Таен собир на кројачите на светот

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.189
Поени од реакции
1.359
Таен собир на кројачите на светот

Атинскиот весник "Катимерини" најави пристигнување на околу 130 влијателни светски личности, кои одамна се сметаат за кројачи на судбината на целиот свет

4C02D275CCF7114F96FB6C78CD2735C7.jpg
Редовниот годишен собир на политичко-економската елита на светот ќе се одржи во атинското луксузно предградие Вуљагмени, каде веќе на сила стапија вонредни мерки за безбедност, објавија некои грчки весници, истакнувајќи дека овој собир како и сите претходни на Билдерберг клубот, се одликува со тајност на учесниците и темите за кои ќе се разговара во следните три дена. Атинскиот весник "Катимерини" најави пристигнување на околу 130 влијателни светски личности меѓу кои има политичари, крунисани глави, моќници од воениот, индустрискиот и банкарскиот сектор, први луѓе на нафтени компании - значи тие кои неофицијално, одамна се сметаат за кројачи на судбината на целиот свет. Во светските медиуми, кои секогаш со голем интерес ги следат состаноците на "билдерберговците", пристигна најава дека темата на собирот оваа година, кој ќе се одржи во хотелот со пет ѕвезди "Нафсика астир палас", ќе биде економската криза, пренесува МИА. Печатот во Атина наведува дека заедно со угледните светски лица, овој пат ќе бидат и грчкиот премиер Констанин Караманлис, шефицата на дипломатијата Дора Бакојани и лидерот на опозиционата ПАСОК, Јоргос Папандреу. Малку порано, под превезот на дискрецијата, за собирот кој почна вчера и ќе заврши в сабота, "се слушна" дека во Вуљагмени ќе пристигнат и шпанската и холандската кралица, Софија и Беатрис, едни од најпознатите жени во светот. Се смета и на присуството на ветеранот на американската дипломатија Хенри Кисинџер, кој припаѓа на т.н. основно јадро на "Билдерберговците", турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу,генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, некои луѓе од Рокфелеровата богаташка империја... Фактот дека на собирот на Билдерберг групата биле повикани и Бил Клинтон, Тони Блер, Ричард Холбрук, Кондолиза Рајс, Јошка Фишер, првите луѓе на најголемите светски банки и корпорации, упатува на заклучокот дека таа е моќен генератор на глобалните движења, пред се, политичките и економските.

4A431DA7DFE5C94DA9066E29B54CD360.jpg
Теории на заговор?

Билдерберг групата битно влијае на движењето на меѓународните настани уште од 1954 година, кога по иницијатива на холандскиот принц Бернар, групата била основана во холандскиот хотел "Билдерберг", според кое го добила и своето име. На тој прв состанок на светските моќници главна тема била создавањето на денешната Европска унија, како блок на спротивставување на Советскиот Сојуз. Многумина денес тврдат дека и сите европски институции подоцна се осмислувани на состаноците на "билдерберговците", а им се припишува и дека биле "кумови" на нападите врз Србија, прогласувањето на независноста на Косово и изборот на Барак Обама за претседател на САД. Иако ваквите тврдења може да се вклучат во доменот на теориите на заговор, никој не негира дека "билдерберговците" се моќни луѓе, на кои тајноста и редовноста на собирите сигурно им го зголемува рејтингот.

Тајни состаноци
За медиумите од целиот свет посебно е интересен фактот дека "билдерберговците" секогаш инсистираат нивните состаноци да бидат зад строго затворени врати и без никакво соопштение. Многу новинари со години се обидувале да допрат до таа нивна таинственост, но без резултати. Така ќе биде и во Вуљагмениа. Ако постои сомневање дека нивните дискусии може да бидат обелоденети, учесниците во последен момент може да се одведат на некоја друга локација, нешто што се случувало во минатото. Минатата година, Билдерберг групата се состана во Истанбул, а се што се дозна за нејзината работа е дека состанокот поминал добро сокриен од очите и ушите на јавноста.
 
Kuznajt zad vratite sto se kroji..
 
Уште еден доказ че евреи го управлjaват света
 
Нели трилатералната комисија е појака,кој спроведува пракса-зошто ова е отворен,а таен состанок-Т.Е ви даваат на знаење дека имаат состанок,можеби зборуваат бза инвестиции,за развој,не за кроење мапи...или нели беа масоните....
Банкарите...кој е сеа:vozbud:

И јас знам дека мо0јот комшија ловџија имаше таен собир со колегите-очигледно збореле за лов...

Така да економисти за што ќе шлапаат-а често и интересите им се контра,бидејќи се од различни економски сектори ПР,нафташи версус Металци:vozbud:

Уште еден доказ че евреи го управлjaват света

Јок....нема таква сила која го управува светот во смисол на кој што мислиш....туку има сила само да насочи....еврејскиот заговор е булшит теорија исто како о0наа за банкарите,па за месечината,за фармацевтските компании....

Комерцијала:toe:
 
Нели трилатералната комисија е појака,кој спроведува пракса-зошто ова е отворен,а таен состанок-Т.Е ви даваат на знаење дека имаат состанок,можеби зборуваат бза инвестиции,за развој,не за кроење мапи...или нели беа масоните....
Банкарите...кој е сеа:vozbud:

И јас знам дека мо0јот комшија ловџија имаше таен собир со колегите-очигледно збореле за лов...

Така да економисти за што ќе шлапаат-а често и интересите им се контра,бидејќи се од различни економски сектори ПР,нафташи версус Металци:vozbud:





Јок....нема таква сила која го управува светот во смисол на кој што мислиш....туку има сила само да насочи....еврејскиот заговор е булшит теорија исто како о0наа за банкарите,па за месечината,за фармацевтските компании....

Комерцијала:toe:



Ама тежок трол си ти.
 
A инаку што имаш да кажеш во врска со темава,освен тие два поста кои ги имаш а немаат ниту минимум врска со истата.

Кажи нешто???
 
Па доколку се знае за состанокот, што не ги дигнат во воздух додека тие кројат!
Така седнати на машините и си кројат , кројат, занесени во работата и баууууу :nesum:
:pos2::pos2::pos2:
 
A инаку што имаш да кажеш во врска со темава,освен тие два поста кои ги имаш а немаат ниту минимум врска со истата.

Кажи нешто???

Ништо, сакав да го тролувам тролот :)
 
Не ми е јасно само како го управуваат светот. Дали е со волан или со кормило или можеби џојстик и дали е автоматик или мануелно го управуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom