Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Еутаназија се врши во ветеринарна болница,само им ставаат инекција,и заспиваат во длабок сон од кој не се будат,односно умираат.Не се сеќирај,не вршат масакр.
Дали Вардариште е ветеринарна болница? Инаку знам која е процедурата на успивање, само да е така ич нема да се секирам, ама ако не е...
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Зошто тогаш се успиваат малите кутриња ако е тоа целта на ветеринарите? Не зборам за лекари дека лекари и ветеринари за мене се два различна пара на кондури. Ама дека во постот ги спомна и нив затоа и те прашувам, сигурно целата процедура ја врши ветеринар, а не некој дрвомоделар.
Тоа во болдираното не ти требаше.Како прво не лекари,ДОКТОРИ,како второ благодарение на ветеринарите ти јадеш проверени меснати производи,а не да фатиш бруцелоза,ако чуваш милениче благодарение на нив,ќе живее.Ветерината е основа на хуманата медицина.
А зашто се успиваат,затоа што доколку газдата наложи да се успие ќе се успие,и пред се во ветеринарна болница ѓи успиваат доколку кучето скитник е или тешко болно или неможе во никој случај да се опорави.Прошетај малце до автокоманда,да видиш дали убиле некое куче,целиот ветеринарен е преплавен со скитници,ѓи хранат и се грижат за нив.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Тоа во болдираното не ти требаше.Како прво не лекари,ДОКТОРИ,како второ благодарение на ветеринарите ти јадеш проверени меснати производи,а не да фатиш бруцелоза,ако чуваш милениче благодарение на нив,ќе живее.Ветерината е основа на хуманата медицина.
Како што е гинеколог различен од кардиолог, така и ЛЕКАР и ветернар се два различни поими. Кога би требало да ставам човечи живот и од животно вагата автоматски паѓа кај човечкиот, без размислување (колку и да е нехумано спрема животните). Но тоа само кога би ми биле дадени тие две опции. Е сега во овој случај не сум нит за тоа нит за оноа, сум за нешто помеѓу, похумано за сите каде сум сигурна дека има можност да се оствари.
А зашто се успиваат,затоа што доколку газдата наложи да се успие ќе се успие,и пред се во ветеринарна болница ѓи успиваат доколку кучето скитник е или тешко болно или неможе во никој случај да се опорави.Прошетај малце до автокоманда,да видиш дали убиле некое куче,целиот ветеринарен е преплавен со скитници,ѓи хранат и се грижат за нив.
Чекај ти имаш прочитано зошто е темата? И фино те прашав дали во Вардариште успивањето го вршат ветеринари (колку што знам ветеринари го вршат тоа) И каде е тука нивната цел?

Инаку зошто би дискутирале толку на темата ако се згрижени и нивниот живот не е ставен на коцка?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
3 страни со некои апстрактни муабети.

Да, апстрактни.
Ајде сега риалити чек за сите вас.*
ПАРИ ЗА ДА СЕ ВДОМАТ СИТЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ НЕМА, И НЕМА ДА ИМА ВО БЛИСКО ВРЕМЕ.
Сите ваши хипотетички идеи - како место споменици да се грижиме за кучињата, место да крадат, политичарите да направат добро дело и слично - НЕМА ДА СЕ СЛУЧАТ.

Е, ова е реалноста.
И кога овие две работи ги извадивме од равенката, останува прашањето - Дали да се успијат или да се вратат на улица?

За жал, само тие две алтернативи се засега. А сега сите одговорете пак кратко и јасно на прашањето - Дали сте да се вратат на улица?

И уште нешто - како бонус.

1. Сум имал куче, сум имал и мачки, папагал, желка итн...
2. Исто така ме нападнале кучиња скитници, од кои еднаш и тие маалските, за кои јас знам дека се КАСТРИРАНИ И ВАКЦИНИРАНИ. Маца_кака', објаснување на ова?
Или пак слепо ќе гарантираш?


* - за тие што се за вдомување на кучињата, непостоечката опција.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
3 страни со некои апстрактни муабети.

Да, апстрактни.
Ајде сега риалити чек за сите вас.
ПАРИ ЗА ДА СЕ ВДОМАТ СИТЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ НЕМА, И НЕМА ДА ИМА ВО БЛИСКО ВРЕМЕ.
Сите ваши хипотетички идеи - како место споменици да се грижиме за кучињата, место да крадат, политичарите да направат добро дело и слично - НЕМА ДА СЕ СЛУЧАТ.
Зошто? Затоа што сме така навикнати и нашата влада не им остава на народот да бира трето...Или е црно или е бело, сиво нема. Не збориме за нешто неостварливо, за изградување на втора ајфелова кула (мада ништо чудно) за да го направиме езерото охридско во море...збориме за градење на мали установи, во секој град по еден и да се вдомуват кучињата. И те како е остварливо, само треба да се има воља и малку подршка од државата. Ама ете како и обично, го бираме наједноставното и за некој најлесното решение (да не ги боли глава од мислење) п.с. и да има повеќе во нивниот џеб.
 
А

Александра Д.

Гостин
Не може ние да одлучуваме за нечиј живот, не ни е дадено тоа право.
Строго сум против нивното елиминирање, што ќе беше да е некој од нас таму, така затворен? Па има и луѓе скитници, а нив никој не ги затвора во такви објекти и не ги убива. Колку што ние имаме за право да живееме, имаат и кучињата, не се ништо подоле од нас.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Како што е гинеколог различен од кардиолог, така и ЛЕКАР и ветернар се два различни поими. Кога би требало да ставам човечи живот и од животно вагата автоматски паѓа кај човечкиот, без размислување (колку и да е нехумано спрема животните). Но тоа само кога би ми биле дадени тие две опции. Е сега во овој случај не сум нит за тоа нит за оноа, сум за нешто помеѓу, похумано за сите каде сум сигурна дека има можност да се оствари.
Чекај ти имаш прочитано зошто е темата? И фино те прашав дали во Вардариште успивањето го вршат ветеринари (колку што знам ветеринари го вршат тоа) И каде е тука нивната цел?

Инаку зошто би дискутирале толку на темата ако се згрижени и нивниот живот не е ставен на коцка?
Малце смешна си ми,значи ветеринарот не е доктор???А што е???Фризер?Лимар?Адвокат?И гинекологот е исто што и кардиологот,и педијатарот е исто што и офталмологот,истиот медицински факултет,различна специјализација.Ја знам добро што е темата,него сакам да ти појаснам,пошто очигледно незнаеш што е ветеринар.А кој врши успивање,па сигурно ветеринар,кој друг?И самите тие не вршат еутаназија на туку така,тоа се кучиња кои ги носат доколку правеле проблеми или се болни.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Не може ние да одлучуваме за нечиј живот, не ни е дадено тоа право.
Строго сум против нивното елиминирање, што ќе беше да е некој од нас таму, така затворен? Па има и луѓе скитници, а нив никој не ги затвора во такви објекти и не ги убива. Колку што ние имаме за право да живееме, имаат и кучињата, не се ништо подоле од нас.
Ги направивте сеа исто, скитникот може да најде парче леб да заработи за тоа а кучето неможе само толку лесно да најде парче леб да биде како што треба, и кога веќе запнавте толку во колкав број има скитници луѓе а колку кучиња скитници, ќе му текне на некој ќе го остави кучето на улица и после јас ќе плаќам за него да го чуваат како не само успивање и готово.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Твоето држи вода ради тоа што има помала шанса кучињата да нападнат некој што е сопственик на куче зошто тој не се плаши и не осеќаат адреналин кај него, адреналин што го осеќаат кај луѓе што се плашат од нив.

А човек не може да знае со сигурност дали стравот му е оправдан или не кога си има работа со улични кучиња.

Ја би рекла и: Не биле нападнати од куче тие што се против успивање на уличните кучиња.
Баш ме интересира што тие нападнати луѓе имаат да кажат на темава. Или луѓето што не можат да си излезат во сопственото маало заради кучињата наоколу.
Мене ме има нападнато улично куче,два пати.Нека е јасно дека кучињата се плашат од луѓето.Се стрча накај мене го заплашив како да го мавам со камен и избега.

И кога го шетам кучето многу џукели се стрчуваат,ама кутрите се враќаат кога ќе видат што шетам:smir:

Така да јас се изјаснив дека агресивните кучиња треба да се успијат,додека другите само да се кастрираат,па потоа ќе си умрат од природна смрт.А не да се успива некое мало кутре што е успиено само затоа што е нерасно куче,треба да се засрамат надлежните за овие акции што ги преземаат.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
А кој врши успивање,па сигурно ветеринар,кој друг?И самите тие не вршат еутаназија на туку така,тоа се кучиња кои ги носат доколку правеле проблеми или се болни.
Ако е така, зошто воопшто дискутираме?
Види:
Во тек од една година успеале да успијат 1400 кученца,оние кои што биле стари,болни,и оние кои што веќе една година престојувале таму.
Сега,им останале уште некаде 400 кучиња,на возраст од 8 месеци до 5 години и сакаат и тие да ги успијат.
Целта на докторите,во овој случај на ветеринарите е да се направи што е можно повеќе да го одржи пациентот во живот.
На што те прашав зошто тогаш се случува тоа горе цитираното? На што ти упорно го одбегнуваш одговорот и мешаш баби и жаби.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Не е исто. Ако имам проблеми со коските одам кај ортопед, ако имам алергија одам кај кожен и сигурно нема да одам кај ветеринар, а кучето го однесам кај гинеколог.Ако мислиш дека треба да се правиме глупи и да пишуваме дрско нема проблем го можам многу добро тоа, но го осеќам Принц како ми дише на врат па да не не делитне ќе престанам тука :icon_lol:Ако е така, зошто воопшто дискутираме?
Види:
На што те прашав зошто тогаш се случува тоа горе цитираното? На што ти упорно го одбегнуваш одговорот и мешаш баби и жаби.
А од кај па ја да знам,прашај си го Грујо.Можда од државата е наложено да се убијат.И јас зборував за животно кое има газда,една операција околу 200-500 евра е,некој треба да плати.
И пак мислиш дека ветеринарите не се доктори,последен пат прашувам?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
А од кај па ја да знам,прашај си го Грујо.
И пак мислиш дека ветеринарите не се доктори,последен пат прашувам?
Е сега кога немаш одговор прашај ја баба...да ми беше прашањето упатено кон Грујо ќе му пишев нему.
Се лекари, но за животни, а животните не ги ставам на исто ниво со луѓето.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Eпа малите кучиња РАСТАТ ако не си знаела. И се здружуваат во глутници, и преку зима нема шо да јадат, и се агресивни.
Баш така растат и преку зима нема што да јадат пошто тебе сигурно не би ти текнало да им однесеш да јадат и да агресивни стануваат зашто и ја да немам со денови што да јадам и да седам на ладно ќе ми се јави агресија.
Значи вака , ние сме луѓе катастрофа, како прво никој од вас што сте за успивање на сите кучиња сигурна сум дека не бил во стационар и не видел што се случува таму.А таму глетката е АУШВИЦ, што да ви кажам освен да појдете па да се уверите па можеби и вашите ладни срца ќе станат хумани и човечки.
А за тоа дали сум била во ситуација да сум тет-а тет со куче скитник разлајено и бесно сум била и да доволно беше да клекнам и да подадам рака и да му кажам нешто и да се смири, а кој не знае како тоа се прави нема проблем бесплатно ќе го научам!!!
Мака ми е од сите овие муабети, знам дека идејата на сите вас што сте да не ги гледате кучињата по улици затоа што тие и по ваша идеа ќе бидат убиени, од мало до големо-жалам НЕМА ДА СЕ ОСТВАРИ,војната од секаков аспект топрва започнува, а за сите информации ќе бидете благовремено известени преку медиумите па сигурно за недела две.
И додека некои од вас сега некаде не знаат како да си ги потрошат парите на пиење јадење..не знаат како да си го потрошат времето па за све што е живо -мрчат-многумина од нас звонат по телефоните и наоѓаат некои донации за помош на бездомните кучиња, многумина од нас не можат да спијат затоа што во главата им е сликата на мали кутриња кои се полумртви затоа што '' добрите луѓе'' од стационарот ги мрзи да ги нахранат а храна има, затоа што ги мрзи да ги извадат од боксовите па да ги исчистат истите, туку ги оставаат внатре и со мраз ладна вода чистат све!!!
Веќе немам коментар кој што сака нека мисли јас и понатака сметам дека и луѓето и животните имаат подеднакви права на оваа ЗЕМЈА и нема кој кому да му суди!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom