ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
12.05.2009 12:47
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Ѓорге Иванов, со потпишувањето на свечената изјава дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води државата, попладнево и формално ја презеде должноста претседател на Република Македонија.
Иванов и во првото обраќање пред пратениците и присутните гости на неговата инаугурација во Собранието вети дека ќе даде се од себе и ќе го вложи целиот свој капацитет и кредибилитет за добросостојбата на држава и граѓаните.
„Функцијата Претседател на Република Македонија за мене е пред се должност. Должност, која ја презедов пред граѓаните на Македонија. Свечена заклетва пред мојот народ, дека ќе дадам се од себе, ќе го вложам целиот свој капацитет и кредибилитет за добросостојбата на нашата држава и нејзините граѓани“, рече претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
„Ќе поттикнувам и ќе ги поддржувам сите политички лидери, но и сите независни интелектуалци како и сите граѓани“, истакна Иванов пред присутните делегации во салата во Собранието, во говорот кој го заврши со зборовите: „Да живее Македонија!“.
„Не занемерувајќи ги односите со сите наши соседи, би сакал да нагласам дека особено внимание ќе посветам на односите со Република Грција со која отсекогаш сме биле и ќе бидеме соседи. Ќе сторам се односите меѓу двете земји да се развиваат во духот на добрососедството и заемната доверба. Несомнено е дека споделуваме заеднички европски вредности, го сонуваме истиот европски сон, го разбираме Балканот како колевка на европската култура“, рече претседателот во својот инаугуративен говор.
„Уште повеќе, длабоко сум убеден дека дел од прашањата што ги обременуваат односите помеѓу двете соседни држави, а особено културата и традициите, имаат капацитет да бидат мост на соработка и промотор на нов циклус на просперитет во регионот“, истакна Иванов.
Во првото обраќање вети дека ќе даде се од себе за добросостојбата на држава и граѓаните
„Наспроти сите напори на нашата надворешна политика, мора да знаеме дека почитта во странство најлесно се печали дома. Ниту европската иднина, ниту регионалната соработка не можеме да ги оствариме ако не инвестираме во капацитетите, институциите и во потенцијалите на нашата држава“ е само дел од неколку минутниот говор на претседателот.
Новиот претседател на Република Македонија на доаѓање во Собранието беше пречекан од досегашниот шеф на државата Бранко Црвенковски и гардисти на АРМ.
Официјалната церемонија ја следат и неколкумина странски државници, меѓу кои и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со кои по инаугурацијата новиот макеоднски претседател ќе има билатерални средби.
На чинот на инаугурација присуствуваат и премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници...
По свечената седница ќе има коктел во Кристалната сала, по што ќе следува и „претседателското кафе“ на новиот претседател Иванов и досегашниот Црвенковски.
Ѓорѓе Иванов ќе биде четврти претседател на Република Македонија. За разлика од неговите претходници Киро Глигоров, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, петгодишниот мандат ќе го почне во новите работни простории што се наоѓаат во вилата „Анекс“ на Водно.
izvor a1
со среќа нека е, нека секогаш те води интересот на македонскиот народ во работата која ќе ја извршуваш.