ни ја прикаже погрешната политика на МНР или да го оцрни Милошовски?Мене ова второто ми е повероватно.И после 19 години тн.демократија се понашаме исто.Порано можевме да слушнеме вакви глупости од опозиција кон позиција и обратно или некој од СДСМ го нарекол некој од ВМРО бугарин.Сега секој секого обвинува.Што сака сега г.Петровски.Нее и ни чудо што од СДСМ ги нарекуваат детска градинка.Така и се понашаат.Каква сега врска има Милошовски што бил бугарофил?Овде е јасно ко ден.Ако не беше таа фуксата ќе најдеа нешто друго и ќе го попречуваја влезот во ЕУ.Па јасно е дека се игра на време.Нивниот скриен адут во ракавот би требало да бидат Албанците.А кога сме кај Албанците тие полека но сигурно се вклопуваат во овој мозаик.
 
Зер македонците работат како лекари и инженери во Западна Европа :pos2:Реалността е дека ние сме зле, па вие сте супер зле.
По темата - нормално е да има блгарска намеса, затоа што трвде длго трпевме наглостта на македонската држава спрема блгарите.
hehe e cuvash dodeka nie ja gradevme evropa vie jadevte eftin ruski lep, placevte za dfki ,se dupevte za zenski corapi. a nie menatalno sme povrazni so evropa .:pos2:makedoncite vo evropa veke se treta generacija ,taka da se na dosta golemi funkcii.i kako lekari i kako inzeneri da ne nabrojuvam sto uste ima.neste dorasnati uste za evropa mentalno daleku ste nazad mnogu poveke ste mentalno povrzani so ruskiot komunizam:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom