Со економската програма ќе ја поразиме власта

Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Pred kongres na Sdsm rekov ocekuvam da napravat dobar ecc tim...i stvarno dobri se...kako Vmroec zal mi e sto ovoj ZJ morase da odi vo Sds...za da pokazi sto znae...a ne vo Om ili vo maticnata mu Ldp...no to e to...ova e od dnevnik.

Ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет, при што фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок

Веднаш по неговиот избор за потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, доживеа канонада од напади на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.Нападите отидоа до таму што тој беше обвинет дека нема етика и професионализам и дека како припадник на „влашкото лоби“ќе ги уценува останатите банки со информации што ги добивал додека работел во Народна банка на РМ. За основаноста на нападите, економските состојби во земјава и решенијата што ќе ги понуди како еден од креаторите на економската програма на најголемата опозициска партија, Јовановски зборува во интервјуто за „Дневник“.

*Очекувавте ли такви напади, можно ли е, како што тврди владејачка партија, дека ќе ги уценувате банките во земјата?

- Не ме изненади тоа што имаше напади, ме изненади жестината и неоснованоста на нападите. Замислете, нема обвинувања дека нешто лошо е направено, туку дека нешто лошо евентуално би можело да се направи и дека „во јавноста постоеле сомневања“...Со оглед на тоа што никаков закон не е прекршен, се' е чиста шпекулација. Охрабрува тоа што медиумите брзо ја сфатија апсурдноста на нападите. Меѓутоа, нападите загрижуваат заради нешто друго. Прво, тоа е отсуството на чувство кај владејачката партија за приоритети во ангажманот. Наместо да се насочи целата енергија кон решавање на тешките проблеми во македонската економија, како нешто што најмногу ги погаѓа граѓаните, таа тотално непотребно ги троши времето и енергијата за бесмислени лични напади.

Подготвени и за непопуларни мерки

* Зошто сметате дека во Македонија се таложат огромни ризици кои имаат потенцијал за долгорочни последици? Власта сепак се фали со економски успеси и реформи.

- Во земјава веќе на сите им стана јасно. Приказната е многу едноставна. Од странство купуваме стоки и услуги многу повеќе од она што можеме да си го дозволиме и тоа не запира дури и во кризниве времиња. Иако размената на стоки и услуги со странство се намали, увозот се намалува значително побавно од извозот и побавно од очекувањата. Во недостиг на девизни приливи од странство, а заради обврска да ги исполниме обврските кон странство и потреба да се сочува девизниот курс на денарот, НБМ на девизниот пазар мора да продава девизи. Неизбежно, девизните резерви сериозно се топат, се намалија за речиси 30 проценти, за релативно краток период. И, тоа трае со месеци. Што се случи? Експанзивната фискална политика на Владата ја зголеми ранливоста на македонската економија во поглед на нејзината екстерна позиција.

Тоа го препознаа и странците, и ние како земја од мај годинава имаме влошен кредитен рејтинг. Јасно е дека ваквата ситуација не може неограничено долго да трае. Притоа, дополнително ме загрижуваат очекувањата дека економската криза својот најсилен удар врз македонската економија ќе го произведе во последните три месеци од годинава. Значи, притисокот врз девизниот курс на денарот е огромен, а тој е темелот на нашата макроекономска стабилност. Мораме да ја сочуваме макроекономската стабилност по секоја цена. Кога таа постои, па ќе се изгуби, покрај осиромашувањето на граѓаните, се губи и нешто што се вика доверба во способноста државата да ја води економијата, а таа не може на краток рок да се изгради.

НБМ презеде ригорозни мерки, веќе посегна и по инструменти кои не се флексибилни по својата природа и не се менуваат често на краток рок, како што е стапката на задолжителна резерва на банките. Сепак, арсеналот на мерки што може да ги преземе НБМ веќе се исцрпува. На потег е Владата и фискалната политика. Доколку приспособувањето кај буџетот не биде соодветно големо, не биде дополнето со мерки за дестимулирање на оној увоз, кој не е неопходен во кризни времиња, и ако веднаш не се обезбедат доволно пари за поддршка на билансот на плаќања кон странство, на крајот, граѓаните ќе платат висока цена.

* Кои ќе бидат контурите на економската програма што ја подготвувате, штедење, рестрикции или ќе има и развојни компоненти?

- Јас реков дека за да имаат граѓаните подобар живот мора да се носат тешки, сериозни и одговорни одлуки. Притоа, одлуките во врска со економската политика не смеат да зависат од тоа како тие се одразуваат на краткорочниот политички рејтинг на власта. Значи, мора да преземате и непопуларни економски мерки. Во однос на економската програма ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет. Притоа, фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок. Конкретен пример, треба да одлучите дали да склучите аранжман со ММФ по ниска цена или ќе се задолжите на финансиските пазари во странство по многу повисока цена? Кога би разбирале за што станува збор и би биле прашани, децата сигурно би го одбрале првото. Почитувањето на долгорочните аспекти покажува дека ние имаме обврска да се грижиме за перспективите и за благосостојбата и на идните генерации.

излез во долги патеки

*Нели се проблемите многу алармантни за да се дозволи чекање на долгорочни решенија?

- Мислам дека не е прашањето во тоа дали сите ние имаме време за чекање. Прашањето е како им приоѓате и како ги решавате тековните проблеми, кои, како што велите вие, се алармантни. Иако навидум тоа не изгледа така, решавањето на горливите тековни прашања е поврзано со долгорочните економски решенија. Значи, вие мора да имате долгорочна визија за тоа каде сакате да бидете после 10 години и како да стигнете таму. Доколку имате долгорочна визија, тогаш и краткорочните проблеми ќе ги решавате во согласност со неа. Клучната поента е дека треба да ги решавате тековните економски проблеми на начин што нема да ја загрози долгорочната економска иднина на земјата и со тоа постојано да се движите напред.

* Како гледате на она што досега беше водено во СДСМ како економска политика?

- Зависи што сте дефинирале како цел и како се позиционирани очекувањата. Замислете дека како политичка партија сте наследиле од претходната власт економија со значителни проблеми, нарушени економски текови, голема дупка во буџетот на државата, нарушен имиџ кај потенцијалните странски инвеститори затоа што сте имале внатрешен вооружен конфликт, ниско ниво на девизни резерви итн. Замислете сега дека сте го довеле во ред буџетот на државата, сте ги зголемиле девизните резерви, сте ја поставиле економијата на стабилна патека која создава економски растеж од 4 отсто, сте ја изградиле довербата кај странските инвеститори, всушност сте ја воспоставиле повторно макроекономската стабилност и економијата почнала да го забрзува растот. Истовремено, сте склучиле аранжман со ММФ, во кој се содржани суштински важни реформски чекори, и успешно сте го одработиле сето она што требало до доаѓањето на новите избори. Тоа е економската приказна на СДСМ во периодот 2002 - 2006 година. Дали е ова успех или неуспех? Мислам дека во минатото СДСМ не успеала доволно добро да ги искомуницира со јавноста своите економски остварувања.

Промашени напади

- Најстрашно е тоа што нападите против мене содржеа етикетирање од типот вакво или онакво лоби со етнички предзнак. Со тоа, се создаде основа одредени граѓани на земјава да се почувствуваат навредени само поради нивната припадност на одредена етничка заедница. Без оглед на тоа што јас не припаѓам на какво било какво и не сум припадник на, во конкретниот случај, влашката етничка заедница, мислам дека принципиелно ваков тип на етикетирање е апсолутно неприфатлив за модерни демократски општества и не смее да си го дозволи никој, па ни владеачката партија, вели Јовановски.

Ставрески спроведува туѓа политика

*Извесно е дека ќе доаѓате во судир со она што е економски концепт што го поставува вицепремиерот Зоран Ставрески, како гледате на она што тој досега го направил?

- Со вицепремиерот Ставрески се знаеме одамна, уште од факултетските денови. Потоа, не само што работевме заедно во Народна банка, туку извесно време и во иста канцеларија. За тој Ставрески, од тоа време, имам високо мислење. Мислам дека и подоцна имаше добар проект, како што е регулаторната гилотина. Меѓутоа, гледајќи што сега се случува во македонската економија, не можам да поверувам дека тој дава согласност за потезите што се влечат. На пример, јас не можам да сфатам како можеше Владата на почетокот од оваа година, со сите сознанија за светската економска криза, да излезе со проекција дека економскиот растеж во Македонија во 2009 година ќе изнесува тотално нереални 5,5 проценти. Затоа, верувам дека тој спроведува туѓа политика.

Бранко Ѓорѓевски
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Дај Боже да понудат нешто добро. Да видиме и ние економски раат.

Само да ги потсетам на нешто... малку да ги освестам од економскиот идеализам... Македонија ги има следниве проблеми.

1. Проблеми со Името
2. Проблеми со Името
3. Проблеми со Името
4. Статусот со Албанците во државава според некои нови озборувања (како на пример барањата на тачи) сеуште не е решен.

Економијата неможе да мрдне ни ЦМ се додека некои работи не се средат. Реализам де... омилена непрактикувана идеологија на СДСМ.

Ама ајде, Македонци сме, да се надеваме.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
И како може некои што спровеле криминална приватизација и го уништија македонското стопанство, а државниот капитал отиде во нивните приватни џебови, сега да не` убедуваат дека можат да ја оправат економијата на Македонија?

Па тие да знаеја и да сакаа, немаше целосно македонската економија да ја уништат 1993-1998 г. и да остават 50% од луѓето без леб.

Еднаш криминалец, засекогаш криминалец.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И како може некои што спровеле криминална приватизација и го уништија македонското стопанство, а државниот капитал отиде во нивните приватни џебови, сега да не` убедуваат дека можат да ја оправат економијата на Македонија?

Па тие да знаеја и да сакаа, немаше целосно македонската економија да ја уништат 1993-1998 г. и да остават 50% од луѓето без леб.

Еднаш криминалец, засекогаш криминалец.:toe:
paaa, svatile deka go zaebale narodot, pa sega ke probaat da ja popravat greskata, :) tvoite VMRO-ovcicki toa go tvrdea , pa sea ne nosat na prosjacki stap....ili site nie sme totalni dibeci i ne mozeme da ja prepoznaeme PRERODBENICKATA zvezda Severnica po koja tie se orjentiraat....iskreno receno , ni ova sto ovoj Zoran Jovanovski go raskazuva, bidejki i toa e pak nekakvo gasenje pozar i ad hok resenie...t.e. gruba Makedonija postojano e vo potraga na " vetenata zemja".....i nikako da ja najde.....
...vsusnost ..da se pametni ova SDSM-ovcive edinstveno treba VISTINSKI , a ne na BILBORD da go sprovedat samo del od ona sto bese najaveno od VMRO.....sto se zaedno samo kazuzuva deka zaebancijata ke prodolzi vo nedogled........t.e. jaka ni dusa...
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
paaa, svatile deka go zaebale narodot, pa sega ke probaat da ja popravat greskata, :) tvoite VMRO-ovcicki toa go tvrdea , pa sea ne nosat na prosjacki stap....ili site nie sme totalni dibeci i ne mozeme da ja prepoznaeme PRERODBENICKATA zvezda Severnica po koja tie se orjentiraat....iskreno receno , ni ova sto ovoj Zoran Jovanovski go raskazuva, bidejki i toa e pak nekakvo gasenje pozar i ad hok resenie...t.e. gruba Makedonija postojano e vo potraga na " vetenata zemja".....i nikako da ja najde.....
...vsusnost ..da se pametni ova SDSM-ovcive edinstveno treba VISTINSKI , a ne na BILBORD da go sprovedat samo del od ona sto bese najaveno od VMRO.....sto se zaedno samo kazuzuva deka zaebancijata ke prodolzi vo nedogled........t.e. jaka ni dusa...
Истото го велеше СДС и 2002 г., дека ќе ја исправат грешката од 1992-1998 г.. А видовме дека не само што ништо од она што скривија не исправија, туку направија поголеми дубари.

Особено не верувам некуму од “влашкиот клан“, кој најмногу џапна од македонскиот државен капитал.

Тебе те разбирам, ти си зинзар и не ги гледаш интересите на Македонија, туку на твојата малцинска група, чии интереси далеку се разидуваат од националните интереси на македонскиот народ :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
И како може некои што спровеле криминална приватизација и го уништија македонското стопанство, а државниот капитал отиде во нивните приватни џебови, сега да не` убедуваат дека можат да ја оправат економијата на Македонија?
Можеби ќе фрлат нешто од тоа што го опљачкале, мада чисто сумњам. Куче коска не дава.
Едно е економска програма на хартија и на уста (како постоечката-има и таква тема), а друго е навистина работење. Но ако од корен ги тргнат тие што пљачкаа. Ако не, џабе се фалат. Кој еднаш украл...

Замислете сега дека сте го довеле во ред буџетот на државата, сте ги зголемиле девизните резерви, сте ја поставиле економијата на стабилна патека која создава економски растеж од 4 отсто, сте ја изградиле довербата кај странските инвеститори, всушност сте ја воспоставиле повторно макроекономската стабилност и економијата почнала да го забрзува растот.
Во сето ова замислете зборот доминира, реално замислете, но не се надевајте. Надевајте се на повторна дупка во здравствен (и слични) буџет...бррр.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Економска програма а никаква национална? Зарем не научивте вие се едни исти па исти политичари , во овие 20 години „водење“ на Република Македонија , дека нам ни се потребни повеќе програми кои ќе се водат паралелно. Ние сме народ кој не сака да го изгуби и тоа малку што му останало.
Направете програма која ќе ги застапува интересите на сиот Македонски Народ и полека но сигурно водете ја државата напред. А не ќе правите економска програма со грчки инвестиции и име Јужна Тунгузија во Центарот на Европа!!! :tapp:
СДСМ уште не започнала со нејзината преродба а нивниот претседател дава изјави : Ќе коалицираат и соработуваат со сите албански партии!!! Македонија не е добра за инвестиции сега!!!

Што повеќе од ова, има ли Македонец , -ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЕЦ , кој ќе гласа за ваква програма ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу убав текст,критики кои секој ден се зборат,било од лаици било од експерти.Ама кога ќе слушнете дека се од сдсм веднаш рипате,за објективност нула 0 .
Вака пред да седнат на фотеља сите знаат економија,она што го зборев за Ставрески,каков капацитет има,еве и овој го потврдува.Ставрески беше еден,сега е сосем друг.Сега самиот себе си се контрира,просто да го жалиш во што го претворија.И утре ќе испадне некој и со право ќе го нарече глуп,а човекот го гледаа како бисер во НБРМ.
И дечково е паметен,кај се залетал во политика,уште од сега го жалам.Веќе видено,патетично,срамота.Сите се за казни од народот,сите!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Многу убав текст,критики кои секој ден се зборат,било од лаици било од експерти.Ама кога ќе слушнете дека се од сдсм веднаш рипате,за објективност нула 0 .
Вака пред да седнат на фотеља сите знаат економија,она што го зборев за Ставрески,каков капацитет има,еве и овој го потврдува.Ставрески беше еден,сега е сосем друг.Сега самиот себе си се контрира,просто да го жалиш во што го претворија.И утре ќе испадне некој и со право ќе го нарече глуп,а човекот го гледаа како бисер во НБРМ.
И дечково е паметен,кај се залетал во политика,уште од сега го жалам.Веќе видено,патетично,срамота.Сите се за казни од народот,сите!
Нажалост,паметта во Македонија можеш да ја продадеш единствено на “политичка берза“ и никако поинаку,Леандра.Можеби ќе дочекаме еден ден кога паметните нема да имаат потреба да ја продаваат својата памет исклучиво на “Македонската Политичка Берза“,само се плашам дека тој ден е премногу далеку за да биде најсветлиот ден за Македонија.:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Истото мислење го имам и за ВМРО кога водат политика слична на онаа на СДСМ. Јас сум од оние граѓани на Р. Македонија кои им дадоа поддршка и на двете партии своевремено. За СДСМ, но комент, за нивната деструктивна и опасна политика, никогаш не би помислил да гласам повеќе за нив, но ете и после овие нивни искуства и надеж за повторно враќање на сцената тие не одстапуваат од нивната политика која во никој случај не и оди во прилог на Македонија! И Заев велат дека добро сторил за Струмица, ама отидете таму и видете како се вее грчко знаме, во дворот на грчката фирма на сред Струмица-Република Македонија .... нормално ли е тоа?
А како што реков и за ВМРО ако ти одстапат од политиката заради која го уживаат овој рејтинг истото ќе им се случи и нив, ќе ги снема од сцената!
Знак за тоа е зачленувањето на Македонски граѓани во албански партии, на луѓето им е преку глава од нашите лажговци.
И за Груевски велеа дека е најдобриот економист во Македонија , во времето на Бранко и СДСМ и жалеа кога тој отиде во ВМРО , па дури и стана водач на истата! Каде се неговите квалитети сега кои порано ги ценеше СДСМ ? Ако си наш добар си, ако не тогаш не чиниш воопшто.
Па навистина народов нафта ли пие?
Оваа влада направи доста добри работи за Македонија, Европа слушна и виде дека Македонија има и постои, ја направи прва во регионот по реформите кои се спроведени, е сага клучен момент е националната политика, ако ВМРО овде попуштат , тогаш нинвната целокупна програма ќе биде оценета како неуспешна од народот и ајде пријатно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Народот е како “овца“ бе Горане,кој ќе му понуди “сол за крмење“,по него трча.Без разлика што така ги лажат овците кога треба да ги молзат и стрижат.Тоа си оди во континуитет со илјадници години.:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Народот е како “овца“ бе Горане,кој ќе му понуди “сол за крмење“,по него трча.Без разлика што така ги лажат овците кога треба да ги молзат и стрижат.Тоа си оди во континуитет со илјадници години.:toe:

Дали е тоа болест без лек АБЦ ???
Јас верувам дека не е и колку и да е долг процесот на лекување , исходот на крајот е позитивен!!!
Ако народот овде се претворил во овца за стрижење тоа значи дека може повторно да се претвори во волк!!! Доколку сака и работи на тоа, а тоа од некаде мора да започне, бавно и сигурно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Дали е тоа болест без лек АБЦ ???
Јас верувам дека не е и колку и да е долг процесот на лекување , исходот на крајот е позитивен!!!
Ако народот овде се претворил во овца за стрижење тоа значи дека може повторно да се претвори во волк!!! Доколку сака и работи на тоа, а тоа од некаде мора да започне, бавно и сигурно.
Има ама малку е потешко кога политичарите се претвораат во “ајван-доктори“ како на сликава подолу:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Незнам дали некогаш си слушал "The Doors" има една песна "Five to One".
Ние сме побројни. Неколку ајван доктори како оној погоре, неможе да оперисуваат цело стадо. :smir:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
545
Поени од реакции
110
Vo ovaa nasa drzava se slucuva nesto cudno....vo sekoja normalna drzava temi za debatiranje/diskutiranje/analiziranje/kritiki/pofalbi se potezite sto gi vlece ili planira da gi vlece vlasta a samo kaj nas ako treba so denovi i denovi ke gi analizirame sdsm i samo sdsm i nikoj drug......mislam deka ako B.C. slucajno prdne vo pogresen pravec pet dena ke se debatira tuka...no cooment :nesvest: :nesvest: :nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom