Абе шо бидна со млекарите?

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Абе шо бидна со млекарите????... или сега спомениците се поважни???

Дај не зезајте,до пред еден месец Велија ни ги пушташе млекарите на ТВ на секои 5 мин....а сега па друг филм прави со спомениците....

Многу ова телевизииве ми делуваат аматерски во начинот на заземање на "незвисна страна" во случаите како со млекото и спомениците, или пак се лажам??
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
a1 veke ocigledno stanuva antivladino mediumsko zujalo..imeno pred nekoj den zabelezav deka na presot na sdsm kade zaev objavi deka sdsm im 11 merki za ublazuvanje na ekonomskata kriza, na istiot pres zaev izjavuva deka albancite nemale trpenie poveke vo drzavava a1 toa ne go ni spomnuva.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не е медиум за секој сељак!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Остајте го Велија, кажете стварно шо се деси со млекариве, умреа или земаа некој динар?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе за умирање не умреа, ама изгледа Шведската млекарница ке ја пратат во стечај, веќе постапката во суд е започната...

А за секој сељак не е медиум, бидејки трубат трубат трубат едно те исто млекарите млекарите дрн дрн... и наеднаш се завртеа кон спомениците, па млекарите кој ги е**... А муабетов не е само за Велија, тука се сите приватни телевизии.
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Не земаа ништо. Сега е поведена стечајна постапка. И од имотот на фабриката ќе земат сите а за обичните луѓе-шипак.

Според нашите закони од стечајната маса прво земаат правните субјекти, а работниците и млекопроизводителите кој ги е.е.

Нема ова да е прв таков случај. Сите досегашни приватизации завршуваа вака. Како и да е тие луѓе нема да ги добијат парите, се надевам дека владата ќе интервенира со некои социјални мерки.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ми видете утрински што пишува...

Ни црквите веќе не градат цркви во Европа

Верска ренесанса има само во Хрватска, па во Загреб од 1991 година биле изградени 33 нови цркви, додека привилегиите што ги добија свештениците се сметаат за најголеми во Европа
Најмногу цркви се градат во Хрватска, а во Белгија ниту една по Втората светска војна
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Одлуката на македонската Влада да гради црква со буџетски пари нема пандан во европската практика, освен ако како пример не се земе Белорусија или, пак, фактот дека некои европски граѓани плаќаат данок за припадност на верата што може да се користи за се', па и за ваква намена.

Мал поглед во статусот на црквите во европските држави покажува дека односите со нив се стриктно регулирани со прецизни договори, па се знае какво е нивното место и до каде можат да одат, кои им се привилегиите, кои им се обврските, како се финансираат, дали плаќаат даноци и треба ли да има верска настава и каква.

Притоа, најкуриозитетно за нашата дилема е дека во Белгија не е изградена црква од Втората светска војна наваму, а една од нив во Брисел е претворена во хотел, бидејќи бројот на верниците драстично опаѓа, па сега само 4 отсто од Белгијците одат на саботната миса. Во Шпанија, каде што црквата прима финансиска помош од државата и постои данок врз доброволна основа што оди на нејзина сметка, сепак, би било скандал од прв ранг ако државата финансира изградба на верски објект. Во Германија црквата повеќе е добротворна корпорација и социјална институција, иако тоа е само начин да се добијат средства од државата и да се држат верниците.

Верска ренесанса има само во Хрватска, па во Загреб од 1991 година биле изградени 33 нови цркви, додека привилегиите што ги добија свештениците се сметаат за најголеми во Европа. И во Белорусија, инаку доминантно православна, во која за црквата има место насекаде, па дури и преку организирање молитви на границата, во согласност со идејата на претседателот Александар Лукашенко дека комунизмот треба да се замени со религијата како нова идеологија, а свештениците имаат имунитет од гонење.
Заедничко за сите нив е дека црковните прашања отворале и се' уште отвораат тешки дебати во општествата и дека без оглед на статусот на останатите религии, само во четири од европските земји доминантната верска заедница се идентификува со државата (Финска, Норвешка, Австрија и Ирска), додека во две земји тие не се признаваат воопшто и целосно се сепарирани од неа (Франција и Турција).

Најблиску до случувањата во Македонија, сепак, не е Европа, туку САД, но не сега, туку во времето на претседателот Џорџ Буш, чија намера да финансира верски објекти во кои ќе се вршат црковни услуги беше спречена од Врховниот суд поради ставот дека никој не може да осигура дека таму нема да се одвиваат и верски активности. Иако во Европа САД се сметаат за најрелигиозна западна држава, првиот амандман на Уставот воспоставува ѕид меѓу црквата и државата што не успеа да го прескокне ни Буш.

Белгија, како држава што често се проектира како пример за Македонија поради комплексната внатрешна структура и административна организација, во најголема мера ги има „европеизирано“ Католичката црква и другите четири официјализирани религии во земјата. Овде свештениците се нарекуваат советници во секуларните организации, а црковните собранија се избираат на демократски избори и притоа се подложни на исти законски одредби како и јавните службеници, но и примаат плата од државата. Белгија се нарекува себеси секуларна држава, но, сепак, покрај во јавните, во општинските и во приватните училишта се изведува религиска настава или историја на религијата како втора опција, што е задолжителна, а професорите ги избира и ги плаќа државата без исклучок. Молитвите и верските обреди не се дел од наставата, но учениците се канат на доброволна основа да учествуваат во нив во сабота.

Дека црквата го губи влијанието во Белгија се гледа и од фактот дека таа е една од четирите европски држави, со Шпанија, Велика Британија и Холандија, каде што се легализирани браковите на хомосексуалците. Но, бидејќи одиграла крупна улога во зачувувањето на двојазичната екстремно поларизирана држава, кралот морал една недела да биде прогласен за неспособен да ја врши функцијата за владата да го потпише законот за абортус без него, бидејќи тој не сакал да стои зад таа антицрковна одлука.

Шпанија, која е во истиот секуларен табор како и Белгија, обезбедува можност за верска настава или историја на религиите како алтернатива, но тоа не е обврзувачко, туку само со согласност на родителите. Наставниците се именуваат од академски авторитет по предлог на Католичката црква, а нив ги плаќа исто така државата, и тоа важи за четирите официјално признати конфесии. Секој граѓанин самиот решава дали ќе плати еден отсто данок за црквата или за невладини и добротворни организации.

Франција, која со Уставот е силно секуларна држава, не дозволува мешање на верата во која било форма, иако остава простор за верска слобода. Претседателот Никола Саркози ги вознемири јавните кругови со намерата да воведе т.н. позитивен секуларизам, односно да финансира верски активности и да ја спречи со тоа муслиманската инфилтрација однадвор и претворањето на гетата во „духовни пустини“ каде што царуваат дрога, неморал и насилство.

Според францускиот Устав, државата не смее да финансира никаква верска активност или објект, а строго е забрането и користењето верски симболи, што беше повод за многу драми поради носењето шамии во училиштата. За верска настава во Франција не може ни да стане збор, но последните години се подигаат крстови на планински врвови, иако со Уставот и тоа не е дозволено. Сепак, во делови од Франција кои некогаш биле дел од германска територија владеат други, германски правила, па свештениците таму примаат плати до 4.500 евра од администрацијата, а на Пиринеите биле организирани и свештенички верски обреди со авиокомпанија на Ватикан, бидејќи им била поблиску до господ.

Финска, пак, е сосем спротивен пример на држава што се идентификува како доминантно лутеранска и каде што свештениците имаат специјална улога во државни церемонии и во училиштата, а половина од Финците се молат барем еднаш месечно. Сепак, и тука се гарантира слобода на верска припадност или не и таа се потврдува со потпишување документ. Верската настава е задолжителна за определените и доброволна за другите, а се дозволени и посветувања на првачињата и пеење црковни празнични химни пред Божик.

Затоа, пак, има огромна флексибилност во регистрацијата на религиските заедници, кои овде можат да се пријават како асоцијации, организации и слично, при што сите се финансираат со црковна членарина од околу еден отсто од приходите на секој верник и со дел од корпоративната такса, за да им се покријат трошоците за одржување на гробиштата, раководењето детски и старински клубови и слични надлежности.

