Регресија

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Минати живот кхмммммммммм, сите викаат минат живот наместо минати животи, а вистината е ако се има минат живот тогаш е повеќе од еден. Замислете сто минати животи, илјада, милион милиони на различни планети во различни галаксии, универзуми. Сите тие искуства емоции карми догми научни факти, дали човек е спремен за тоа?
На фундаментално ниво нема раздвоеност, ако се допре до тоа ниво, тогаш е теоретски можно да бидеш се што постоело, не сто, не милион, туку да станеш едно со сите форми на живот кој постојат и постоеле.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Очигледно си била подложена на регресија, знам дека душата е еднополова затоа прашувам дали луѓето го менуваат полот или не за различни реинкарнации.
И дали можеби има голема временска разлика од инкарнација во инкарнација?
И дали чуствата што се појавуваат за време на регресијата се живи силни или не?
И ако веќе си била подложена што дозна за тебе во минатиот живот, поконкретно ако можеш.
И колку време трае регресијаат?
Во кој временски период се одвиваше твојот претходен живот отприлика?
Многу прашања поставив, можеби неможе се да се дознае но сигурно можеш да споделиш нешто доколку
тоа не ти е презначајно и сакаш да го задржиш за себе.
Да почнам по ред. За два сеанси регресија поминав вкупно 4 животи, во три бев жена во еден маж, значи полот е променлив. Временски животите беа приближно блиски, освен еден во кој не ми беше дозволено да го лоцирам времето бидејќи се работеше за особено значајна личност, и она што беше навистина интересно е дека ми беше дозволено да ја видам иднината (не е сјајна). Сликите се живи, а чувствата уште појаки. Еден третман сигурно трае 60 минути ако не и подолго. Сите кои сакаат да се подложат на регресија тоа несмеат да го прават заради забава и секој сериозен регресолог нема да се согласи да ги подложи на регресија. Нај значајно е прашањето на кое се бара одговор или причината за рересија. Едно нешто со сигурност знам а тоа едека секој на кој му е потребна регресија и навистина сака да ја направи, животните случки ќе го доведат до неа. Моја препорака е да не се плашите бидејќи е интересна и што е најважно корисна.Сметам дека детали од моите поранешни животи не е умесно да изнесувам овде...Постојат книги за саморегресија но искрено не ги препорачувам зошто е опасно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

И сега ти со цел ум мислш дека си ги видела своите поранешни инкарнации, и дека сето тоа е реално?

Почнувам да се плашам за својата физичка безбедност кога ќе излезам на улица...
 
Немој Ти да се плашиш за мене, што јас сум видела јас знам, а што Ти знаеш всушност незнаеш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мислам, не постои веројатност дека тоа е плод на твојата фантазија? Си читала книги, си гледала филмови, и во полусвесна состојба можеш да креираш минати животи, односно минати искуства. Јачината на чуствата не е аргумент во полза на вистинитоста на минатите животи, и во соништата чуствата можат да бидат многу интензивни, па никој на заговара дека тие имаат некоја реалност...

--- надополнето ---

Немој Ти да се плашиш за мене, што јас сум видела јас знам, а што Ти знаеш всушност незнаеш.
Не ме разбра, се плашам за себе, не за тебе. Со толку шушулејки наоколу, и излегувањето надвор е ризик...
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Заратустра, името ти е звучно мислев дека си похрабар и ќе те заинтересира регресијата, а ти без да пробаш и без лично искуство се грижиш за моето ментално здравје. За твоја информација, тоа што го видов нема врска со сето она што сум го прочитала, видела или фантазирала. Знам дека е вистина, бидејќи законот на кармата дејствува токму врз основа на стореното во минатото.Тоа незначи дека сум била злостор, но одредени состојби и ситуации ми го потврдија виденото. После регресија си малку поразбуден.
Милсам, не постои веројатност дека тоа е плод на твојата фантазија? Си читала книги, си гледала филмови, и во полусвесна состојба можеш да креираш минати животи, односно минати искуства. Јачината на чуствата не е аргумент во полза на вистинитоста на минатите животи, и во соништата чуствата можат да бидат многу интензивни, па никој на заговара дека тие имаат некоја реалност...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Заратустра, името ти е звучно мислев дека си похрабар и ќе те заинтересира регресијата, а ти без да пробаш и без лично искуство се грижиш за моето ментално здравје. За твоја информација, тоа што го видов нема врска со сето она што сум го прочитала, видела или фантазирала. Знам дека е вистина, бидејќи законот на кармата дејствува токму врз основа на стореното во минатото.Тоа незначи дека сум била злостор, но одредени состојби и ситуации ми го потврдија виденото. После регресија си малку поразбуден.
Каква врска има мојата храброст со сето ова? Јас едноставно не верувам во душа и во слични концепти, па следствено на тоа не верувам во концептот на минати животи. Не да не верувам, туку го сметам за лудост. Концептот на карма е исто така лудост. Значи, не има во тоа нешто, или можеби, туку лудост, производ на заостанати умови кој од страв од смртта го смислиле концептот на душа, која после смрта на физичкото тело се сели во друго тело, или како во монотеистичките религии оди на судење, па во рајот или пеколот... Толку.

Не можеш да докажеш дека она што си го видела нема врска со она што си читала или гледала на филм, потсвеста е чудесна работа, крпи како ќе стигне...
 
Немам намера ништо да докажувам, бев прашана и одговарам за оние кои имаат интерес да дознаат нешто повеќе, а Ти чедо божје што бараш на темава? Имаш воајерска улога или сакам да знам ама страв ми е па ај ќе провоцирам...Она што не го знам прашувам, сакам да слушнам и не негирам зошто тоа не е човечки.Во суштината на човекот е да истражува, се надевам дека со мојот пост не го разнишав твоето цврсто верување дека по смртта од нас единствено корист ќе имаат растенијата и подземните животинки. Те молам разбери дека за ништо не ти се лутам ниту се чувствувам навредена, не е мој стил, а ако сепак нешто те интересира прашај, тука сум , она што го знам можам да го споделам со Тебе. Ова беше мала игра за твоето Его, а ти се наежи Заратустра на храброста.
 
Упс, па ти умееш да спориш и да бидеш иронична. Супер. Види, темата суштински не ме интересира, живо сум незаинтересиран за неа. Ги читам ваквите теми заради психолошката анализа на луѓето кои пишуваат вакви работи и веруваат во тоа. Истражувањето звучи онака јако, како од Ѕвездени Патеки, ама истражувањето на лудоста и не е некое истражување...

ОК?

Ех да, не ни сакав да те навредам, сакав да ти направам услуга. Ако почнам сериозно да дискутирам со тебе за регресијата и минатите животи, само ќе те поттурнам во лудоста. Многу е подобра шок терапијата, на почетокот додека сеуште има време...
 
Во мојот одговор само Ти можеш да видиш иронија, таа вистински непостои. За да анализираш некого треба да го запознаеш...Ти гарантирам дека твојата анализа нема врска со реалноста. Добар психоаналитичар е човек со соодветна наобразба и со широки видици. Значи за да стане добар психоаналитичар треба повеќе работи да те интересираат.Иначе генијалноста е на граница на лудоста. Не би можела за себе да кажам дека сум генијална, но во секој случај живо сум заинтересирана за сите нови трендови во науката. Верувам си слушнал за квантната физика?
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Жалам мислев дека за прва пат во твојот живот ќе се заинтересираш за нешто ново. ОК доста наука за Тебе денес.
/
Не. Има врска со регресијата и со минатите животи?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
А каде можеме да го најдеме тој регресиолог?
Јас лично мислам дека никогаш не би можел да замижам и дападнам во транс. Ама можда навистина е можно. Како и да е, јас би сакал да отидам на таква сеанса, уште да ми каже некој каде треба да идам и колку ке ме чини?
Ако е некоја кичмокршачка цена тогаш по дефолт го ставам во лажговци регресиологот.
 
Не паѓаш во транс, ниту заспиваш. Цело време си свесен и во секое време можеш свесно да престанеш и да станеш. Се работи за состојба во која те воведува регресолог. Ако навистина сакаш ќе најдеш начин да дојдеш до него. Јас бев кај Сузан од Швајцарија мислам дека беше, незнам кога пак ќе дојде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom