- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.189
- Поени од реакции
- 1.359
Таен собир на кројачите на светот
Атинскиот весник "Катимерини" најави пристигнување на околу 130 влијателни светски личности, кои одамна се сметаат за кројачи на судбината на целиот свет
Редовниот годишен собир на политичко-економската елита на светот ќе се одржи во атинското луксузно предградие Вуљагмени, каде веќе на сила стапија вонредни мерки за безбедност, објавија некои грчки весници, истакнувајќи дека овој собир како и сите претходни на Билдерберг клубот, се одликува со тајност на учесниците и темите за кои ќе се разговара во следните три дена. Атинскиот весник "Катимерини" најави пристигнување на околу 130 влијателни светски личности меѓу кои има политичари, крунисани глави, моќници од воениот, индустрискиот и банкарскиот сектор, први луѓе на нафтени компании - значи тие кои неофицијално, одамна се сметаат за кројачи на судбината на целиот свет. Во светските медиуми, кои секогаш со голем интерес ги следат состаноците на "билдерберговците", пристигна најава дека темата на собирот оваа година, кој ќе се одржи во хотелот со пет ѕвезди "Нафсика астир палас", ќе биде економската криза, пренесува МИА. Печатот во Атина наведува дека заедно со угледните светски лица, овој пат ќе бидат и грчкиот премиер Констанин Караманлис, шефицата на дипломатијата Дора Бакојани и лидерот на опозиционата ПАСОК, Јоргос Папандреу. Малку порано, под превезот на дискрецијата, за собирот кој почна вчера и ќе заврши в сабота, "се слушна" дека во Вуљагмени ќе пристигнат и шпанската и холандската кралица, Софија и Беатрис, едни од најпознатите жени во светот. Се смета и на присуството на ветеранот на американската дипломатија Хенри Кисинџер, кој припаѓа на т.н. основно јадро на "Билдерберговците", турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу,генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, некои луѓе од Рокфелеровата богаташка империја... Фактот дека на собирот на Билдерберг групата биле повикани и Бил Клинтон, Тони Блер, Ричард Холбрук, Кондолиза Рајс, Јошка Фишер, првите луѓе на најголемите светски банки и корпорации, упатува на заклучокот дека таа е моќен генератор на глобалните движења, пред се, политичките и економските.
Теории на заговор?
Билдерберг групата битно влијае на движењето на меѓународните настани уште од 1954 година, кога по иницијатива на холандскиот принц Бернар, групата била основана во холандскиот хотел "Билдерберг", според кое го добила и своето име. На тој прв состанок на светските моќници главна тема била создавањето на денешната Европска унија, како блок на спротивставување на Советскиот Сојуз. Многумина денес тврдат дека и сите европски институции подоцна се осмислувани на состаноците на "билдерберговците", а им се припишува и дека биле "кумови" на нападите врз Србија, прогласувањето на независноста на Косово и изборот на Барак Обама за претседател на САД. Иако ваквите тврдења може да се вклучат во доменот на теориите на заговор, никој не негира дека "билдерберговците" се моќни луѓе, на кои тајноста и редовноста на собирите сигурно им го зголемува рејтингот.
Тајни состаноци
За медиумите од целиот свет посебно е интересен фактот дека "билдерберговците" секогаш инсистираат нивните состаноци да бидат зад строго затворени врати и без никакво соопштение. Многу новинари со години се обидувале да допрат до таа нивна таинственост, но без резултати. Така ќе биде и во Вуљагмениа. Ако постои сомневање дека нивните дискусии може да бидат обелоденети, учесниците во последен момент може да се одведат на некоја друга локација, нешто што се случувало во минатото. Минатата година, Билдерберг групата се состана во Истанбул, а се што се дозна за нејзината работа е дека состанокот поминал добро сокриен од очите и ушите на јавноста.