^^^Ете сега пак телефонот се расипа. Причините поради кои еден човек е геј, а друг професор по англиски или француски, трет стилист, поет, писател, сликар, философ, готвач, дизајнер... се исти: дефицит на тестостерон во центарот за привлекување, јазици, естетика, изразување...
--- надополнето ---
И тоа, плус и
ова.
Сенаторот од американската сојузна држава Калифорнија Рој Ешбурн, кој е познат по хомофобското дејствување во својата кариера и острата борба против правата на хомосексуалците, откако бил уапсен пијан признал дека всушност и самиот е геј.
Конзервативниот републиканец на 3-ти минатата недела бил уапсен, бидејќи возел под дејство на алкохол. Отогаш во јавноста проструила информација дека сенаторот се враќал од ноќен клуб што го посетувале хомосексуалци.
“Јас сум хомосексуалец… Тоа се зборовите што за мене долго време беа тешки. Но кога го прекршив законот и бев закана по нечиј живот, тоа веќе прави разлика и им должам објаснување на луѓето,“ изјавил сенаторот.
Медиумите следниот ден објавиле дека сенаторот од геј клубот Faces заминал со непознат маж во својот државен автомобил.
Политичарот кој има 55 години и е татко на четири деца рекол дека до приведувањето успешно го одвојувал приватниот од професионалниот живот. Посочил дека иако е хомосексуалец, тоа не му влијаело во извршувањето на неговата работа. За 14 години колку што има сенаторски стаж Ешбурн неколку пати гласал против мерките насочени кон правата на хомосексуалците.