- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 349
- Поени од реакции
- 16
За пет години се гледаме во ЕУ
За визната либерализација ќе се одлучува поединечно за секоја земја. Македонија нема да биде ниту „одвоена“ ниту пак внесена во некои групи на земјиПостојано ги молам претставниците на балканските држави да престанат да се занимаваат со внатрешните несогласувања и што побрзо да почнат да работат на исполнувањето на условите за влегување во ЕУ
Постојат само два начина за спротивставување на правото на вето. Едниот е да се измени уставот во тој дел и да се укине ветото, а вториот е преку честото истакнување на тој проблем да се создаде јавно мислење и притисок врз оние што се закануваат или го користат ветото.
Вака може да се надмине проблемот на поставувањето на вето како начин за решавање на билатералните спорови, смета Ана Ибрисагиќ, пратеник во Европскиот парламент од Шведска.
Ибрисагиќ е родена во Босна и Херцеговина. Веќе осум години е член на управниот одбор на владејачката шведска партија Модерата. Таму важи за голем познавач на состојбите во овој дел од Европа. За тоа дури и забележуваат шведските медиуми критикувајќи ја дека премногу внимание им посветува на тие теми.
Со влезот на Бугарија и Романија во Европската Унија, Западниот Балкан стана опколен од земји-членки на Унијата. Како во таква ситуација може да се толкуваат анализите дека тој регион извезува безбедносни закани?
Без разлика што Западниот Балкан, како што велите е опкружен со Европската Унија, сепак сите земји од тој регион не се членки на Унијата, а некои од нив сé уште се сметаат за нестабилни. Јас исто така сметам и дека трајната безбедност и сигурност на Балканот може да се осигури само со влезот на сите балкански земји во Европската Унија.
Може ли да се очекува Македонија да биде одвоена од Западниот Балкан за визната либерализација или уште еднаш ќе се покаже двојниот морал и влијанието на одделни членки на ЕУ и без формално право на вето да го закочат процесот?
За визната либерализација ќе се одлучува поединечно за секоја земја. Македонија нема да биде ниту „одвоена“ ниту пак внесена во некои групи на земји. Македонија заврши доста работи поврзани со либерализацијата. Тука посебно може да ги издвојам напорите за издавање на биометриските пасоши а верувам дека многу брзо ќе ги исполни и останатите задачи. Јас се обидувам делот од работата на Европската комисија да го направам што е можно потранспарентен. Така е и полесно да се утврди што сé останало да се сработи и чија е грешката ако тоа не е сработено.
Процесот на проширување на Европската Унија се наоѓа во критична фаза. Може ли да се очекува за време на претседавањето на Шведска, Македонија да добие датум за почеток на преговорите?
Се согласувам дека процесот на проширување се наоѓа во критична фаза. Јас тоа го зборувам веќе неколку години уште кога ги забележав првите сигнали за заладување на расположението за проширувањето. Постојано ги молам претставниците на балканските држави да престанат да се занимаваат со внатрешните несогласувања и што побрзо да почнат со работа околу исполнувањето на условите за влез во ЕУ. Се плашам дека еден ден кога земјите од Западен Балкан конечно ќе бидат подготвени за влез во Унијата, Европа веќе нема да биде. Повикот на некои западноевропски земји на консолидација на Европа пред нејзиното проширување, изјавите за капацитетот на Европа да прими нови земји членки и обидите за одредување на конечните граници на Унијата, не се ниту малку охрабрувачки и поставуваат пред нас кои се бориме за продолжување на проширувањето големи предизвици. Во таа смисла за време на претседавањето со Унијата на Шведска и припаѓа голема одговорност таа дебата да ја насочи во вистински правец. Мојата партија која во моментот е владејачка си постави задача да работи на тоа во следниот мандат на Европскиот парламент да продолжи проширувањето на Европската Унија и таа да добие уште најмалку три нови земји-членки.
Македонските граѓани што живеат во Македонија, но и Македонците во Шведска, ги ценат вашите заложби како европски парламентарец кога е во прашање решавањето на проблемот со името со Грција. Како мислите да се спротивставите на практиката на ставање вето која очигледно стана заразна?
Постојат само два начина за спротивставување на правото на вето. Едниот е да се измени уставот во тој дел. т.е. да се укине ветото, а вториот е преку честото истакнување на тој проблем да се создаде јавно мислење и притисок врз оние кои се закануваат или го користат ветото. Јас во текот на целиот пет годишен мандат всушност работев на создавање на тој притисок и јавно мислење против користење на ветото за решавање на билатералните конфликти. Вие не сте единствена земја со таков проблем. Имавме слични проблеми и меѓу Хрватска и Словенија, а постојат билатерални конфликти и меѓу некои други потенцијални земји-членки. Јас успеав во документите кои Европскиот парламент ги усвои да внесам и сочувам текст во кој се наведува дека билатералните спорови не смеат да се употребуваат за да го сопрат патот не некои земји кон европската интеграција. Останува да се истрае не таквата формулација и таа да ја добие поддршката во Европскиот парламент.
Мојата желба е на крајот на вашиот втор мандат во Европскиот парламент на плоштадот во Скопје заедно да го прославиме влезот на Македонија во Европската Унија. Мислите ли дека тоа е остварливо?
Убава желба. Но јас прво треба да го изработам својот дел од работата, а вие да го извршите остатокот од вашата работа и да ги исполните условите за влез. Во тој случај мислам дека тоа е остварливо.