Во Австрија сите граѓани од католичката религија треба да плаќаат црковна членарина, но, сепак, наставниците по верска настава во јавните училишта ги плаќа државата. Само 8 отсто од Австријците немаат верска определба, но тој број постојано се зголемува, меѓу другото, и за да се избегне плаќањето на црковната такса.

Во Норвешка тамошната доминантна баптистичка црква е државна и во неа „членуваат“ 83 отсто од граѓаните. Верската настава се изведува во јавните училишта од второ одделение, а до пред неколку години религиските биле единствени приватни средни училишта. Заедно со Ирска ова се најверски настроените држави во Европа, а меѓу нив не е Полска, иако нејзините граѓани се меѓу верски најпосветените во ЕУ. Дури 72 отсто од Полјаците поддржуваат верско образование во јавните училишта, а алтернативни часови по етика се обезбедени само во еден отсто од нив.

Најблиску, пак, до пазарната економија, се чини, се германската католичка и протестантска црква, како две доминантни религии во земјата. Двете цркви имаат свои добротворни корпорации (едната е „Каритас“), кои имаат повеќе вработени од автомобилската индустрија во земјата, па поседуваат и банки за да работат со средствата. Тие имаат сериозна улога во државата, но не верска или политичка, туку пред се' социјална, бидејќи поседуваат и управуваат со установи за хендикепирани, со домови за старци, градинки, болници и други центри за разни намени. Државата го гарантира собирањето на верските даноци, а оние што нема да ги платат, одговараат за даночно затајување, па откажувањето е правна процедура и се плаќа административна такса.

Во оваа земја доволно е да си крстен во црква, па да се сметаш за член на верската заедница, но кога деца што следат врска настава се изјаснуваат дека не веруваат во тоа што им се предава, Црквата ги исклучува. Имањето или не верска настава е различно од покраина до покраина, но таму каде што ја има е задолжителна и баш верска, иако има историја на религиите како дополнителна опција. Неодамна во Берлин на референдум беше одбиена идејата во училиштата, наместо етика, да се одвива верска поука. Наставниците во јавните и во приватните училишта ги плаќа државата, а тоа важи и за другите признати религии. Се смета дека црквата во Келн е најбогата на планетата во однос на имотот што го поседува, но надвор од наставничките и социјалните активности, за другите цели верските заедници сами обезбедуваат средства.

Германските процени се дека двете водечки заедници трошат над 40 милијарди евра годишно за овие активности, а самите обезбедуваат само 2 отсто од нив, додека другите средства доаѓаат од буџетот. Куриозитет е дека неколкуте милиони вработени од црквите се надвор од германските работни закони, но, сепак, еднаш организирале штрајк, иако тоа од црковните власти било оценето како неприфатливо за господ. Куриозитет, исто така, е дека германското Министерство за надворешни работи ги именува кардиналите, иако Германија се утврдува како секуларна држава. Црквите имаат дури 15 договори со државните власти со кои им се утврдува статусот, а генерално Уставот им гарантира автономија место поделба од државата.

Каков е пак статусот на црквите во земјите во транзиција од Источна Европа? Чешка е единствената централноевропска земја која се' уште не сака да потпише договор за тоа поради минималниот број луѓе (околу 10 отсто) кои се определуваат како верници, па Католичката црква активно учествува на политичката сцена за да добие поддршка. Во Романија, која патем е православна, црквата е сосема синхронизирана со имиџот на државата. Иако екскомунистичка и со сегашниот Устав секуларна држава, тамошната доминантна православна црква има силна позиција која дополнително ја засилува со кокетирање со високата политика, како традиција од комунизмот кога се случувало да се одржуваат молитви за некои функционери. Иако се проценува дека располага со огромно богатство, дозволени и' се некои ситни бизниси и неплаќање даноци, а платите на свештениците се покриваат од буџетски пари. Верската настава се изведува во јавните училишта и иако има опција морал, во практиката не е секаде така.
Патетика се сите невидена. Незнам што да кажам, кој може да резонира така ич не ми е јасно. Се споредуваат, неспоредливи работи и се прават компарации помеѓу две тотално различни нешта... навистина глупава статија!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Епа ако е така, еве им шанса на млекарите да го облеат образот, да покажат дека не се сдсовски полтрони. Владата е се`уште на истото место. :helou: а тие претпоставувам се се`уште гладни.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Ми видете утрински што пишува...



Патетика се сите невидена. Незнам што да кажам, кој може да резонира така ич не ми е јасно. Се споредуваат, неспоредливи работи и се прават компарации помеѓу две тотално различни нешта... навистина глупава статија!

Прееска баш го прочитав истово и слатко се изнасмеав. Не сме свесни самите а и оние кои треба да ни сервираат информации преку ТВ и печатени медиуми колку далеку можат да отидат со споредбите.


По темава:

Зар сеуште има млекари во Македонија?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ајде кај е сеа екипата на Јован...и на Геховски да поплукаат малку и за млекарите што останаа на цедило???...ебати независните ебати,кај дувне ветрето* таму

*газда Б.Ц:vozbud:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ајде кај е сеа екипата на Јован...и на Геховски да поплукаат малку и за млекарите што останаа на цедило???...ебати независните ебати,кај дувне ветрето* таму

*газда Б.Ц:vozbud:
А Јован е на платен список на Бранко Црвенковски? Имаш докази за тоа, или едноставно си доволно компетенетен и моќен ти сам да одлучиш кој на која струја, политичка партија и идеологија припаѓа?

Да му се јавам ако нема земено книшка да аплицира побрзо за да не те резили пред јавноста? :tapp:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
А Јован е на платен список на Бранко Црвенковски? Имаш докази за тоа, или едноставно си доволно компетенетен и моќен ти сам да одлучиш кој на која струја, политичка партија и идеологија припаѓа?

Да му се јавам ако нема земено книшка да аплицира побрзо за да не те резили пред јавноста? :tapp:
Ххахах...човек бе,не сме деца па да се лажеме...

Се знае Геро под чија директива работи...така да се што е под ингеренција на Геро не треба да се објаснува колку им е дозволено да бидат "независни"!!!

И дај да не се лажеме,и пилето у гората знае за која цел е основана МИМ....де бе човек на луѓето со такви стипендии вера им наметнуваат со тек на време...а не па на децава да им наметнат "независен став"!!!:kesa:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ххахах...човек бе,не сме деца па да се лажеме...

Се знае Геро под чија директива работи...така да се што е под ингеренција на Геро не треба да се објаснува колку им е дозволено да бидат "независни"!!!

И дај да не се лажеме,и пилето у гората знае за која цел е основана МИМ....де бе човек на луѓето со такви стипендии вера им наметнуваат со тек на време...а не па на децава да им наметнат "независен став"!!!:kesa:
:pos: Значи Геро е шеф сале на “опозицинерското новинарство“. Тогаш ако има црно мора да има и бело. Па по таа математика, топло ти препорачувам на официјалниот веб сајт, да му напишеш на Ѓорѓе Иванов дека е полтрон на Груевски, а на оној младиот вмровски пратеник со репчето во лице на утакмица на Вардар на стадион да му отидеш и да му кажеш дека додека он му лиже на Протугер а овој му лиже на Груевски, ти неговата работа би ја работел двојно почесно, зашто овој е само партиски активист шо некад лепел плакати.

Коа си на Градски веќе, влези кај Латас, и прашај го да ти покаже лист кај што е он на платен список на ВМРО за да пропагира “независно новинарство“ и на крај сите документи однеси ги кај Велија, и прашај го за кого веќе работи, пошто не можеме да оцениме низ годиниве, и дали ќе ти ги објави.

Иначе, пошто гледам дека анализи ти одат фантастично, ја учев за молер кај Мајстор Митко у Козле... и сеа си го работам занаетот. Кажи ми те молам, пошто мајсторов ми умре пред некоја година, ја треба да ги фарбам плави или црвени ѕидовиве, зашто газда Митке не ми кажа за кого бил... :helou:
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Абе се знае за А1, ГЕро и компанија дека се антивладини. Последниве 2 недели на А1 секој ден топ тема се споменициве млекарите нормално де-моде се сега. За Латас знам дека е провладин меѓутоа ако го гледавте кај миленко на емисија многу добро ги објасна медиумиве и новинарите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom