Црковни лица лекуваат зависници со ќотек

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Штитеници во Духовно рехабилитационен центар на Српската православна црква како дел од „лекувањето“ се изложени на претепување со лопати, тупаници и клоци.
Ова го пишува белградскиот неделник „Време“, на чиј интернет сајт www.vreme.com може да се види видео снимка од претепувањето штитеници во Центарот „Црна Река“, чиј управител е протерејот Бранислав Перановиќ.
Во овој случај се наметнува прашањето дали медицината, психијатријата и законодавството имаат каква и да е смисла, ако лекови на штитениците им препишува протереј, кој студирал земјоделство, „медицинските сестри“ се овластени за претепување, а чувари се питбул териери и добермани, наведува „Време“.
Неделникот цитира еден од штитениците кој ја минал „рехабилитацијата“ во Центарот, што се наоѓа во близина на Нови Пазар.
„Во дворот на Центарот зависниците поредени во круг се принудени да гледаат како го тепаат непослушниот. Го тепаат со лопати, тупаници, метални прачки, ремени, со што ќе стигнат“, тврди поранешен штитеник во Духовно рехабилитациониот центар.
Од разговорите со познавачи на состојбите внатре во црквата, како и институции и црковни лица на служба во и околу Нови Пазар, може да се заклучи дека Центарот имал сосема поинаква намена. Центарот го благословил и владиката Артемије, но кренал раце, кога видел дека работите излегле од контрола“, пишува неделникот „Време“.


A1
 
како беше таа Ќотекот е од рајот :)
и лечи се :toe: :pos2:
 
ха ха по делата ќе ги познаете, Христос не го слушаат.
еден наркоман на а1 тв на една емисија за наркоманија рече :„еве некоја женска да ми рече ќе бидам твоја до смрт, ќе престанам одма, ќе се затворам и стварно ќе престанам, но нема таква, ќе иде некое време ќе си игра со мене и после извини много ми е жао“. значи они не се сакаат себе доволно.
А за ова, срамота како не им е жал па они се доволно казнети што се зависници, што не можат да се ослободат од лошите навики, треба да се работи на пошироко, еве на пример во СФРЈ наркомани можеше на прсти да се избројат, а сега пошто се враќа верата, затоа има све од криминал, силување, убиства до наркоманија. Убав пример како се враќа верата во општеството и јавниот живот, нема што.
 
ако те удри во едниот образ сврти го другиотнкаде е МИКИ1!!!!!!!
 
овој шо јадеше ќотек 100% е излечен, ако не пак ќе јаде...и пак...и пак...:tapp:
 
Значи у оваа српска црква или што и да е тоа . што све нема да видиш од педофили до ултимејт фајтери :nesvest:
 
Ќотекот е дар од рајот
 
^ но комент
не треба ќотек треба терапија
 
Само ќотек е лекот евентуално бесилка, друго лек нема колку и да е примитивно.
 
Не е до Србите, до Религијата е.:(
 
Бар не ставаат рака на дете под тркало.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom