Протест на Плоштад Слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Протест за право на протест (сабота, 12 часот, плоштад Македонија)

Над триесет невладини организации в сабота напладне организираат протест на плоштад Македонија за заштита на правото на протест и слободно изразување на мислењата и ставовите. Тие велат дека на протестот, кој ќе трае еден час, очекуваат над 500 луѓе, и оти овој протест е реакција на случувањата од пред две недели, кога протестот на студентите од Архитектонски факултет против изградба на црква на плоштад Македонија буквално беше физички задушен од група која имаше спротивен став.

"Ова не е протест само против насилството туку протест за заштита на едно од нашите основни демократски права, а тоа е правото на слободно изразување на сопствените ставови и мислења - правото на протест. По завршување на протестот во поворка ќе се упатиме кон Градскиот парк каде што на школката повеќе скопски бендови ќе одржат бесплатен концерт", велат организаторите на протестот.

На концертот за заштита на правото на протест, кој ќе трае од 13 до 18 часот во Градски парк, ќе настапат бендовите: "ПМГ колектив", "Миллко", "Канон", "Греам Јанг", "Фајтинг виндмилс" и "Д Џон".

Покана за учество на протест организаторите ги пуштаат преку Интернет страницата за дружење Фејсбук, и досега се поканети над 1.500 луѓе.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека група граѓани завчера пријавиле оти планираат в сабота да одржат едночасовен протест на плоштадот Македонија и концерт во Градски парк.

вест

=======================================================
Сценарио за реализација на
ПРОТЕСТЕН СОБИР, ПОВОРКА И КОНЦЕРТ
ПЛОШТАД СЛОБОДА
сабота, 11 април 2009
Локација: Градски плоштад,
Градски парк – Школка, Скопје
Датум: 11.04.2009
Време: 12.00

РЕДОСЛЕД 11 АПРИЛ 2009 ГОДИНА

ОТВАРАЊЕ НА СОБИРОТ

11:30
Јадрото на активистите пристигнува на плоштадот 30 мин пред почетокот на протестот. Организаторот (логистичарите) им делат хамери и ги координираат за оформувањето на квадратот на парцелата 1.5. При координацијата, на некои од нив им се доделуваат улоги на редари и им се даваат редарски обележја за понатамошниот дел од настанот (поворката, концертот).

ПОЧЕТОК НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ

12:15
Протестот започнува со скандирање на претходно утврдени слогани. Еден од организаторите со мегафон во рака ги започнува паролите, а останатите го следат. 4-ца редари помагаат да се направи квадратот околу парцелата. Организаторот со мегафонот, заедно со група барабанџии влегуваат во празната средина опколени од активистите, и од средината започнуваат со нови слогани.
ИЗЈАВИ ОД ПОЗНАТИ ВО ПОДДРШКА НА ПРОТЕСТОТ

12:30
Одговорниот за односи со медиумите ги собира настрана и им ги презентира познатите поддржувачи на протестот (уметници, професори, музичари, медиумски работници). Еден по еден, даваат кратки изјави со причините зошто го поддржуваат протестот. Изјавите по можност се претходно договорени со организаторот.
Додека се даваат изјавите, редарите и мегафонистот ја организираат поворката. Се поставува првиот ред, се поставуваат луѓето кои ќе го носат платното и се чека знак од одговорниот за медиумите дека изјавите се завршени. На знак на мегафонистот, поворката тргнува кон градскиот парк.

СТАРТ НА ПОВОРКАТА

12:45
Од градскиот полоштад, поворката се движи по следнава рута: Плоштад Македонија – Улица Македонија – Рекорд - Палома Бјанка - Мост Гоце Делчев – Влада на РМ - ул. Илинденска – ФОнтана Лотосов Цвет – Градски Парк – Школка.

ГРАДСКИ ПАРК ПРОГРАМА
ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПОВОРКАТА ВО ПАРКОТ

13:15
Луѓето од поворката доаѓаат до Школка и го закачуваат платното со пораката на задниот дел од бината. Додека првиот бенд се мести за свирење, организаторите даваат изјава и одговараат на прашања на новинарите
ПОЧЕТОК НА ЗАБАВНАТА ПРОГРАМА

13:30
Првиот водител им посакува добредојде на присутните.

неофицијален извор (блог)

=======================================================
Јас ќе бидам таму.

Еве една песничка/поема за оние кои се двоумат и оние кои ова не ги засега.

01471o72.jpg


Кога нацистите дојдоа по комунистите,
Јас си молчев;
Јас не бев комунист.

Потоа ги затворија социјал-демократите,
Јас си молчев;
Јас не бев социјал-демократ.

Тогаш дојдоа по синдикалците,
Јас не кажав ништо;
Јас не бев синдикалец.

Па дојдоа и по Евреите,
Јас не кажав ништо;
Јас не бев Евреин.

Кога дојдоа по мене,
веќе немаше кој да каже нешто за мене.​


автор - германскиот теолог Мартин Нимелер​
 
Монти Пајтон стајл а... после ова... оди протест за саботниот протест за правото на протест за претходно одржаниот протест кој беше спречен од анти протест...
 
Ај пред да ја спојат, само да кажам дека музичкиот дел е ТоБ.
Се гледаме на тревата :)
 
Монти Пајтон стајл а... после ова... оди протест за саботниот протест за правото на протест за претходно одржаниот протест кој беше спречен од анти протест...

Ок, знаеме дека ВМРО-вците не ги подржуваат овие протести .. :)
 
Монти Пајтон стајл а... после ова... оди протест за саботниот протест за правото на протест за претходно одржаниот протест кој беше спречен од анти протест...
Не, после настаните од 28 пологично е да оди ова.
no_signal_2.jpg
 
Не поддржувам протест во кој се повикува со песничка дека оваа власт е фашистичка.
 
Не поддржувам протест во кој се повикува со песничка дека оваа власт е фашистичка.
Песничка која без разлика на времето во кое живеел и ја пишувал авторот, има поента, и тоа поента поврзана со некојси дел од македонската сегашност.

Ако некој не ја гледа поентата тоа е веќе негов проблем.
 
Песничка која без разлика на времето во кое живеел и ја пишувал авторот, има поента, и тоа поента поврзана со некојси дел од македонската сегашност.

Ако некој не ја гледа поентата тоа е веќе негов проблем.
Кажи ми ја поентата според тебе, јас гледам дека типот бил апатичен во врска со нацистите и се кае поради тоа. Во Македонија не владее нацистичка партија.
 
Нели е малце глупаво да ставаш песна на теолог!?
 
Кажи ми ја поентата според тебе, јас гледам дека типот бил апатичен во врска со нацистите и се кае поради тоа. Во Македонија не владее нацистичка партија.
Поента - ако молчиш и машки полов орган те боли за случувањата во општеството, ќе дојде ден кога и ти ќе ги бараш своите права.

Нема да ти биде убаво кога сите околу тебе ќе молчат и машки полов орган ќе ги боли.

Нема врска со нацизам песната, дај ми ненацистичка со ваква поента, ќе ја ставам и таа.
Нели е малце глупаво да ставаш песна на теолог!?
Горе ја има поентата.
Не е глупаво, ко прво бидејќи не е протестов против верски објект (не беше ни минатиот пат конкретно додуша), и ко второ бидејќи човекот кажал нешто паметно.
 


а ова во времето на сдсм беше демократија а ?
за сите оние шо биле деца иле не биле родени па коментираат глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom